Почеток

Значи малку закаснив, веќе почна новата фудбалска сезона и тоа одлично за Јуве. Седум натпревари досега и седум победи. Пет во Серија А со што сме на врвот уште на стартот на сезоната и две очекувани победи во Лигата на Шампионите со што пласманот понатаму скоро е обезбеден и најверојатно двата дуели со Баерн Минхен кои следуваат само ќе одлучат кој ќе биде на врвот на групата. Следува интересен викенд и првото големо дерби оваа сезона. Во недела во 20:30 на Деле Алпи (кој најверојатно за првпат оваа сезона ќе се наполни со повеќе од 50-60 илјади гледачи) ги пречекуваме Интер.

3 Comments:

Blogger Ико said...

Работат и коментариве....само да средам околу линкови и слични работи. Ако некој има предлози и идеи за блогот слободно нека пише.

Поздрав!

2:20 попл.  
Blogger Shepard said...

добро е ама треба шминкање!

11:23 попл.  
Blogger Ико said...

Нормално...

12:36 претпл.  

Објави коментар

<< Home