Шпекулации

Ајде малку шпекулации. Си ветив дека нема да пласирам вакви работи на блогов но ова е од проверени извори, така да може да се смета 99% како вистина. Вили Сањол од идното лето ќе биде нов играч на Јуве. 28-годишниот Сањол е вториот играч на Баерн во две сезони кој ќе ја засили одбраната на Јувентус. Добрата работа е тоа што Сањол доаѓа како слободен играч и нема да платиме ниту едно евро за неговиот трансфер. Фактот што Јуве им “краде“ двајца фудбалери за две години без никаква оштета ги налути раководните луѓе на Баерн кои го обвинија Лучијано Моџи дека работи како мафијаш...на ова Моџи само се насмевна и им порача да не се фрустрираат и да се грижат подобро за своите фудбалери. Браво за кул реакцијата на Моџи!Друг можен трансфер за кој многу се зборува е оној на напаѓачот на Бока Јуниорс - Родриго Паласио. Младиот Паласио е вистинско откритие на сезоната во Аргентина постигнувајќи 10 голови за Бока во домашното првенство и 5 во Копа Судамерикана. Паласио (21 година) е еден од напаѓачите кои се на врвот на списокот за пат во Германија на Светското Првенство како дел од репрезентацијата на Аргентина. Сепак, јас не би се возбудувал премногу бидејќи според мене ова е еден нереален трансфер (и непотребен со оглед на напаѓачката сила на Јувентус во моментов). За тоа доволно говори дека истата сума како и Јувентус (околу 6 милиони евра) е подготвена да ја плати и Барселона, па се знае дека Шпанија е омилената дестинација во Европа на фудбалерите од Јужна Америка.

3 Comments:

Blogger Здраве said...

Човек жив ли си ?
Дај да средиме за ова

6:44 попл.  
Blogger Ико said...

Друже...мојот моб. ќе ти го пратам на мејл и ти прати ми мејл со твојот телефон па ќе се слушнеме. И ако ми титнеш ќе ти се јавам...поздрав!

10:29 попл.  
Blogger Здраве said...

Ај важи чекам маил..поздрав!

3:09 претпл.  

Објави коментар

<< Home