Браво Капело!!!
Фабио Капело денеска за медиумите даде една интересна изјава. Имено, изминативе десетина дена, Роберто Манчини, Масимо Морати, Карло Анчелоти и голем дел од фудбалерите на Интер и Милан главно зборуваат за тоа како можат да го стигнат Јувентус, дека се убедени дека Јуве нема да остане на врвот до крајот, дека трката за титулата не е завршена бла бла бла... Не дека велам дека скудетото веќе е во наши раце, но најубаво им одговори Капело:
Интересно ми е кога ги слушам сите овие луѓе како си прават замислени табели и зборуваат како веќе да не престигнале на врвот на табелата. Тие изјавуваат дека е сигурно дека ќе не поминат на врвот, но јас лично, иако велат дека “сигурно“ ќе не престигнат, мислам дека подобро е ние да сме на врвот а другите да не бркаат отколку обратно. Ние сме смирени. Ни одговара таквата атмосфера. Ако можат, нека повелат и нека не симнат од врвот!За оние кои не знаат. Откако Фабио Капело дојде на чело на Јуве минатата сезона, Јувентус ниту еднаш не беше симнат од врвот на табелата. Сега имаме 8 бода предност пред Интер и 10 бода предност пред Милан. Уште еден статистички податок: Капело не испуштил предност од 8 бода со било која екипа која ја тренирал до сега!
1 Comments:
За све има прв пат!
Објави коментар
<< Home