Капело: Муту е феноменален!

Фабио Капело денеска беше полн со пофалби за играта на Адриан Муту кој со своите два гола успеа да му донесе победа на Јуве против Палермо: “Натпреварот беше неизвесен како што и очекував, но среќен сум бидејќи победивме. Во првото полувреме се играше прекрасен фудбал, и двата тима играа отворено и атрактивно. Во вториот дел играта стана погруба и понервозна. Среќен сум поради формата на Муту и начинот на кој го одигра натпреварот. Не само што постигна два гола, туку функционираше одлично како десно крило испраќајќи неколку одлични топки во шеснаесетникот, создавајќи повеќе одлични акции а исто така одлично покриваше во одбраната. Муту има светла иднина во Јувентус!“ - изјави Капело. Ова е многу битно ако се има во предвид дека Капело многу ретко се решава да пофали некој од своите фудбалери, посебно ако се знае дека Муту играше на местото на Недвед во првиот состав. Дали во наредниов период Муту ќе успее да продолжи со одличните игри и да се наметне како природна замена за Недвед на десната крилна позиција останува да видиме. Битно е тоа што во Муту добивме фудбалер кој во секој момент е конкурентен за место во нападот како и за место на крилните позиции. Одлично!

1 Comments:

Blogger Ико said...

Мислам дека со тек на време ќе се наметне како замена за Недвед. Одлично се снаоѓа на таа позиција досега.

3:34 претпл.  

Објави коментар

<< Home