Замброта out, со тројца напаѓачи во Милано?

Непријатна е веста за повредата на Џанлука Замброта! По натпреварот со Парма на кој се повреди, докторите утврдија дека тој ќе мора цели 3 недели до 1 месец да отсуствува од терените. Оваа повреда на незаменливиот Замброта доаѓа во најнезгоден момент за Јувентус бидејќи покрај дербито со Интер, Замброта ќе ги пропушти и двата осмина-финални натпревари во Лигата на шампионите против Вердер Бремен. Според најновите информации од Италија, Капело најверојатно ќе се реши за тактика со само 3-ца фудбалери во одбраната и 3-ца напаѓачи. Значи, има шанси во недела Јуве да истрча на Џузепе Меаца во формација 3-4-3 и тоа во состав: Буфон, Зебина Турам Канаваро, Каморанези Недвед Виеира Емерсон, Дел Пиеро Трезеге Ибрахимовиќ. Мене лично ми се допаѓа оваа идеја на Капело но останува да видиме дали ќе ја искористи. Ако не се реши за 3-4-3, во тој случај Дел Пиеро излегува од комбинација а ќе игра Балцарети на левата страна во одбраната а Зебина на десната (во игра е и Роберт Ковач кој се врати од повредата).Меѓу другото, како што веќе знаете започнаа Зимските Олимписки игри во Торино и на последниот ден од патувањето на олимпискиот оган до Олимпискиот стадион во Торино (Комунале), Фабио Капело а подоцна и Алесандро Дел Пиеро ја имаа честа да протрчаат по 400 метри со факелот. Ете ви и слики. Forza Juve!

1 Comments:

Anonymous Анонимен said...

Сметам дека е пореално за Капело да изведе формација 4-3-3 со Делпиеро како полушпиц отколку 3-4-3 тоа е малку поризично и ќе треба многу повеќе трчање за емерсон и виеира а и за целиот тим.

2:06 попл.  

Објави коментар

<< Home