Нерешено со Месина, Ибра во форма

Јувентус одигра само нерешено на гости против Месина овој викенд со што сега предноста од 12 бода пред Милан се намали на 10 бода, додека Интер кој исто така одигра нерешено сеуште е на иста дистанца од нас. Натпреварот беше интересен и возбудлив. Јуве настапуваше без повеќе првотимци. Во нападот Трезеге одмараше поради ситна повреда а партнер на Ибрахимовиќ беше Дел Пиеро, средниот ред беше комплетен (Виеира, Недвед, Каморанези, Емерсон) додека најмногу проблеми имаше во одбраната и поради повредените Киелини, Зебина и Замброта, покрај Канаваро играа Балцарети, Песото и Ковач (Турам се одмараше). Домаќините дојдоа во водство уште во третата минута откако Флокари добро се снајде помеѓу Канаваро и Балцарети но само неколку минути подоцна Јуве израмни со голот на Ибрахимовиќ (трет гол во последните три натпревари). Убава акција на Јувентус која започна со Дел Пиеро кој го пронајде Каморанези во средината, па потоа топката дојде до Недвед кој му асистираше на Ибрахимовиќ (download видео клип од голот). Во останатиот дел од натпреварот Јуве напаѓаше константно додека Месина со контра-напади се обидуваше да дојде во водство. Овие напади беа многу многу опасни и со комбинација на добра одбрана и малку среќа, успеавме да не примиме гол. Канаваро поради два жолти картони (груби стартови од позади грб) беше исклучен па Турам мораше да го прекине одморот и да влезе во игра. Ибрахимовиќ имаше одлична шанса за втор гол но на очигледниот фаул врз него во шеснаесетникот (Ароника му влета со лизгачки старт) судијата не досуди пенал. Сепак, Ибра кој играше одлично цел натпревар уште еднаш се најде во гол шанса и по грубиот старт на Рафаел судијата покажа на белата точка. Сигурен реализатор беше Муту кој влезе во игра на местото на Каморанези. Кога помислив дека се извадивме и победивме со фудбалер помалку, Флокари успеа да ни тртне гол на 3 минути до крајот. Колку за информација, овие два гола на Флокари се први негови голови во Серија А во неговата кариера воопшто. Иако вториот гол го примивме поради глупава грешка (Капело беше многу нервозен поради конфузијата во одбраната на Јуве), сепак нерешениот резултат е најреален исход од овој натпреавр. Следува натпреварот со Вердер во Лигата на шампионите. Forza Juve!

П.С.
Пишувам дури денеска бидејќи ми беше роденден вчера па немав време да пишам :)

13 Comments:

Anonymous Анонимен said...

ААААААА среќен нека ти е .Колку направи?Иначе Ибра влегува во форма,само да те прашам,што мислиш за шансите на вердер да ве изненадат.

5:50 попл.  
Blogger Ико said...

Фала за честитките... Што мислам за шансите на Вердер? Па истото како и останатиот фудбалски свет: шансите им се минимални - ќе им треба победа веќе во среда и многу среќа на Деле Алпи. Не сакам да ги отпишам однапред бидејќи сепак се квалитетен тим, но мислам дека немаат доволно квалитет да го запрат Јуве.

8:44 попл.  
Anonymous Анонимен said...

gledam iko vikas deka sansite na werder im bile minimalni sea izgleda na juve im se mali po porazot od 3-2 i toa idiotskata odbrana na juve koja ja smetaat za najdobra primi dva pacerski gola vo rok od 87 do 93 min ziv sram a za revansot ne znam juve dali ke uspee da te potsetam prethodenata sezona isto taka so liverpul vi trebase eden gol samo ali ja usravte rabotata sepak ova e liga na sampioni nema favoriti ne e kao kalcoto koj kako saka mesti osobeno juve pozdrav i so sreka so werder ke vi treba poso germancite nikad ne se predavaat

3:37 претпл.  
Blogger Ико said...

goki, на вакви кретенски коментари како твојот не одговарам...

9:28 претпл.  
Anonymous Анонимен said...

normalno zaso ti si pogolem kreten nemas pamet za da smislis ke ti treba cela nedela za juve koj moze da najde opravduvanje so mestat toa e tacno i deka mestat i drugive ali kao juve brate u toa mestenjeto sampioni se za toa svaka im cast zatoa da te potsetam na pogovorkata KOJ GO SAKA FUDBALOT GO MRAZI JUVENTUS toa zapamti go a ne da gi velicis juve FORZA MILAN VISCA EL BARCA a i kao moze da gi sakas i barsa ima golema razlika megu juve i barca spancite kolku sto igraat cisto i najdobrio se taka juve so sudiite go pravi toa u italia

6:04 попл.  
Blogger Ико said...

goki, јас тебе не те навредив. Само кажав дека коментарот ти е кретенски а ќе се согласи секој што малку разбира фудбал. Инаку фала ти што редовно го посетуваш блогот :) пацеру мој... со нетрпение го очекувам следниот бисер што ќе го истресеш.

10:13 попл.  
Anonymous Анонимен said...

pa ne e biser toa, biser e odnosno golem kiks sto si navivac na juve a i toa sto kazuvas deka juve ne bile najgolemi mestaci isti bile abe ajde toa e isto ko da kaes deka juve ne se sampioni na italia mislam nema smisla ali samo na italia ponatamu gi znaes pricinite zaso e toa taka pozdrav ropak zaso ja ako ne idam tuka em nema koj da ti vleze em pointeresno e vaka koa se zajaduvame capiras poso gleam vleguvaat nekoj ali ne sum videl da navivaat za juve sto blog ke bese u site drugi blogovi si komentiraat tie sto navivaat za odredeniot klub a vo ovoj blog doagaat navivaci za liverpul milan inter da ti iskazat socustvo zasto navivas za ovoj mafijaski tim ali toa ti e toa mora da si go obrabotis toa sto veke si go pocnal pozdrav do tebe i do site navivaci na juve ako voopsto gi ima na blogov forza milan

5:16 попл.  
Blogger Ико said...

Да бе, Јуве се мафијаши. Ањели е мафија, а Берлускони се збогатил со продавање телевизори и Морати работел на бензиска пумпа ебате...доста тресеш зелени! За тоа дали доаѓаат посетители може да каже статистиката а не ти, додека за тоа колку од нив се фанови на Јуве - не се замарам...ова е блог за Јуве и сите можат да остават коментари за Јувентус, без разлика дали се фанови или се противници. Продолжи да доаѓаш да ме читаш и да коментираш, некој ден ќе ти објавам збирка од твоите изјави на едно место :) Провери го новиот пост со една интересна слика. Поздрав :)

2:32 претпл.  
Anonymous Анонимен said...

haha dobra slika jas iam pointeresna da ti pratam kao go javaat konjot se izvinuvam zebrata u liga na sampioni milanezite a inter ne se ni gledaat sirotite ej i ne sum samo ja ke dojdat i drugi da kazat nesto i napravi si u uste nekoja zbirka a moze kniga da ispecatis so te znam ali koa ke procitaat sto pisuva ke znaat koj mafijasi se juve zaso toa se komentari na citateli poveketo protiv juve pa ti slobodno kniga izdadi i ke imas golem profit so remetenjeto na juve od strana na ciatelite vo tvojata zbirka a za berluskoni on ne se zamara so fudbal on i premier e bar prai nesto za zemjata nikoj ne se pozalil a aneli ubiva i problemi prai mito i korupcija mu se omileni temi na juve gi primenuva ist e ko kaj nas so e ali ahmeti gubre u zemjata i negoviot potrcko moggi pozdrav do tebe i do site navivaci na najdobrite MILAN PER SEMPRE ciao

11:01 попл.  
Blogger Ико said...

Драг goki. Само да те потсетам дека Ањели е мртов веќе неколку години пошто ти зборуваш за него како да е жив (ако мислиш на Џани). Сликата како слика ја ставив онака за забава, се извинувам ако си се навредил или изнервирал. За Лига на шампиони - последни 10 години, Јувентус има 3 финалиња и еден трофеј, додека Милан има 2 финалиња и 1 трофеј - такви се фактите, се извинувам ако ова лошо влијае на твоето црвено-црно срце. Инаку се согласувам дека на Милан им оди подобро во Лигата на шампионите, но сепак - фактот што Ливерпул кој ја освои ЛШ минатата сезона не можеше да биде меѓу првите 4 тима во Премиер лигата доволно говори за тоа колку ЛШ е мерило за силината на еден тим. За Берлускони: ќе те потсетам дека тој ќе загуби на изборите во април и веќе нема да биде премиер (според последните анкети). Додека во Торино фамилијата Ањели (неколку нивни фирми) ја донесоа Олимпијадата во Италија, Берлускони како Премиер си направи монопол со тв-правата на Серија А (читај во новиот број на Club Football имаш опширна сторија и се ќе ти стане јасно). Кога веќе дремеш на интернет како мене, прочепкај по историјата и провери какво значење за Италија има фамилијата Ањели (Фиат, Ферари Ф1, Италија 90`, ЗОИ...). Што се однесува до Лучијано Моџи - изгледа и таму работите не ти се јасни: Моџи е под договор за генерален менаџер на Јуве и не е некојси потрчко (како што е Галијани за Берлускони) - може да се случи утре Моџи да потпише договор со Милан, Интер, Реал Мадрид... Моџи работел во други клубови пред да работи за Јуве а ќе работи за други и во иднина (најверојатно ќе се сели во Интер или Милан). За збирката, ако толку сакаш ќе ја издадеме - мене ми одговара: вие ќе коментирате, вие ќе си ја купите...кога ќе размислам може и сами да си ја објавите :)

4:43 претпл.  
Anonymous Анонимен said...

ej da te popravam mislev na gjani aneli toj e mafijas i cela nego va familija a ne mi zbori za ls od 90 se gleda milan ima 4 finalinja so marsej mu ja ukradoa titulata zaso bile pod doping igracite na marsej sam si prizna eden ama milan ne ja dobi posle so ajaks pa so barsa i na kraj so vas da ne zboram da ne se karame ke se iznerviras a ja toa ne sakam inace juve ima samo edno finale osvoeno od koa postoi ls od 90 postoi predtoa bese kup na kupovite i tamu ima edna ali mnogu loso osvoena so liverpul taa ne ni ja slavese poso imase mnogu zaginati navivavaci na juve a vtorata se izvadija na penali so ajaks ja gledav i ajaks bea podobri em juve igrase kao doma poso finaleto bese na olimpico i taka ne mi sporeduvaj ls so kalcoto korumpirano nisto ne e za ls em milan e najtrofeen italijanski tim vo evropa a juve u italija pa vidi kaj e bolje da si najtrofeen i dosta se falite so 28 tituli toa go znaeme sekad ke bide taka i nie milanezite ne zamarame deka u ls sme podobri taka da kuti se gledaat megusebnite premetki vo momentov ovaa sezona edinstven poraz od nas go imavte i treba da imate respecyt zaso milan se podobri od vas ako ne tepate na dele alpi e togas ste pojaki so ogled na tabelata aj cao

6:18 претпл.  
Blogger Ико said...

Охохооо...еве го goki пишал пак, ама овој пат го немаше подолго време (според содржината на коментарот најверојатно по интернет се информирал за историјата на Јуве и Милан во Лига на шампиони). :))) Гоки, дај бе олабави се, еве следниов викенд играме против вас па ти моли се да не биде како минатата година кога на Сан Сиро ви ја запечативме битката за титулата :)))))

12:35 попл.  
Anonymous Анонимен said...

dobro iko ne se nerviraj vise ste sampioni zadovolen samo so nekako pred vreme glupo e ke zaboravat do juni na juve deka e sampion togas ke go slavat evropskiot sampion vidi segde ima sampioni pethodnata godina i bayern i lion i celzi vo nivnite ligi bea ali site bea zaboraveni zaradi golemiot uspeh na liverpul odnosno sreka i od togas liverpul sea e kao favorit a pred edna godina duri i nemase navivaci sea i blogovi i strani imaat otvoreno od koga stana sampion a milan tesko da izgubi poso prethodnata sezona izgubi na san siro a na dele alpi nema izgubeno dolgo vreme im ide tamu osobeno prethodnata sezona koga zavrsi 0-0 mnogu sreka imaa juve a u 2004 ve tepavme 1-3 kakvi dva proektila mu dade sidorf na bufon da ne zboram a na san siro vo 2004 bese 1-1 taka da gleas poise ni odgovara da igrame na dele empty poopusteni sme posto e prazen nema koj da ne zaplasi duri poveke navivaci na milan ke dojdat haha isto kao doma da igrame samo pazete da ne primite 3 komada mnogu brzo kao so se desi na san siro sezonava odbranata stegnete si ja poso kao sto mu e dobra formata na bufon abiati pomalku golovi primi u 15 utakmici a bufon 5 utakmici i sirotiot go napunija se izgubi od povredata so mu ja nanese nenamerno kaka zverot posle derbito ke si kazeme sve sea cao

7:57 попл.  

Објави коментар

<< Home