Време е...
Дојде денот. Јувентус вечерва на Деле Алпи го пречекува Вердер Бремен во натпревар кој ќе го реши патникот во четврт-финалето на Лигата на шампионите. Вердер стартува со предност од 3-2 што значи дека на нас ни треба победа! Како што рече Фабио Капело: “Нема калкулации. Ова е проста математика: мораме да победиме!“. Овој натпревар е од огромна важност за Јуве и се друго освен пласман понатаму ќе биде едноставно голем неуспех! Вердер е квалитетен тим кој сигурно не доаѓа на Деле Алпи со бело знаме. Некои ги отпишаа германците уште по ждрепката (јас барем ги потценив нивните квалитети). На вечерашниот натпревар мора да го поправиме впечатокот од последните 5 минути од првиот натпревар во кои не само што ја испуштивме победата од раце - туку доживеавме изненадувачки и шокирачки пораз. Во тимот се враќа Замброта, па така покрај него во одбранбената линија ќе бидат и Балцарети, Турам и Канаваро. Буфон е на голот, додека во средниот ред стандардно: Каморанези, Виеира, Емерсон и Недвед кој беше прогласен за фудбалер на месецот на Јувентус вчера. Проблемите се во напаѓачката линија и до последен момент вечерва не е познато кој ќе стартува. Дел Пиеро е подготвен во секое време (заедно со Муту) и неговиот настап ќе зависи од подготвеноста на Ибрахимовиќ и Трезеге (може да се случи и двајцата да настапат или и двајцата да не настапат). Останува само да им посакам среќа на момците и се надевам дека ќе успееме да дојдеме до победа и пласман во четврт-финалето што покрај другото би било одлична увертира за натпреварот против Милан кој ќе го одиграме веќе викендов. Forza Juve!!!
4 Comments:
Ха ха ... само толку имам колега ... не заслужија Јувентус за понатака според мене! Зашто ?
Вердер победи со 3-2 , Јуве со 2-1 , доколку не се away goals пресудни Вердер би требало да оди понатака.
Како и секогаш Јувентус ... среќата ги служи.
Away Goals се педерска работа , т.е. даден гол на гости вреди колку 2 дома? Срање!
Друже, зашто би заслужил Вердер. Зборев на некој блог дека away goals е педерско правило и дека треба да се укине ама што е - тука е. Незнам дали го гледаше натпреварот (и овој вечерва и претходниот) и ако си ги гледал незнам од каде сега ова мислење дека Вердер треба да оди понатаму?!?! Јуве имаше победа во Бремен која му избега поради лоши 5 минути и ако Вердер извадеше бод вечерва, според мене ќе беше штета Јуве да не оди понатаму само поради 5 лоши минути. Сеа ќе пишам пост :)
iko kao e be juve nekako mnogu srekni se izraduvaa so ne go izedoa werder bese podobar vkupno vo dvete utakmici ali ne ide sekad toj so zasluzil kao i dae milan se zakon mora a priznaes kao na sala gi rognavme bayern pa sea ideme ponatamu ne ni e gajle koj e protivnikot go tepavme najnezgodniot tim u ls sto xzborea deka bil ama za milan nisto ne e nezgodno taka da da ve predupredam da se pazite u nedela samo tolku inace sakav juve da pomine i gi staiv u kladilnica glupo ke bese so bezveze ekipi da bide cetvrtfinale vaka moze milan i juve da igraat pak bez razlika dali u cetrvrt ili u finale interesno ke bide aj pozdrav i normalno forza milan zaso oni se zakon sea posle barsa najsilni u momentov e i zaboraiv koa ke bide izvlekuvanjeto za u cetvrtfinale ja mislam drugata nedela u petok poosle utakmicata inter ajaks na 17 sigurno togas ti so mislis znaes neso za toa pisi
друже јоцо, ти секогаш коментираш еден пост подолу од првиот :) Нема врска. За тоа кој заслужил да оди понатаму, секој има свое гледиште - нормално, и јас и ти пристрасно (поради навивачката ориентација) имаме различни мислења. За Милан се расфрла многу многу многу пофални зборови па мене ми остана уште да ви посакам среќа во недела и нека победи подобриот. Иначе ждрепката за Лига на шампиони ќе се одржи следниот петок - во среда се игра Интер -Ајакс (поради правилата на УЕФА дека во рок од 24 саати не може да се играат два натпревари на ист стадион) па потоа во петок е ждрепката. Мене ми е сеедно кој ќе му се падне на Јуве бидејќи сум рекол: во ЛШ нема слаби тимови, посебно во оваа фаза - погледни ги само Бенфика и Вердер како изненадија.
Објави коментар
<< Home