Маркиони во Јувентус!


Јувентус конечно дојде до првите две засилувања на тимот во новата година. Во наредниве неколку дена најпрво договор ќе потпише младиот Серџо Коке, напаѓач од тимот на Олимпик Марсеј. Тој има 21 година и е Шпанец а во дресот на Марсеј постигна 5 гола изминатата сезона. Коке, веднаш по пристигнувањето во Торино ќе биде испратен како позајмен фудбалер во Сиена па зависи од неговите настапи летово, управата и Капело ќе одлучат дали да го вратат во Јуве или повторно да го позајмат во друга екипа на “калење“. Покрај Коке, она што е поважно е доаѓањето на Марко Маркиони од Парма. Според сите медиуми во Италија, Маркиони задутре сигурно ќе потпише договор со Јувентус со што без обештетување летово ќе дојде во Торино. Договорот на Маркиони истекува во јуни и тој од почетокот на новата година може слободно да потпише договор со друг тим. Скоро цела Серија А беше заинтересирана за услугите на 25 годишниот крилен фудбалер кој знае да игра и по левата и по десната страна, со што ќе биде одлична поткрепа за Недвед и Каморанези идната година. Маркиони, поранешен младински репрезентативец на Италија своевремено беше еден од најголемите надежи на Италијанскиот фудбал но сепак не ги исполни докрај очекувањата. Во моментов е еден од најдобрите фудбалери на Парма па останува да видиме како ќе се снајде во Јувентус.

2 Comments:

Blogger Здраве said...

Пер од голема возбуда 2 пати си го постувал постов :))

7:21 попл.  
Blogger Ико said...

По грешка.

7:26 попл.  

Објави коментар

<< Home