Мала анализа...
Ќе се обидам во малку пократок текст да разјаснам некои работи околу целата ситуација во Италија.
Обвинението: Прво и основно е дека се работи за повеќе обвиненија врз различни структури и поединци во Италија. Значи не е целата ситуација во врска со Јувентус (ако досега тоа не ви беше јасно). Посебни истражни постапки се покренати во Рим, Торино, Милано, Фиренца и Неапол кои за цел имаат разоткривање и казнување на “матните“ работи.
Поради прислушкувани телефонски разговори, се товарат Моџи и Џиурадо (Јувентус), Меани (Милан), браќата Дела Вале (Фиорентина) и неколку директори на Лацио и Удинезе за притисоци врз судиите т.е. соработка со високите судиски кругови во Италија за влијание врз назначувањето на судии за одредени натпревари. Мора да се потенцира дека овие клубови (Јуве, Фиорентина, Лацио, Милан..) не победуваат на сите натпревари кои се под истрага и затоа истрагата оди во правец кој води накај кладилниците. Едното можно обвинение кое ќе произлезе од овие истраги е дека неколкумината директори лично за своја корист влијаеле на исходи од натпревари за свој личен профит во кладилниците. Доколку обвинението тргне во тој правец, тогаш е многу веројатно дека сите клубови ќе се спасат од било какви обвиненија и казни бидејќи сопствениците ќе се бранат по принципот “Ние ништо не знаевме, да знаевме немаше да дозволиме...“.
Другиот можен правец е дека ќе се покрене обвинение против самите клубови дека преку своите директори влијаеле на исходот од натпреварите со цел подобар пласман на самиот клуб. Тука веќе наебуваат клубовите. Доколку ова биде докажано, сите клубови ќе лапнат казни во зависност од бројот на натпреварите кои ги “наместиле“... Така, некој ќе биде казнет парично, некој со одземање бодови, а некој (Јуве:() можеби дури и со префрлање во понизок ранг на натпреварување.
Тоа е тоа што се однесува до целата истрага. Како нова информација е тоа дека и претседателот Интер се вмешува во целата ситуација откако беа објавени снимени телефонски разговори поврзани со делегирањето судии за натпревари од Лигата на шампионите, но тоа е сеуште во почетна фаза.
Многумина од вас во коментарите ја поврзаа целата ситуација со казнувањето на Џенова поради еден наместен натпревар. Разликата е во тоа што тука има сеуште недокажани обвиненија и не се работи за “купување“ на натпревари. Во случајот на Џенова, претседателот (и сопственик) на клубот беше фатен со куфер полн пари во кеш кој му го предаваше на официјален претставник на другиот клуб (не ми текнува кој беше).
Како и да е, едно е сигурно - се ќе биде готово до крајот на јули. Што и да филозофираме ние тука, на крајот судовите во Италија ќе бидат тие кои ќе го имаат последниот збор. Јас лично се надевам дека Јуве ќе куртули од испаѓање од Серија А. Навистина сум разочаран што мојот омилен клуб за кој навивам откако знам за фудбалот е вмешан во вакво нешто и искрено сакам да се казнат сите оние кои се одговорни за тоа што се случува (било да е тоа Моџи или пак некој од фамилијата Ањели сеедно...). Сакам Јуве конечно да биде исчистен од лошите луѓе дури и по цена на испаѓање во Серија Б, Ц...

10 Comments:
тешко да ти се исполни желбата другар ико течка работа после 80 години матни работи сега наеднаш да се исчисти јувентус тешко, ептен тешко невозможно....
80 години?! Па Јувентус на крај ќе искочат полоши од Хитлер штом цели 80 години прават криминал :))) Од кај баш 80 години? Тоа ме интересира... Во 1926 ли почнала целава работа?
Dobro kako i da e ti go sakas Juventus otkako postojat site kriminali, cim dosega si go sakal so kriminalot, malce ke ti bide cudno nekriminaliziran Juventus da sakas! Ke se priviknes sepak i Seria C1 e malce gledano sto ja snajde Genoa! Ja bi da im se zabrani da igraat fudbal 2 godini pa ke im dojde pamet
Epa sega ne sfakaj strikno 80 od koga dzani anjeli go prezema juventus i go pravi toa sto e i den denes masina za perenje pari crni biznisi i stanuvanje sampion so mesteni natprevari. Znaes li koja bese zelbata na Anjeli sto ne mu se ostvari a? Da go vidi juventus so 3 zvezdi ama izgleda ne planirase tolku rano da si umre covekot ama toa e toa. p.s Kolega Iko ne mi kaza dali navistina navivas za Lakers?
На крајот ке излезе " Се тресеше гората..се роди..." Ако се казнат сите екипи каде што имало матни работи, ке треба да ги сменат само буквите на Серија А со Серија Б и ќе го решат проблемот....:) бидејки колку повеќе се шири истрагата се повеке клубови се инволвирани така да мислам дека нема да излезе ништо спектакуларно од целата истрага....Останува да видиме...
Абе колега mickoski, Џани Ањели умрел млад?!?!?? Човекон имаше преку 80 години кога умре сега пред 4-5 години а последните 20-тина години од животот живееше и со рак на нешто (мислам на кожа ама не сум сигурен). Само една година после него умре и Умберто па наследници останаа Андреа Ањели и Џон Елкан.
Инаку да, навивам за Лејкерс исто толку време колку што навивам за Јуве :) Тимовите кои ги бодрам откако следам спорт се: Лејкерс (НБА, пред тоа ги сакав Орландо ама Шекил кога отиде во ЛА, оттогаш навивам за нив), Вардар во Македонија заедно со Фершпед (бившо Годел) Работнички. Уште од 5-то одделение сум со членска книшка од Комити и City Park Boys.
Од Европските тимови, освен за Јуве од поразот од Борусија Дортмунд во ЛШ навивам и за Барселона уште од времето на Ромарио и Стоичков. Во последно време мерак ми праат и Тотенхем...
Значи следната сезона најголемото дерби во Серија Б ке ви биде :
Јувентус - Милан :)
WIRETAPPING: MILAN INVOLVED TOO
According to the transcripts published in Corriere, Milan chairman Adriano Galliani - who is also president of the Italian soccer league - apparently had club management member Leonardo Meani make arrangements with referees commission secretary Manfredi Martino.
Meani was reportedly told by Martino two days before a game against Chievo Verona that Gianluca Paparesta would officiate the match. Martino also informed Meani that the team's linesman of choice, Claudio Puglisi, was assigned to the game.
Paparesta has reportedly acknowledged being locked up in a locker-room by Moggi for failing to assure the club a victory last season. Moggi is under investigation for allegedly trying to manipulate assignments of referees for Juventus games.
After a match between Siena and Milan in 2005, which Milan lost, Meani talked on the phone with the official who assigns linesmen, Gennaro Mazzei, and complained about a linesman at the game.
"I don't want him. I never asked for him and I never wanted him," Meani said, according to Corriere.
"Now you be careful, be careful," Meani said, adding that "Galliani is furious."
Бето, ти изгледа си заспал на НБА вчера и уште сонуваш :)))) Отиде Шевченко, сега ви доаѓа периодот кога ќе си најдете некои напаѓачи како Хозе Мари, Командини, Бориело и компанија :)))
iko deka ne pratam mnogu ,mnogu u posledno vreme , znam imase spekulacii deka buffon ke si idel , sto se sluci okolu ova ??
Не, нема ништо од тоа, не се секирај. Буфон останува.
Објави коментар
<< Home