Најдобриот тим на сите времиња!

Пред неколку дена на официјалниот сајт на Јувентус беа објавени резултатите од една интересна анкета/гласање. Се гласаше за најдобриот тим на сите времиња на Јуве. За одбележување е што дури 4 фудбалери од моменталниот состав влегоа во овој тим. Одиме со ред:
Голман:
Буфон - кој друг? Најскапиот голман на сите времиња а богами и најдобриот (за ова мислам ќе се сложат и оние анти-јуве фанови)
Одбрана:
Лев бек: Замброта - човекот е неверојатен. Според мене, најдобриот фудбалер на Јуве изминативе 2 сезони. Неверојатно е како успеа (под водство на Липи) од десен крилен фудбалер да се преадаптира во лев бек! Најсестран фудбалер во моментов на планетата. Може да игра како крило (лево/десно), бек (лев/десен) како и полушпиц.
Десен бек: Џентиле - за Џентиле имам слушнато од татко ми. Знам дека татко ми го носел прекарот Џентиле кога играл фудбал порано поради тоа многу дриблал :)
Централни бекови: Ферара и Скиреа - двајца слични фудбалери. Целиот живот го посветиле на Јувентус. Легенди на фудбалот во Италија.
Среден ред:
Каузио, Дешамп, Тардели - Каузио е од многу порано, така што не сум имал можност да дознаам нешто повеќе за него. Дешамп сосема заслужено влегува во овој дрим-тим: капитен на својата репрезентација на патот кон титулите за Европски и Светски шампион. За Тардели исто така не знам нешто повеќе освен дека беше тренер на Интер пред неколку сезони и дека работи со младинските репрезентации на Италија.
Полушпиц:
Платини - легенда на фудбалот во Италија, Франција, Европа и Светот! Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња!
Напад:

Дел Пиеро и Ибрахимовиќ - За Дел Пиеро нема што да се зборува. Најдобар стрелец во историјата на Јувентус со 183 гола. Целата кариера ја помина со Јуве освојувајќи се што може да се освои. Ибрахимовиќ - тој е сигурно најчудниот од сите на листата. Иако е во Јуве само втора сезона, стана омилен кај фановите и за чудо си обезбеди место во овој дрим-тим. Само се надевам дека ќе ја оправда довербата на фановите во годините кои следуваат.

Тренер: Марчело Липи - иако на Капело му оди одлично со Јуве, Липи е тренерот кој најмногу го почитувам. Очекувам голем успех на Италија на Светското Првенство под негово водство.

1 Comments:

Anonymous Анонимен said...

Браво, Селекторе!!!
Одлична ретроспектива на сите досегашни играчи на Јуве!!!
Само ова некако не ми иде, Липи,можеби беше најуспешен, уживаше голема репутација кај управата на Јувентус, но сепак мислам дека би требало да го стават Капело, не за друго, тука како стимул за понатамошните натпревари.За се останато се слагам.

2:07 претпл.  

Објави коментар

<< Home