Јувентус Ултрас!

Минатата година се случија значајни измени во структурираноста на навивачките групи на Јувентус што позитивно влијаеше на нивното подобрување. После натпреварот со Парма на гости дојде до судир помеѓу двете навивачки групи а подебелиот крај го извлекоја водачите на Fighters, тогаш водечка група, кои заработија дифидати. Тоа влијаеше за нивното растурање, но и нивната лоша репутација на Curva Sud. Во тие денови после долгогодишна робија од затвор излегува Дино - водачот на Drughi. Тој околу себе за кратко време ги собира поранешните членови од оваа група и ја реактивира истата. Во договор со другите групи, пред се со Arditi и Viking тие го заземаат водечкото место на Curva Sud, додека една од најзначајните групи Nucleo 1985 се преместува на најдолното ниво.
Во тој период се погодија и натпреварите со Ливерпул во лигата на шампиони. Ако на гостувањата во Англија немаа сериозни контакти со домашните навивачи, во Торино имаше еден куп помали инциденти како на стадионот така и во целиот град.
Оваа сезона го продолжија доброто навивање особено на гостувањата што е нивната појака страна. Од изведените акции вреди да се истакни одземањето на главниот транспарент на најстарата група во Италија Fossa Del Leoni од Милан од страна на Viking што доведе до нивно растурање. На гостувањата во Фиренца и Рим против Фиорентина и Рома дојдоја до судир со домашните групи и со италијанската полиција.
Од другите групи треба да се истакнат:Noi Soli, 06 Clan, Legio, Nuove Leve, Gruppo Marche ’93, Oltre Frontiere итн. Во однос на политиката важат за умерени десничари, но ретко истакнуваат политички транспаренти или пораки. Пријатели се со навивачите на Ден Хаг, Легија Варшава и Пјаченца. Главни ривали им се навивачите на Фиорентина, Торино, Милан и Интер, но може да се рече и сите останати бидејќи важат за најомразени во цела Италија.

Еве и неколку слики од дербито на Италија против Интер каде што мислам дека нашите ултраси се претставија многу подобро од домашните (судејќи според сликите кои имав можност да ги погледнам, поправете ме ако грешам).Ова е превземено од блогот Macedonian Ultras. --> супер блог, ви го препорачувам!

5 Comments:

Blogger Здраве said...

Fossa Dei Leoni ја имаше најдобрата кореографија во цела италија па може да кажам и во европа со нивните транспаренти и организација , ама Brigate Rossoneri сега ја преземаа нивната работa.

3:03 попл.  
Anonymous Анонимен said...

Одлични се кореографиите ,тоа е фудбалот штета што ова само во италија е на највисоко ниво,а Англија ,Шпанија скоро ич

4:59 попл.  
Anonymous Анонимен said...

abe mi pokazuvas od juve koreografii pokazi od brigate rossoneri tie se najdobri u toa u italia se znae na milan se a juve retko vaka da se istaknat osobeno ako se soberat nekad na dele alpi najcesto na kraj na sezona da proslavat titula a brigate rossoneri ne im treba povot za da napravat edna ubava koreografija i da pokazat koj e milan a kojinter ili pa juve pozdrav forza milan

1:13 претпл.  
Blogger Ико said...

Отвори си блог за Милан и покажи си кореографии. Само да те потсетам на распаѓањето на FDL - најстарата навивачка група на Милан...се сеќаваш што се случи? :)

3:32 претпл.  
Blogger Здраве said...

Поштован Колега , се кладам дека Јоцо не ни знае за што се распаднале , и кој преземал сеа одговорност , и секако новото име на FDL

3:28 претпл.  

Објави коментар

<< Home