Јувентус – Интер (02.10.2005, 20:30)

По 5 одиграни натпревари во Серија А и исто толку победи, екипата на Јувентус се соочува со првиот поголем предизвик во новата сезона, првото дерби во новото првенство против екипата на Интер.
Натпреварот се игра во недела во 20:30 часот на Деле Алпи во Торино.
Капело на теренот ќе ги извади најдобрите 11 играчи во моментов а тоа се: Ибрахимовиќ и Трезеге во нападот, Каморанези и Недвед на крилните позиции (иако како изненадување може да влета Муту на местото на Недвед), Виеира и Емерсон во средината, Замброта на левата бековска позиција, Канаваро и Турам централно, а единствената дилема е дали Зебина ќе се врати на десната бековска позиција (не е сеуште доволно подготвен за настап). Доколку Зебина не е спремен, една варијанта е неговото место да го завземат Песото или Бласи, а друга варијанта (поверојатно) е Турам да игра десно а во средината да игра Ковач. Абијати е сигурен на голот.
Изненадување може да биде исто така доколку Дел Пиеро се појави во стартниот состав на местото на Ибрахимовиќ. Иако швеѓанецот е далеку подобар фудбалер во моментов, искуството на Дел Пиеро може да биде од голема корист.
Околу составот на Интер не би сакал да “шпекулирам“ зошто не сум многу информиран.

Моја прогноза: Јувентус-Интер 1:1

Ваша?