Маркиони: “Во Серија А за една сезона“ + нови дресови

По денешниот тренинг на тимот, пред медиумите официјално беше претставен Марко Маркиони како нов фудбалер на Јувентус. Маркиони доаѓа од тимот на Парма како слободен фудбалер и многу е веројатно дека тој ќе ја превземе улогата на Каморанези на десната крилна позиција откако овој ќе го напушти клубот.


Тој единствено истакна дека е пресреќен што конечно игра во голем клуб како Јувентус и во шега кажа дека сака во иднина да го замени Каморанези во репрезентацијата на Италија која ќе ја одбрани светската титула освоена во Германија ова лето.
“Сигурен сум дека го направив правилниот избор доаѓајќи во Јувентус. Лошо е што доаѓам во време кога Јуве мора да се натпреварува во Серија Б, но јас мислам дека тоа е шанса за нас да го докажеме квалитетот кој го имаме и уште по првата сезона да се вратиме во Серија А. Јас лично верувам дека имаме капацитет да не загубиме ниту еден натпревар и -30те бода нема да ни претставуваат проблем“ - беа зборовите на Маркиони.

За разлика од него, Дидие Дешамп во вчерашните изјави не беше толку оптимистички расположен. Тој најави дека можеби ќе ни требаат и две сезони за враќање во Серија А но истакна дека главен приоритет на тимот ќе биде да се победи на секој натпревар.

Тоа што можеби е поинтересно во моментов се новите дресови на Јувентус. Според најавите, дресовите би требало да изгледаат како на сликата, но ова сеуште не е официјална туку само предлог верзија на Најк.



Иако ова е интересен дизајн, мене лично не ми се допаѓа многу поради фактот што се нарушува традицијата која трае со години. Ќе видиме, ова сепак не е официјалната верзија на дресовите (овој од Виера најверојатно нема ниту да постои бидејќи Виера скоро сигурно заминува). Според последните информации, официјалното претставување на новиот дрес би требало да се случи околу 10ти август.


Technorati: Juventus, Маркиони, Дешамп, Јувентус, дрес, фудбал.

17 Comments:

Anonymous Анонимен said...

се согласувам со тебе дека овие дресови ја нарушуваат традицијата на јуве , но сепак дизајнот мене лицно ми се допадна ,

мала забелеска за тимот што го имаш написано за сезона 2006/07

некој от тие нови играци се усвари стари играчи на јуве кој им заврши позајмицата во друг клуб како што се "Kapo Olivier , Legrottaglie Nicola , Palladino Raffaele , Sculli Giuseppe "
поздреав инаце и јас сум оптимист дека следната сезона сме во сериа А !!!

4:24 попл.  
Blogger Ико said...

Да, знам дека се играчи на Јуве. Јас имам многу позитивно мислење за Капо (уште од времето во Марсеј кога играше) и Скули кој сега се наоѓа во период кога конечно ќе има можност да се докаже во Јуве. Паладино е младински репрезентативец на Италија и надеж на италијанскиот фудбал.

Легротаље....е он е промашена инвестиција...нек му раскинуваат договор...

4:29 попл.  
Anonymous Анонимен said...

Да, знам дека се играчи на Јуве. Јас имам многу позитивно мислење за Капо (уш�

4:30 попл.  
Anonymous Анонимен said...

Здраво и Јас Исто Навивам За Јуве Може Ли Да Ме Ставиш Во Пријатели Јас Веке Те Ставив.Јас Мислам Дека Тешко ке Одиме во Серија А.Чао Се Слушаме

4:47 попл.  
Anonymous Анонимен said...

Се Согласувам со тебе за Капо ,многу јак играч е, само не му даваа шанса да се докаже го пустаа чат пат по 5 мин, и за тие 5 мин внесувасе живост во играта на јуве , а Регротаље мислам дека ке ја врати формата од Киево (многу оцекуваа од него но најверојатно не можел да издрзи толкав притисок инаце мислам дека има талент), ако брани некој за јуве а не се вика Buffon би сакал да се вика Антонио Миранте.
Имаме многу млади квалитетни играчи , според мене ке играат со многу голема мотивација

8:03 попл.  
Anonymous Анонимен said...

ДАРКО:
Иначе не ми е јасна само една работа.како можеше Милан да се извади од испаѓање.кој кур ако наместиле(толку докази имало)една утакмица .Местење е местење ,дали една или 5 или 10 кој кур.Си прекршил законот.По која основа они да не испаднат???Не се сеќам Џенова ли беше лани која за една уткмица ја пратија у најдолен ранг,кога го фатија газдата со торба пари.?????Значи Италија смрдела и ќе смрди засекад
ИКО:
Соочи се со тоа дека фудбалот во Италија во последниве 5-6 години го воделе 20-тина луѓе... Моџи и компанија, Галијани и компанија, корумпираните во судиската и фудбалската федерација. Имало 300 шеми во кои се вклучени сите...тоа е...барем сум среќен што ќе гледам чист фудбал од другата сезона ;)
МИКИ:
Еве ме и мене со коментар. Половината од моето кажување го превземам од колегите за да не се повторуваме. Дарко 100% си во право како е тоа можно за Милан. Мафија другари мафија. Уште еднаш повторувам пред некој ден го даваа Кум на телевизија кој го гледал филмот ги знае сите работи кој се случуваат во Италија. Јас за овие работи кога писував постови ме направија како паднат од Марс односно "еј што зборуваваш глупости" епа еве ги глупостите излегоа на виделина. Му вреди на Дарко последната реченица најмногу која 100% сум сигурен дека ке биде така. А за тоа колку италјанскиот фудбал ке биде регуларен можам да бидам сигурен само за наредните 2-3 сезони кога секој ке се плаши од калчополи. И на крај за мојот Интер. На конечната табела за сезоните 2004-2005 и 2005-2006 стои Интер на прво место само што нема титула. Прашање која е логиката во нешто вакво? Јас може да претпоставам само КАКО ШТО ДО СЕГА МИЛАН И ЈУВЕНТУС МУ ДОЗВОЛУВАА НА ИНТЕР ДА ОСВОИ СКУДЕТО ТАКА И ВО ОВАА СИТУАЦИЈА МУ ДОЗВОЛИЈА! И на крај лично сметам дека после жалбите нема ова така да остане Јувентус и Милан ке бидат со намалени казни 99.9%. Предвидување!

11:45 попл.  
Blogger Ико said...

Мики брат, прво за титулите: не сте ги освоиле вие и затоа нема титула...не знам дали воопшто некој од фудбалерите би сакал до неговото име да стои таква титула. Мислам дека доволна сатисфакција е казната за Милан и Јуве. Шансата за титула ја имате оваа година. Имате пари, тим, 15 бода предност пред Милан, па повелете...

Инаку, сакам да ти кажам дека во Италија ја промашија суштината на случајот. Сосема праведна беше казната за клубовите но она што не е праведно е што луѓето кои ги правеа овие работи не се казнети. Дали на некој од вас му се верува дека само 29 луѓе (и помалку се бидејќи некои беа ослободени од обвинение) го направиле сето ова. Мене лично не ми се верува дека 20-тина луѓе можат да го прават ова со години и да не бидат казнети.

Фудбалот во Италија нема да биде регуларен ни во наредните 2-3 години бидејќи не се тргнаа оние кои го правеа нерегуларен.

За крај, признавам дека за цело ова време си бил во право...донекаде. Дали ти лично веруваш дека бандата од Јувентус (Моџи и компанија) се единствените организатори на овие шеми? Јас мислам дека работата е многу подлабока и дека е штета што Серија А не ја искористи оваа можност од корен да го исчисти фудбалот од такви гадови.

Јас секогаш ќе го сакам Јувентус, го сакам клубот, фудбалерите и фановите. Не ги сакам Моџи и компанија. Сега се гради еден нов Јувентус со борд на директори составен од фудбалски легенди на клубот и на Италија и со едно ново лице. Верувам дека тие со нивната работа и Јуве со игрите на теренот ќе го врати угледот кој го има во светски рамки.

Се прашувам кога вакво нешто ќе се случи во мак-фудбалот па да се прочешлаат сите игри на лица како Брацо-Моџи, Бате Ване-Сенси, Кометал-Берлускони, Делчо Јакимовски-Папареста, Хари-Караро и т.н. :))))

2:42 претпл.  
Blogger Ико said...

Да бе, сега проверив...Оксер... Се збунив пошто и двата тима се у сино-бела комбинација :)

Thnx за инфото :)

5:01 попл.  
Anonymous Анонимен said...

а што се слуци со Фабрицио Миколи ?
неле беше на позајмица во бенфика и рече дека не би му прчело да игра во сериа б ако тренер не е капело,

ако имаш нешто информации писи дека ми е меѓу поомилените играчи

6:21 попл.  
Anonymous Анонимен said...

Милам дека голема грешка направија (направи Моги) лани со продавање на Апиа и Мареска, по игрите што ги покажаа едниот во Севилја, другиот на СП2006, се покажа дека многу лесно Јувентус се откажа од нивните услуги.. или сепак Моги профитира од тие зделки....

7:31 попл.  
Anonymous Анонимен said...

Дополнување: А оставија еден Зебина и потрошија мало богатство на Виеира за веќе потрошен играч на 32-33 години, тие пари можеа да ги инвестираат во млади и надежни играчи... На местото на Виеира одлично ќе се снајдеше (по мое мислење , Џаникеда, кој покажа одлични игри во Лацио една сезона пред тоа... Сепак кога е Моџи во прашање, над секоја негова претходна одлука ,пред да се случи скандалот , сега виси голем прашалник...поздрав Ико, одличен блог, едно време беше го запоставил. Кип ап д гуд ворк :)

7:35 попл.  
Anonymous Анонимен said...

Ико за дресовите ќе ти кажам дека ги имам видено пред месец и повеќе но во комбинација на Атлетико мадрид бидејќи и нив најк име спонзор.Дури Фернандо Торес се налути што ќе имаат такви шугави дресови за идната сезона.мене не ми се допаѓаат.И на Барса новите е нешто срање со само три линии.Не снам кој им ги купува.Иначе ќе речам јас очекував затвор и доживотна суспензија за лицата кои местеа.како можеше Хојцер за заглави две и нешто години во затвор и да добие доживотна суспензија,а ови смешни казни??????Убаво рече Мики кој го гледал КУМ знае.

12:49 претпл.  
Blogger Ико said...

@ Paul_van_Dyk
Бенфика целосно го откупи. Миколи веќе не е фудбалер на Јуве.

4:10 претпл.  
Blogger Ико said...

@ јуве фан
Апија и Мареска добија безброј шанси за докажување, особено по заминувањето на Давидс. Не ја искористија својата шанса и тоа е тоа.
Мислам дека трансферот на Виера е оправдан. Тој во себе има уште барем 2-3 сезони врвен фудбал и добро беше што ја искористивме приликата да го купиме.
За останувањето на Зебина, и јас се чудев ама штом Капело го донесе со себе од Рома, сигурно има нешто...

4:14 претпл.  
Blogger Ико said...

@ Дарко

Мене дресовите ми се допаѓаат многу, не ми се допаѓа тоа што не се со традиционалните штрафти...вака само со две линии (т.е. половини) го губат она што значи Јувентус (и Барселона или Атлетико Мадрид ако им се такви...)

3:12 попл.  
Anonymous Анонимен said...

dresovite na juve ne se vakvi ako sakate da se uverete vlezete na stranicata www.juvestore.com i ke vidite deka se so strafti a rezervniot dres e crn. golmanskiot dres e plav a ima i zolt toj e drugiot golmanski.

3:17 попл.  
Blogger Ико said...

Друже, мене juvestore не ми ја отвараше неколку дена. Инаку, ова беа дресовите предложени од Nike...вакви требаше да имаат Барселона и Атлетико Мадрид исто така... Видов на juvestore и најверојатно од Јувентус не го прифатиле овој дизајн...

3:44 попл.  

Објави коментар

<< Home