Juventus FC 2005/2006

Голман: Се надевам дека Абијати ќе продолжи со солидните настапи додека Буфон да се опорави од повредата. Друга е приказната кога Џиџи е меѓу стативите нели? Оценка за голманската позиција: (од 1 до 10) чиста 10ка (кога ќе се врати Џиџи се разбира).

Одбрана: Левата бековска позиција е покриена со (според мене) во моментов најдобриот играч на Јуве – Џанлука Ѕамброта. Центарот од шеснаесетникот е резервиран за Канаваро и Турам, а одлична работа беше доведувањето на Ковач како резерва за овие двајца. Десната страна е резервирана за Зебина, додека во последно време и Бласи покажа дека може да се снајде на таа позиција. Добро е што Турам и Зебина можат да си ги ротираат местата (како на пример сега: Зебина беше повреден, па Турам играше десно а Ковач во средина) Оценка за одбраната: 8-ца (некако ми фали уште еден квалитетен дефанзивец)

Среден ред: Емерсон и Виеира (барем според мене) во моментов се најдобриот тандем во светот на своите позиции. Бласи и Џаникеда се замените за овие двајца (како за резерви се супер). Мислам дека овој дел од теренот е совршено покриен. Каморанези по десната крилна позиција а Недвед по левата сеуште функционираат одлично. Ме радува и фактот што Муту покажа дека може да игра лево на местото на Недвед (а би требало и да се навикне на таа позиција со оглед на тоа што тешко дека ќе добие шанса во нападот) додека и Дел Пиеро знае да игра зад напаѓачите кога е потребно. Сепак мислам дека ни е потребен уште еден добар крилен фудбалер. Оценка за средниот ред: 8,5 (најмногу поради Емерсон и Виеира, иако повторно ќе спомнам: крилните позиции некако ми се “тенки“)

Напад: Најмногу ми се допаѓаше системот на игра во нападот од стартот на минатата сезона: Дел Пиеро, Трезеге и Ибрахимовиќ да ротираат. Значи секој игра два натпревари во серија а еден паузира. Така сите ќе бидат свежи и подготвени во секој момент. Тука е и Залајета (кој во изминативе сезони се покажа како одличен резервист и “џокер“ играч во многу прилики) а на крајот и Муту. Оценка за нападот: 8.5

Тренер: Фабио Капело се покажа како извонредно решение за Јуве по заминувањето на Липи. Успеа од “анемичниот“ тим на Јуве да создаде цврста шампионска екипа и очекувам многу од овој човек. Оценка: 9.9 (оние 0.1 ќе му ги скратам поради тоа што не му дава доволно шанса на “Пинтуричио“ :)

Севкупна оценка за екипата: 9,1 (од 10)

Мои очекувања: Одбрана на титулата во Серија А, финале во Лигата на Шампионите па што биде нека биде.

Кои се вашите очекувања? Што мислите дека му фали на овој состав на Јуве?

1 Comments:

Blogger Здраве said...

Добро ви брани овој нашиов абијати :)) ве вади на моменти

11:41 претпл.  

Објави коментар

<< Home