Време е...

Се приближува моментот. Утре со почеток од 20:30 Јуве гостува на Сан Сиро на првото дерби оваа сезона (она со Интер не го земам во предвид со оглед на тоа каква екипа е Интер – како Беласица Герас Цунев станале!). Премногу се возбудувам кога ќе помислам на утрешниот натпревар па така не сакам многу да прогнозирам што и како ќе биде. Кај Јувентус сеуште е неизвесен настапот на Виеира во првиот тим додека кај Милан, денеска е потврдено дека Малдини ќе игра а најверојатно до утре вечер нема да се знае дали и Шевченко ќе биде целосно подготвен за настап. Со оглед на моменталната состојба на табелата, ова е must-win натпревар за Милан. Доколку останеме непоразени на Сан Сиро, тешко дека барем до полу-сезоната некој ќе не симне од врвот. Ако Милан победи, тоа ќе биде најава за една екстремно возбудлива сезона, а доколку не успее да победи, нема да им биде убаво:)

Како и да е...малку го запоставив блогов деновиве, ама многу бев зафатен. Загубивме од Баерн, но поставивме нов РЕКОРД во Серија А со 8 победи во првите 8 натпревари. Ова би требало да влијае дополнително на самодовербата на фудбалерите.

Јас сакам победа! Колку само тоа убаво звучи: Јуве два пати по ред го победува Милан на Сан Сиро! Ајде да видиме...минатата сезона си освоивме титула на гости а си ја фатив 2-ка сингл во кладилница:)

Да видиме што ќе биде сега.... Forza Juve!!!

1 Comments:

Blogger Ико said...

Хаха...ја почитувам твојата прогноза но не се согласувам. Од една страна, мислам дека пораз на Јуве во овој момент ќе значи неверојатно интересна сезона, сепак нема да се задоволам со помалку од победа. Биди ми поздравен и ќе коментираме утре после натпревар.

3:27 претпл.  

Објави коментар

<< Home