Извинување...

Изминативе неколку дена сум многу зафатен па немав време да напишам за натпреварот против Вердер, следен пост ќе биде утре по натпреварот со Лече. Краток коментар за Вердер: лавовски се бореа и успеаја да дојдат до предност. Според мене беше многу глупо да дозволиме да примиме два гола во последните три минути токму поради фактот што во текот на целиот натпревар одбраната беше на ниво (освен киксот при првиот гол) и нападот си ја заврши работата. Капело, Турам и Канаваро се согласија дека такво нешто не е дозволиво и ветија дека нема да се повтори на Деле Алпи. За следниот натпревар 99% ќе биде подготвен и Замброта и се надевам дека нема да имаме проблеми да оствариме победа и пласман понатаму. За крај, со оглед на тоа како играше Вердер (навистина имаа своја вечер) мислам дека минимален пораз со 2 гола постигнати на гости е добар резултат. Сакам да ги слушнам и вашите коментари за овој натпревар...поздрав и се читаме утре! Forza Juve!

1 Comments:

Blogger Ико said...

Бето, кој рече дека не е факт? Факт е и дека можеа да се потрудат и да се одбранат во последните 5 минути. Иначе, знам дека нема да биде лесно против Вердер и напротив, јас мислам дека нема да се бранат. Нивната одбрана нема капацитет да се одбрани од Јуве цели 90 минути и сигурно дека ќе им треба гол. За минатата година, незнам што да ти кажам - Ливерпул паркираа автобус пред голот и додржаа 90 минути...тоа е тоа, си дојдоа по 0-0 и успеаја во тоа. Морам да го спомнам и регуларниот гол на Дел Пиеро кој беше поништен :) јебига...

6:04 попл.  

Објави коментар

<< Home