Неправда!!!


Моџи ќе плати “дури“ 5.000 евра?!?

Јас сум фан на Јувентус, фан на Дел Пјеро, Недвед, Трезеге, Замброта, Канаваро, Буфон и т.н. Јас сум фан на тимот! Тимот кој го сакам уште од првиот момент кога почнав да го следам фудбалот. Исто така сум фан на Вардар, но го сакам тимот!

Во тек е судењето за големиот скандал во Италија и навистина се згрозив кога ги слушнав предлог-казните на спортскиот суд. Тоа што е предложено деградирање на Јуве во Серија Ц1 и деградирање на Милан, Фиорентина и Лацио во Серија Б не ме чуди толку многу... Си реков: “При волку ригорозни казни за самите клубови, колку ли ќе платат одговорните луѓе“. 5.000 евра??!!??!! Луѓе, Лучијано Моџи, Антонио Џираудо, Галијани, Лотито, браќата Дела Вале сите си поигруваа со нас и со нашата љубов кон тимовите правејќи циркус со фудбалската игра во Италија. И? Ќе платат најмногу по цели 5.000 евра па згора на тоа дури 3 години ќе имаат забрана за работа во фудбалот.

Клубовите кои им донесоа радост на милиони навивачи низ целиот свет, кои меѓу себе и против другите одиграа натпревари кои ни дадоа фудбалско уживање и спомени кои ги паметиме ќе бидат деградирани во понизок ранг на натпреварување а пак луѓето кои ги уништија овие клубови ќе платат казна што не е ни четвртина од нивните месечни телефонски сметки и по 3 години фудбалски одмор и можност да ги трошат милионите, повторно ќе можат да се вратат во фудбалот како ништо да не било.

Можеби ве зачуди почетокот на овој текст но поентата ми беше дека ние сме сите фанови на клубовите а не на луѓето кои раководат со нив. Верувам дека ретко кој навивач на Вардар го сака Борче Ристевски или Брацо Вујчиќ... Замислете по сите далавери со Вардар, тие да добијат казна по 5.000 евра а нашиот Вардар да биде казнет со играње во трета лига???

Јас сум ЗА да бидат казнети клубовите онака како што заслужуваат. Јас повеќе сакам Јувентус чесно да се врати во Серија А и да знам дека сопствениците ја научиле лекцијата и нема никогаш повеќе да помислат да прават нешто слично како сега. Но, кој од вас сака луѓето што ги уништија овие клубови и фудбалот во Италија воопшто некогаш да се вратат и повторно да работат?

Technorati: Јувентус, Моџи, Фудбал, Серија А.

2 Comments:

Anonymous Анонимен said...

Точно така... се согласувам...и секоја чест до играчите кои изјавија дека било каква одлука да се донесе против Јувентус, ке останат во клубот и ако треба ке играат дури и во Сериа Ц... после одлуката ке се види кој е вистински приврзан кон клубот ,а кои биле лицемери во своите изјави...на пример Капело ... кој ја прифати првата подобра понуда што стигна...знам дека ова се истите коментари што стигаа од фановите на Рома ..пред 2 години,ама тоа покажува колку вреди како човек ,а не како тренер.

7:09 попл.  
Blogger Ико said...

Јас не би се согласил во целост и не би ги обвинил оние фудбалери кои би сакале да си заминат во случај на ваква казна за Јуве.

Нормално дека од фудбалер како Дел Пјеро кој со Јуве освои се што можеше да се освои се очекува да остане но некои други имаат свои амбиции во кариерата и доколку Јуве е во Серија Ц тешко дека ќе можат да ги остварат.

Секоја чест за тие што ќе останат, како на пр. Ди Ливио во Фиорентина пред некоја година.

За Капело, тој е само 2 години во Јуве и не можеме да очекуваме некоја голема приврзаност од негова страна. Тој направи она што требаше и јас сум му благодарен.

3:00 претпл.  

Објави коментар

<< Home