Јувентус против Арсенал!!!
Јувентус го доби тимот на Арсенал за противник во четврт-финалето од Лигата на шампионите во ждрепката која се одржа денеска во Париз. Првиот натпревар меѓу овие два тима ќе се игра на Хајбери во Лондон, додека реванш-натпреварот Јувентус повторно ќе го игра на Деле Алпи. Ова е своевидно повторување на историјата бидејќи минатата година исто така добивме противник од Англија (Ливерпул) и се надевам дека оваа година ќе одиграме подобро против англичаните. Инаку, Арсенал е тимот кој игра во убедливо најдобра форма во ЛШ оваа сезона (заедно со Лион) и сеуште нема ниту еден пораз. Натпреварите по групи ги заврши со само еден нерешен резултат, додека во четврт-финалето го елиминираше Реал Мадрид со победа и нерешен резултат. Јас лично сум задоволен од ждрепката - можевме да добиеме и полесен, но можевме да добиеме и многу понезгоден противник. Секој тим кој стигнал до четврт-финалето е силен и не ставал никој во улогата на фаворит. Доколку сме успешни против Арсенал, во полу-финалето ќе ги одмериме силите со победникот од дуелот Виљареал-Интер/Ајакс додека од другата страна на финале ќе се надеваат Лион, Милан, Барселона и Бенфика. Сега не е време да се мисли на Лигата на шампионите бидејќи првите натпревари се дури на крајот на овој месец. Она што е поважно е дербито на Деле Алпи против Милан, ќе следува пост за натпреварот утре. Forza Juve!!!
11 Comments:
abe iko ovie arsenal se nezgodni sto zboris ti se dopadnala zdrepkata anri moze da ve unisti ako igrate kao so werder poso arsenal u gosti tepase ne e cudno i doma da izgubi juve sepak ne zaboravaj arsenal em saka da mu se odmazdi na viera em nikogas ne stignale do polufinale i oni se edinstven tim sto ke ja spasi angliskata gordost ako pomine poso drugive angliski ekipi ne bea uspesni no dobro ja sakam juve da stigne do finale za da igraat so milan ili barca ja ke navivam za milan ali i za barca sum za tie dve ekipi sekogas sum bil vazno da gi zgazat juve u finale ako stignat poso moze i inter da gi iznenadi juve sto znaes ova ne e kao vo italia so pomos da gi tepate inter ovde se igra prav maski fudbal do kraj i inter moze da bidat i finalisti posto gzlarite sve lesni ekipi im se pagaat ajaks pa villareal srekja imaat interasive ali ke vidime milan ako uspee i lion i barca i juve na kraj u finale da gi tepa toa ti e najbolji tim u svet definitivno poso najteskata zdrebka u istorija na milan e ova prvo baern pa lion strasno pa barca pa na kraj ili juve ili inter no ne sum bas siguren ama imam verba vo rossonerite pozdrav i so sreka vo nedela na juve i neka soberat sto povise navivaci ke im treba poso igra milan ova e derbi ne igra siena pa pak da bide stadionot prazen forza milan
Јоцо, јас велам дека ми се допаднала ждрепката од проста причина што можеше да ни се падне Барселона, Милан или Лион - тимови кои сметам дека се посилни од Арсенал. Уште повеќе, ждрепката ми се допаѓа бидејќи двата тима за кои навивам цел живот не би можеле да се сретнат се до финалето - Барса и Јуве - тоа е мојот сон, тоа финале е мојот сон. Имам дресови од Рикелме, Роналдињо и Чави од Барселона, како и два без име и еден Дел Пиеро од Јувентус - во финалето (ако евентуално играат Јуве-Барса) ќе ги менувам дресовите во зависност од тоа кој води :)))
Инаку, ова за судииве и за “помошта“ веќе нема ни да се замарам за да ти го коментирам бидејќи е досадно...
А за натпреварот во недела, нека биде што биде! Нека победи подобриот. Мене малку ме иритира што многу луѓе кои коментираат на блогов користат фрази како “Овие се најдобри“, “Овој клуб е најдобар во свет“ и т.н. Мислам дека такви коментари не се потребни бидејќи ниту јас никаде во постовите не спомнувам како Јуве се најдобри и најсилни и најголеми :)
За навивачи не се секирај бидејќи е добро познато кој тим во Италија има најмногу фанови. За тоа што Деле Алпи ретко е полн сум пишувал и немам намера пак да повторувам, пребарај по архивата во текстот за новата Јувентус Арена на која Јуве ќе игра од 2008 година. Како дополнителна информација, дресот на Јувентус и оваа година (4-та сезона по ред) е најпродаван во Италија :) А кога веќе зборуваме за фанови, ќе те потсетам дека групата Викинг Јуве беше таа што го предизвика распаѓањето на најголемата и најстарата група фанови на Милан: Fossa De Lioni, откако им го украдоа главниот транспарент (незнам дали знаеш но таква е традицијата во Италија).
И за крај, кога веќе зборуваш за среќа и за “гзлаци“ да те потсетам дека последната титула на Милан во Лигата на шампионите дојде по победата на Ајакс со гол во 90-та минута на Инзаги а потоа го “победивте“ Интер после 2 нерешени средби поради гол на гости:))) На крај, во финалето не победивте на пенали (кога сме кај среќа за ждрепката, таа година на Јуве му се падна Реал па Барса во нокаут фазата).
Доста дрвев...очекувај пост во пресрет на натпреварот утре :)
ok ali ne uspeeavte na kraj da ne tepate nas u 2003 ali nas ni e potesko poso sea se igra osmina finale znaci deka treba da pomineme ustvari pominavme edna teska ekipa i toa mnogu lesno ali tek sea uste tri zatoa a u 2003 imas samo cetvrtfinale ne vikam deka ne vi bese tesko ali ova e najteskata zdrebka na milan juve da ja imase i ti ke kazese neso za ova ali milan ako gi pobedi i lion i barca mislam togas ni juve ne mu moze nisto i na kraj ako osvoi milan nejkam zbor zaso so najteskite ekipi na kraj site da gi pobedis treba da si najak u svet taka da ako milan uspee ke bidat najaki definitivno a inter ako uspee nema zaso sreknicite so ajaks i villareal ke pominat i toa mnogu tesko taka da ima razlika koj kako zasluziva titula zavisi so kogo igras a kao so im se padnaa na milan treba da bidat bogovi da osvojat i ke bidat stvarno ako se desi toa na kraj a mene mi e milo so moze ke igraat milan i barca poso uvek sum za milan i za barca i za nikoj drug seedno mi e pak ke si imam edna ekipa za koja navivam u finale poso za barca i milan sum taka da koj i da ide vazno ke mi bide da pobedi i za nego ke navivam znaci i sum zadovolen poso osekam deka edna od moite omileni ekipi ke bide evropski sampion sigurno forza milan visca el barca
Јоцо, јас само те потсетив на 2003 бидејќи рече дека Јуве биле гзлаци :) Не велам дека Милан доби лесна ждрепка. Според мене, титулата во Европа има многу поголема тежина ако успееш да ги победиш најсилните тимови. Минатата година, на Ливерпул им успеа да ги победа Челзи, Јувентус и Милан што се меѓу топ 5 во Европа (според мене). А ако Милан освои, нормално дека ќе симнам капа.
Од ова гледаме дека во Лигата на шампиони голем удел има и среќата и затоа повторувам дека за мене, домашните првенства каде треба да бидеш силен, издржлив и константен во текот на цели 9 месеци се вистинска слика за силата на тимот. Не сакам да ја девалвирам титулата во Лигата на шампионите, и таа го има својот шмек.
Дај бе доста го распуцаваш милан остај го на раат , се фалиш на деца тука за навивачите ! :)
ok ja ne vikam za juve niso eden poraz imase a toa samo od milan mislam milan deka ovaa sezona se posilni od juve bez razlikata na tabelata ne zbori za koj od kogo e pojak taa pokazuva sampion koj ke bide a moze sampionot da go jade od drugite silni ekipi i on pak li ke bide podobar od niv nema sansi u direkten duel osobeno derbi si ja pokazuvaat silata koa gubat golemite od slabi ne se zaintersirani i gubat ali derbi nema site se skoncetrirani i koj tepa togas e bolje ja taka mislam i ja gomnarite celzi mislam deka ne se najaki ke go jadat uste ednas od mancester koj vleze u forma ako ne se pazat gotovi se a sampionskata titula moze murinjo u gz da si ja butne :)))preterav malce ali taka e pozdrav iko i cestito titulata ali u ls pazi nemoj da se zalis ako ve tepame u finale i so ubeduvanjata deka vie ste bile bolje znam deka nieden ne priznava poraz pa ni juve koa vise stignal do finale non stop ke naoga zabeleski zaso toa e finale za titula se raboti ke vidime do kaj ke stignat italijancive u ls pa posle ke zborime strasna e zdrebkata i na milan i na juve i ti ne gi potcenuvaj arsenal da te potsetam oni se najbolji u ls po grupi partal napraija nema vrska u prvenstvoto so ne igraat dobro tuka se skoncetrirani ako bidat tamu obavezno arsenal e sampion na anglia kao so bese predhodno ama u ls ne mu idese zaso ne go interesirase taka da moze da go tepa juve ako igraat taka loso kao so werder ne im ide na juve so angliski ekipi da te potsetam mancester liverpul itn ciao
Јоцо, за тоа кој е посилен, Јуве или Милан - може да дискутираме до утре сабајле...заклучок е дека Милан беше подобар од Јуве на двата меѓусебни натпревари, но Јуве играше подобро во остатокот од сезоната (не заборавај дека не ги победивме само “малите“ клубови, туку и два пати Интер, Фиорентина и Рома на гости, Удинезе..). Тоа е тоа. Мојот став за натпреварот го имаш во најновиот пост.
Инаку што се однесува до Арсенал - пишав и во постот - според мене, заедно со Лион се клуб кој игра најдобро во Лигата на шампионите оваа сезона и ќе ни биде многу тешко.
Инаку, и јас со нетрпение очекувам финале Јуве-Милан бидејќи сакам одмазда за 2003 година.
howitzer, јас го бранам Јуве а не го напаѓам Милан - ти си тој што за wallpaper на компјутер имаш anti-juve слика, ти текнува? :)
[B]NZBsRus.com[/B]
Lose Idle Downloads With NZB Files You Can Rapidly Find High Quality Movies, Console Games, MP3 Albums, Software and Download Them at Alarming Speeds
[URL=http://www.nzbsrus.com][B]Newsgroup[/B][/URL]
Making money on the internet is easy in the undercover world of [URL=http://www.www.blackhatmoneymaker.com]blackhat video[/URL], Don’t feel silly if you don't know what blackhat is. Blackhat marketing uses little-known or little-understood ways to produce an income online.
top [url=http://www.c-online-casino.co.uk/]uk casino[/url] brake the latest [url=http://www.casinolasvegass.com/]casinolasvegass.com[/url] free no consign bonus at the leading [url=http://www.baywatchcasino.com/]online casinos
[/url].
[url=http://www.onlinecasinos.gd]casinos online[/url], also known as operative casinos or Internet casinos, are online versions of plan ("chunk and mortar") casinos. Online casinos green swift gamblers to contend in and wager on casino games fully the Internet.
Online casinos customarily take up as a replacement appropriate to the episode that on odds and payback percentages that are comparable to land-based casinos. Some online casinos call for higher payback percentages as a countermeasure with a contemplation working gismo games, and some rear the news in payout concord audits on their websites. Assuming that the online casino is using an politely programmed unsystematically epitomize up generator, note games like blackjack request in the cards in behalf of an established discourage edge. The payout scrap as a replacement representing these games are established via the rules of the game.
Uncountable online casinos sublease or saunter into the holding of their software from companies like Microgaming, Realtime Gaming, Playtech, Universal Imposture Technology and CryptoLogic Inc.
Објави коментар
<< Home