Лесно против Каљари, 10 бода предност!
Јувентус со рутинирана победа над Каљари (4-0) се задржа (нормално) на чело на табелата во Серија А, сега со 10 бодови предност пред Фиорентина и Интер и 11 бодови пред Милан.
Недвед ја отвори серијата голови откако топката се одби во неговите нозе по ударот на Трезеге. Самиот Трезеге подоцна стапи на сцена постигнувајќи 2 гола (по асистенциите на Муту и Недвед) а имаше шанси и за хет-трик, но неговиот удар кој се одби од еден од гостинските фудбалери беше заведен како авто-гол. Со овие 2 гола, Трезеге има 13 - само 3 помалку од Лука Тони од Фиорентина кој има 16 на врвот на листата на стрелците. Следниот викенд не очекува тешко гостување против Лацио и Горан Пандев на Олимпико во Рим.
Инфо плус: Интер конечно победи против Милан во градското дерби (3-2) што ни одговара. Горан Пандев постигна прекрасен гол за Лацио откако влезе на местото на Ди Канио - 4ти гол оваа сезона. Со голот на Пандев, Лацио израмни но сепак прими уште еден гол и загуби. Посакувам исто како и минатата сезона Пандев да даде гол за Лацио против Јувентус но Јуве да победи :)

5 Comments:
еј X2 ја имав милан за 3500 илјади на лифче и ме сјеба :(
пер , неам зборови еј блокиран сум.
на кајгана не сум бил со недели нема здрава дискусија за фудбал , све шупачки изјави од типот ние сме боље.
Пер абе дај боље лого да ти скројам сааш ?
Брат, редно време беше и Интер да победат... Јас мислам дека Виери е малерот. Откако он игра во Интер, немаат победено против Милан, сеа кога дојде во Милан - одма победуваат Интер. Има нешто чудно тука.
Иначе ако имаш предлог за подобро лого слободно крој го! :)
За кајгана...незнам што да ти кажам...ме банираа без врска па не ни планирам да идам. Истово ти што ми го кажа ми го кажаа и пар други луѓе...
Остај брат малер бие маме му ебам не иде овака. Ни јас не ни идам на тоа форумот да ти кажам , пациенти се.
Него го скроив јас друже еве го зирни овде
http://www.acmilan-devils.com/juve.jpg
види ако ти се свиѓа кажи ми , ако не ќе праиме поправки.
Голем поздрав и се читаме.
Хеј, ОДЛИЧНА е сликата, само мислам дека треба да биде помала за да се вклопи горе кај логото...ајде ќе исконтактираме па и да се видиме...ќе праиме муабет...
Ќе ти пишам мејл.
Поздрав
Ќе средиме и за големината.
Поздраф Колега.
Објави коментар
<< Home