Каде е грешката?

Како што сите знаеме, Јувентус е елиминиран од Лигата на шампионите во четврт-финалето и тоа со вкупен резултат 2-0 против Арсенал. Не би сакал да навлегувам во деталите од натпреварот бидејќи мислам дека сите го гледавте и знаете што се случуваше.

Би сакал да направам една подетална анализа за тоа каде работите тргнаа на лошо, т.е. каде е причината за неуспехот на Јуве во ЛШ (за Арсенал и самото четврт-финале до вчера беше најголем успех).

Според мене, работите тргнаа на лошо уште пред отприлика еден месец кога на два натпревари по ред, Каморанези беше изваден од игра во моменти кога беше еден од најподготвените на теренот. Идејата на Капело беше јасна: 1. Да се штеди Каморанези од дополнителни напори на веќе добиени натпревари и 2. Да се одржи формата на Адриан Муту кој оваа сезона настапуваше како замена и по левата и по десната крилна позиција. Капело не е тренер кој има историја на конфликти со фудбалерите, напротив, тој беше единствениот кој успеа да има нормален однос со Антонио Касано. Од тука, нервозата на Каморанези беше доста нејасна. Таа нервоза предизвика пад во неговата форма и кулминираше на првиот натпревар во Лондон по што заслужено си заработи парична казна.

Вториот дел од проблемот е Златан Ибрахимовиќ. Да се разбереме, Ибра е извонреден напаѓач и иднината на светскиот фудбал. Со само 23 години тој веќе прераснува во еден од најдобрите фудбалери. Има игра со глава, неверојатна техника, корпулентен е и брз. Сепак, лошиот финиш на акциите и на моменти себичноста направија неговата форма да тоне по надолна линија во текот на сезоната. Во еден разговор со Горан Пандев пред неколку недели, дознав дека тој самиот многу повеќе сака да игра зад напаѓачите отколку да биде оној од кого се очекуваат голови. Тој ми објасни дека во Италија притисокот врз напаѓачите е огромен и дека 3 до 4 натпревари без постигнат гол веќе предизвикуваат негативни реакции од јавноста. Со неефикасноста, Ибра стана сеир-мета на медиумите и на навивачите и се надевам дека тоа ќе се промени идната сезона. На двата натпревари со Арсенал (со исклучок на неколку добри потези на реваншот) тој делуваше отсутен од натпреварот.

Третиот дел од проблемот кој предизвика елиминација е Патрик Виеира. Тој и Емерсон одиграа неверојатна сезона заедно. Сепак, Виеира како да не можеше да се снајде на “својот“ стадион против “својот“ тим. Имав пречуство дека такво нешто ќе се случи, слично како Луис Фиго кој не успеа ниту еднаш да одигра добар натпревар на Ноу Камп по напуштањето на Барселона. Кога ќе се земе целата сезона во предвид, никој нема право да го критикува Виеира. Тој сеуште е еден од најдобрите фудбалери на планетава и еден од најзаслужните за успехот на Јуве во Италија оваа сезона (се надевам дека нема да се случи нешто неочекувано па да имаме проблеми и во Серија А).

Ова се само дел од проблемите со кои се соочува секој тим. Јавна тајна е дека Шевченко е скаран со Анчелоти како и Манчини со Адриано. Јавна тајна е дека Михајловиќ е шпиун на Манчини во соблекувалната и ги “таста“ оние кои зборат лошо за него. Тоа се работи кои се “зад сцената“ но кои им се добро познати на сите. Некои тимови и фудбалери успеваат да ги остават проблемите зад себе кога излегуваат на теренот, некои не успеваат.

Каморанези не успеа да ја остави нервозата надвор од Хајбери и да се обиде да го направи она што најдобро го знае на теренот. Зебина во ниту еден од малкуте натпревари оваа сезона не успеа да покаже дека заслужува подобар договор со Јуве. Сите знаеме дека е нервозен поради тоа што Капело не смета на неговите услуги, но наместо со груби стартови врз противниците, требаше да се докаже со стабилна и цврста игра во одбраната која ќе му го обезбедеше и толку посакуваниот нов договор. Виеира не успеа да го игнорира фактот дека треба да му се спротистави на тимот чија главна фигура во последните 10 години беше токму тој. Киелини, Балцарети, Муту и Џаникеда не успеаја да се покажат кога најмногу требаше. Имаа свои блескави изданија против просечни противници во текот на сезоната но потфрлија кога требаше да го докажат својот потенцијал да бидат фудбалери од првиот тим на Јувентус. Затоа, ќе поминат уште барем една сезона во споредни улоги.

За крај, имаме добар костур на тимот. Канаваро и Турам се способни уште една сезона да играат во најдобра форма но време е да се доведе и некој нов дефанзивец кој пополека ќе почне да го превзема местото на овие двајца пред Буфон. Замброта е еден од најдобрите (ако не и најдобар) странични бекови во светот. Тој најдобро се снаоѓа на левата позиција што значи дека очајно ни треба еден квалитетен десен бек. Верувам дека Виеира и Емерсон ќе одиграат уште една добра сезона заедно, со тоа што Капело и Моџи би можеле да размислат да доведат некои нови засилувања во тој дел од теренот бидејќи јас лично не сум импресиониран од изданието на Џаникеда и Бласи. Каморанези конечно ќе добие конкуренција на десната крилна позиција и тоа Марко Маркиони. Недвед ќе ја игра својата последна сезона по левата страна на Јуве и очекувајте дека Муту или некое ново засилување ќе добијат многу поголема шанса со оглед на физичката подготвеност на Недвед. Јас лично сум задоволен од напаѓачкото трио Дел Пиеро - Трезеге - Ибра. Трез е неверојатно ефикасен оваа сезона. Дел Пиеро е Дел Пиеро, додека оптимист сум дека Ибра ќе се врати во старата препознатлива форма.

Форца Јувентус!!!

12 Comments:

Anonymous Анонимен said...

и треба да си ги присоберат играчите кои им се раздавани на заем низ Италија, Франција и Шпанија од кои може да состави еден цел ефикасен тим...Volpato, Grafite, Maresca, Miccoli, Tachinardi... и еден куп други ... нема потреба од купување нови играчи , можеби еден или двајца...Juve per sempre !

12:16 попл.  
Anonymous Анонимен said...

Abe sve igraci koj od koj! Ama ako neka si gi zemat pa ke bide interesna bitkata za opstanok pomegju Juve, Lecce i Empoli! POZDRAV OD ANRI I KOMPANIJA DO JUVE! MNOGU SME JAKI!

1:38 претпл.  
Anonymous Анонимен said...

Поздрави го Анри од мене и пренеси му дека со оглед дека се петти во лигата може следната година да игра (најмногу) во УЕФА купот против Вардар :) Може и автограм ке успееш да земеш...

12:05 попл.  
Anonymous Анонимен said...

А може да ја освојат ЛШ па до година да ја бранат титулата?

11:28 претпл.  
Anonymous Анонимен said...

MALCE DA NE SI PODZABORAIL NA BLOGOV?
NOVOSTIODFUDBALOT.BLOGSPOT.COM

8:00 попл.  
Anonymous Анонимен said...

Нема грешка Ико,сме зборувале милион пати дека ЛШ е такво натпреварување каде може да се случи се и сешто.Се погоди да се одиграат два слаби натпревари и тоа е тоа.Никако не смее да се критикува тимот кој газеше се пред себе оваа сезона

8:10 попл.  
Anonymous Анонимен said...

druze sto go zabatali blogov ???

12:11 претпл.  
Blogger Ико said...

Не сум го забаталил, поздрав до сите што оставија коментари ама деновиве сум препрезафатен и стварно немам време за блогов. Ќе има пост викендов, поздрав!

4:11 претпл.  
Anonymous Анонимен said...

haha ubavo kazano beto na juve ke im dadat uste 200 minuti produzenie za da dadat gol i da ostanat neporazeni ama i mene seedno mi e zaso nie samo gi zgazivme samo milanezite mozat da tepaat koj sakaat nikoj drug ne e na visoko nivo kao nas, a juve neka ne bidat tolku sigurni deka se veke sampioni kao so igraat vaka ne da ke go izedat od lazio i taka nikad ne im ide so lacijalite, no ke vidime so ke bide niso ne se znae milan sea treba da misli samo na liga na sampionite zaso toa ni e najvazno u momentot povazno od toa necisto mesteno kalco so nema nikakva satisfakcija vo osvojuvanjeto za razlika od najdobroto natprevaruvanje liga na sampioni forza milan

8:54 попл.  
Anonymous Анонимен said...

Тешко дек ајуве ќе направи еден пораз и две нерешени до крај за милан да го престигне,али ипак се е можно.Исто како и лани фановите на Милан беа убедени дека се најдобри и дека ќе освојат два трофеја па останаа со празни раце.Така мислам дека ќе биде и оваа година.А милан е пацерски тим у последно време,со Лион беа мали деца.Иако и Јуве вчера педерски се извлече.Капело се радуваше како мало дете на ремито како никогаш до сега.

12:09 попл.  
Anonymous Анонимен said...

No Justification For The Crying Game!

Прочитајте ја и другата страна...

4:26 попл.  
Anonymous Анонимен said...

This is to inform you that we are currently giving out to individuals and firm st the rate of 3% loan interest... contact us now for any type of loan today at excelcashcraft@xnmsn.cn.

Thanks,

Advert Manager

12:09 претпл.  

Објави коментар

<< Home