Дел Пиеро најдобар во историјата!

Јуве продолжува во 1/4-финалето од Купот на Италија откако предводени од Дел Пиеро успеавме да ги “згазиме“ Фиорентина! Дел Пиеро постигна хет-трик и Муту еден погодок (по асистенција на Дел Пиеро) за победа од 4-1. Веќе по 20 минути игра беше 3-0. Дел Пиеро ја отвори серијата голови откако по асистенција на Муту, смири една топка во шеснаесетникот и го совлада Фреј. Вториот гол за Дел Пиеро беше во негов препознатлив стил - од слободен удар надвор од шеснаесетникот. Топката во горниот десен агол од голот на Фреј кој немаше шанси. Дел Пиеро потоа му асистираше на Муту за на крај по досудениот пенал да бие прецизно од белата точка со што и официјално стана најдобриот стрелец на Јувентус во историјата! Forza Juve! Forza Del Piero!


Најдобриот во историјата: Alessandro Del Piero!