Затишје пред бура

До крајов на оваа седмица се очекува мало фудбалско затишје во Италија пред да се дознаат конечните пресуди за скандалот во Италија (оние по жалбите) и пред да започнат трансферите.

Она што е важно е дека во сабота наутро од 9:00 часот започнува прегледувањето на жалбите на клубовите (Јувентус, Милан, Фиорентина и Лацио). Според сите информации, можни се само мали намалувања или потврда на веќе постоечките казни. Лацио и Фиорентина се надеваат на враќање во Серија А, Јувентус се надева на скратување на минусот од бодови а Милан се надева на добивање некој бод плус од минатата сезона за да настапуваат во Купот на УЕФА.

Што се однесува до Милан, пред неколку минути само што излезе официјалната информација дека одбиено е барањето на Емполи за вонредна постапка за добивање лиценца за настап во Европа со што Милан (ако ситуацијата остане иста) ќе го добие правото да игра во Купот на УЕФА. Италијанските весници денеска ја прокоментираа оваа ситуација како грешка на тимот судии кој го водеше случајот бидејќи нивната идеја Милан да не настапи во Европа оваа сезона не била добро обработена. Како и да е, со среќа нека им е.

За нас најинтересна е изјавата на Дел Пјеро кој рече дека по разговорите со Павел Недвед, сигурен е дека Недвед останува во Јуве и следната сезона. Колку е ова сигурна информација не би можеле да знаеме, останува да почекаме и да видиме.


Најбаран фудбалер во Европа - Ѕамброта


За крај, топ-тема во Европа денеска е пристигнувањето на висока делегација на Барселона во Торино на преговори за трансферот на Ѕамброта, Турам и Трезеге. Барса е заинтересирана за сите овие фудбалери и најверојатно до доцна вечерва или утре изутрина ќе биде познат конечниот исход на преговорите. Со овој потег, Барселона ги изненади Челзи и Реал Мадрид и веќе за неколку часа се очекува новиот потпретседател на Реал, Предраг Мијатовиќ да пристигне во Торино и да преговара. Што се однесува до мене, мој омилен тим освен Јувентус е и Барселона па затоа би сакал фудбалерите да заминат во Барса...ќе видиме...

6 Comments:

Anonymous Анонимен said...

Еј Типче Не Знам Дали Знаес Дека Јуве би можел да банкротира

3:44 попл.  
Anonymous Анонимен said...

na nekolku sajtovi pisuva deka agentot na bufon izjavil deka buki ostanuva vo juve
:D

6:45 попл.  
Blogger Ико said...

Не би можел да банкротира во таа смисла како што банкротираа Парма и Фиорентина. Парма и Фиорентина беа во сопственост на фамилиите Танѕи и Чеки Гори и кога фирмите кои тие ги поседуваа доживеаја банкрот, клубот престана да добива пари. Значи, Парма и Фиорентина банкротираа единствено поради банкротот на Пармалат и компанијата на Чеки Гори.

Од друга страна, фамилијата Ањели и нивните фирми Фиат, Ферари, Масерати немаат финансиски проблеми.

6:59 попл.  
Blogger Ико said...

Плус, Јувентус нема долг од ниту едно евро. Значи ако нема доволно пари, секогаш може да ги продаде сите фудбалери кои земаат висока плата, бидејќи расходите на еден клуб 80 до 90% отпаѓаат на платите на фудбалерите.

7:00 попл.  
Anonymous Анонимен said...

Буфон во Милано но не во милан ништо повеке од шпекулации но Интер испратил далеку подобра понуда за Буфон отколку Милан (15 милиони + Толдо), а Милан се надеваа за Абиати да го пратат во Јуве + пари но Абиати потпиша за Торино па така да ке видиме што ке се случи

5:22 претпл.  
Blogger Ико said...

Се случи - Буфон останува!!!

9:36 претпл.  

Објави коментар

<< Home