Одиме понатаму!!! Благодарам Wiese!
Борбеност, упорност и решителност беа особините кои го красеа Јувентус вечерва и кои го одведоа во четврт-финалето од Лигата на шампионите. На Деле Алпи беше совладан одличниот тим на Вердер Бремен кој за разлика од прогнозите и предвидувањата пред ждрепката, се покажа како доста тежок противник за нас. Гостите изненадувачки поведоа во натпреварот со 1-0 со голот на Мику. Јувентус во првото полувреме се обидуваше да израмни, но нападот едноставно не функционираше. Поголемиот број од упатените топки беа додека Трезеге и Ибра беа во офсајд, додека и оние прилики кои ги имаа не успеаја да ги претворат во гол. За одбележување се шансите на Недвед и Емерсон при кои гостинскиот голман интервенираше одлично. Нападите на Јуве значеа и поотворена одбрана која гостите за наша среќа не успеаја да ја искористат. Имаа уште две убави можности за да го зголемат водството но Џиџи Буфон беше на висина на задачата. Во второто полувреме за Јувентус имаше само една опција: напад! Тоа значеше и поголема можност за Вердер преку контра-напад но за наша среќа ниту еден нивен напад не испадна успешен. Најпрво Трезеге израмни во 65-тата минута: Дел Пиеро ја сврте долгата топка кон Недвед, овој во шеснаесетникот му ја препушти на Трезеге кој конечно го совлада голманот на Вердер. Јуве напаѓаше до крајот но без успех и конечно во 88-та минута ни се насмевна среќата. Голманот Виесе кој одигра маестрално во текот на целиот натпревар и одбрани барем три 100%-ни шанси на Јуве, од херој стана трагичар! По една од многуте очајно нафрлени топки во шеснаесетникот, Виесе лесно интервенираше но откако падна на тревата не успеа да ја задржи топката во рацете: најблиску до него се најде изненадениот Емерсон (погледнете ја само фацата на Емерсон на забавената снимка од клипот кој може да го симнете од линкот подолу). Бразилецот го прифати овој подарок и го постигна голот кој значеше четврт-финале за Јувентус и продолжување на одличната сезона.
КЛИК ТУКА ЗА DOWNLOAD НА ГОЛОТ НА ЕМЕРСОН (може да влезе во конкуренција за најсмешни/среќни голови на сезоната).За крај: морам да признаам дека овој пат среќата не послужи. Се до 88-та минута Вердер беше подобар противник во овој двомеч но една грешка ги чинеше пласман понатаму. Германците доживеаја нешто слично што и Јуве доживеа во Бремен. Сето она што го градеа во текот на целиот натпревар се сруши само поради една глупава грешка. Сето она што и Јуве го градеше во Бремен (ја имаше победата на 5 минути до крајот) се сруши исто така поради деконцентрација е нејасен пад во играта - требаше да одолееме уште на два напади за да заминеме со победа, но наместо тоа - примивме два гола. Доколку во овој дел од нокаут-фазата не се сретнеа Челзи и Барселона, можеби дуелот помеѓу Јуве и Вердер ќе беше најинтересниот - кој не ја гледаше снимката од натпреварот може да жали. Одиме понатаму! Forza Juventus!!!!
11 Comments:
ајде па да изгубите
Фала, невработен еден :))
Малку бевте дезориентирани, ај сеа... Имав прилика да гледам комбиниран пренос. Баш голот на Емерсон го видов (минута пред тоа истиот трапав голман му одбрани многу јак шут). Тешко со ваква игра понатаму. Сепак со оглед на тоа дека глупо изгубивте во првиот меч, правдата е задоволена.
ЕЕЕЕЕЕЕЕЕ! Има господ, ај! Гледа он.
Ќе ви се врати!
aj so sreka neka vie pobedata, kakva takva pobeda e, ke se zaboravi igrata, a rezultatot ke se pamti...ali gzlaci nevideni se :)
ајде Ико да ти пишам на твојот блог штом толку инсистираш хехе! многу не ми се допаѓа дизајнот со црна позадина многу замара на очите не ли ви учат на факултет и тоа на ЛЦД монитор замисли како им е на тие што читаат на ЦРТ. абе види за натпреварот ти пишав со ми е коментарот ама нешто заборавив да ти кажам Нешто не ви оди со судиите во Европа а? вчера играчите особено трезеге повеќе се замараше со ИЗВОНРЕДНИТЕ судии отколку со играње фудбал. Ниеден офсајд не ви помина низа рака сите ви ги видоа. Направи разлика и на другите утакмици во европа и италија! и капело цело време се нервираше по судиите Очигледно не сте навикнати на таков развој на настаните. Ипак мислам дека Ањели некаде горе прави договори со Господ или со Ѓаволот со овој вториов поверојатно (не сфакај за озбилно!) хехе
juventus se pederi
Ико ако ме пратиш цело време на многу коментари пишувам дека победничкиот менталитет е една пресудна работа за успех.Толку силната психа некогаш делува да се случат и вакви работи(смешни грешки) за кои сметам дека се неслучајни.Ти што ќе ми речеш на ова.И дај направи миграција на блогов на блог.цом.мк сега бар можеш,ајде за мене .Поздрав и нели ти реков дека нешто ми мириса дека Вердер е чуден тим кој може многу да изненади .
Од сите што искоментиравте, само Дариан, Ice Man и Рома блог собраа сили како-така да честитаат за пласман во четврт-финале, другите - срам да ви е! За среќата: тоа е тоа, сега тука галамите колку среќа имаше Јуве, но така испадна - зарем Емерсон требаше да му ја врати топката на голманот? Плус, замислете Буфон да направеше ваква глупост и Јуве да испаднеа, никој од вас тогаш немаше да дојде и да каже дека Вердер прошол на среќа, туку ќе ме реметевте за грешката на Буфон и ќе тепавте сеир. Тоа е тоа.
Иначе Мицкоски, фала што го посети блогот - дизајнот е тој, тие се боите на Јуве и мене барем црната боја не ме замара...шознам...можда ќе го сменам во блиска иднина. За тоа со судиите: Капело викаше по фудбалерите а не по судиите и никој после натпреварот не спомна дека судиите лоши биле или слично...тоа е нормален притисок што сите фудбалери го прават врз судии. Капело по натпреварот не само што не ги критикуваше судиите туку напротив - ја пофали одбраната на Вердер за одличните офсајд-стапици и одличниот тајминг и кажа дека Ибрахимовиќ мора да научи да ги избегнува овие стапици.
Се согласувам со darian дека упорноста се исплатеше и можеби ни се врати во еден вид на среќа...јес да последните 10-тина минути Јуве веќе изгледаше очајно во обидите да постигне гол а Вердер стануваше се посилен и посилен. Јас лично сум среќен што ваква работа се случи сега во осмина-финале бидејќи мислам дека фудбалерите ќе ја научат лекцијата - имам чувство дека повеќето го потценија Вердер.
За крај, ќе се сложам со коментарот на колегата од Рома блог: со оглед на тоа што глупаво загубивме на првиот натпревар, правдата е задоволена :) Forza Juve!!!
abe kopuk eden dosta gi branis sto se gzlaci gzlari se toa e toa ali nema lizenje gz na sudii vo nedela ke go piete tesko so visok poraz kao so trgnale milan osobeno inzaghi ke ve napunime i ne davaj kontra komentari deka milan nema da tepa ali ako ve tepame uste ednas mislam se glea razlikata pomegu milan i juve milan gazi sve a juve na sreka pominuva a ako mislis da se vadis so tabelata u italija taa ne pokazuva koj e pojak ako ne tepate u nedela milan e najbolje ne mi jadi gomna so tabelite glej u ls nemate pojma bez sudii ali aj so mnogu sreka u nedela da izvadite nereseno so zverovite milan FORZA GRANDE MILAN SEMPRE CON TE
Hi blogger,
It is something irresistable... although you read it more than once it still is my pleasure to read these blogposts...
Regards,
earn money online
Објави коментар
<< Home