Вечерва: Јувентус - Фиорентина

Вечерва не очекува реванш-натпреварот со Фиорентина во 1/8-финалето од Купот на Италија. По нерешениот резултат 2-2 на Артемио Франки во Фиренца, Капело и сите фудбалери изјавија дека се решени да одат на сигурна победа која ќе обезбеди пласман понатаму (во четврт-финале). Мислам дека Јуве има капацитет да оди на тројна круна сезонава. Фиорентина ќе биде без Лука Тони што значи дека во нападот ќе стартуваат Божинов и Пацини (напаѓачки тандем за кој имам повисоко мислење одошто за Тони) додека Јувентус пак како по обичај во Купот ќе стартува со доста изменет состав. Она што е сигурно е дека Буфон се враќа на голот (Џиџи бранеше и на првиот натпревар против Фиорентина во Купот) што е најава за негов конечен кам-бек во првиот состав и во Серија А. Дел Пиеро и Залајета ќе бидат стартери во напаѓачката линија и од нив се очекува да докажат дека можат да го понесат товарот во нападот. Ова ќе биде прво појавување за Дел Пиеро во стартниот состав после подолго време (уште од минатиот натпревар против Фиорентина на гости).
Натпреварот се игра во 21:00 часот вечерва. Forza Juve!