Готово е!

Јувентус ја освои титулата во Серија А што за клубот е 29-та во историјата со што останува убедливо најтрофејниот клуб во Италија и воедно е на едно скудето оддалечен од 3-тата ѕвездичка над логото на дресовите.

Деновиве ќе уживам во успехот на мојот омилен клуб и нема да обрнувам внимание на останатите работи кои го опкружуваат фудбалот во Италија. Јас им верувам на Капело, Дел Пиеро, Виеира, Замброта, Канаваро, Турам, Каморанези, Трезеге, Ибра, Недвед, Емерсон, Буфон и останатите шампиони според кои Јувентус чесно и со борба на теренот на секој натпревар го освои ова скудето. Впрочем, целата истрага во Италија се однесува на натпревари од минатата сезона, така што ова скудето останува без ниту една црна дамка. Што се однесува до минатата сезона, ќе оставам судот (и останатите надлежни органи за овој случај) да донесат конечна одлука. Каква и да биде, ќе ја прифатам (било да е ослободителна за Јуве или пак да следува казна за Јувентус).

Иднината изгледа светло за Јуве иако си замина целокупното раководство на клубот кое беше на чело на Јуве изминативе 9 години во кои освоивме 5 титули во Серија А. Што и да се случи, никогаш нема да ја снема мојата љубов и почит кон Јуве поради непромислените, глупавите и алчните потези кои Моџи и компанија ги правеа користејќи ја довербата да го водат Јувентус која им ја даде покојниот Џани Ањели. Знам дека доколку тој сеуште беше на чело на клубот, никогаш немаше да дојде до вакви непријатни ситуации. Неколку луѓе во борба за пари (од милионери сакаа да станат милијардери) го оцрнија името на најтрофејниот клуб во Италија и доколку се вистинити обвинувањата јас сакам да платат за тоа! Факт е дека со одличната трансфер и финансиска политика Моџи и другарите се покажаа како одлични менаџери и беа творци на успесите на Јувентус, но желбата за нивна лична поголема заработка (покрај околу 3.5 милиони евра колку што изнесува платата во бордот на директори) ги уништи а може да го уништи и тимот кој го сакам.

Фамилијата Ањели како сопственик на Фиат, Ферари и Масерати има огромно богатство (милијарди евра) и сигурно е дека Џани и Умберто никогаш не би се согласиле да го вмешаат нивното милениче Јувентус во матни игри само за “ситна“ заработка (во споредба со она богатство кое го поседуваат).

“Диригентската палка“ во Јуве ќе ја превземе Џон Елкан, внук на Џани Ањели (син на неговата сестра) и наследник на целокупното богатство на фамилијата. Од него се очекува да го избере новиот менаџерски тим кој ќе го предводи Јувентус во годините кои доаѓаат. Верувам дека следува уште поблескава иднина за Јуве!

Forza Juventus!!!

32 Comments:

Anonymous Анонимен said...

Како гледаш светла иднина не знам?!? Јувентус во најдобар случај ќе биде казнет со одземање на две титули и деградирење во Серија Б, такашто третата ѕвездичка теоретски ќе може да ја освои најрано во 2010 година. Инаку, да не те потсетувам каква финансиска загуба би значело неиграњето на Јуве во Серија А, но исто така и евентуалната забрана за настап во Лигата на Шампионите. Јуве во Серија Б комплетно би го распродал тимот, а веројатно би стартувал и со негативни бодови (најмалку -6). Од кај ти е оптимизмот, не си ми јасен...

4:04 попл.  
Anonymous Анонимен said...

gotovo e iko i so tebe i so juve citaj vo gazeta delo sport vise juve e u seria b plus 300 milioni evra kazna em bufon se kladel mnogu ke si plati nema da brani 18 meseci kazna i del piero samiot izjavi deka i juve da ide u seriab ke ostane toa i go ocekuvav od nego da ne go napusti timot zal mi e i gabe slavis titula odi na forum na juve da vidis kolku se zadovolni so sega veke potvrdenata mestena titula kazi mi sea samo ako juve svarno mestel so vise e potvrdeno dali ke priznaes ili uste filmovi ke si prais kao gi tepaat avelino hahaha i samo da ti kazam go odredija startot za drigata sezona ke bide u oktomvri samo bez juve hehe a titulata ide stoposto kaj milan osven ako i niv ne gi namestat pa na kraj da ide kaj inter koj e cist e i inter da se izraduvaat a za 3 zvezdi ke pocekate kao so se spremaat ke vi gi zemat pola tituli i na milan ke im gi dadat na vice sampionot veke e odredeno deka ke mu sledi taka da uste malce mislam ke imame drug sampion sto mislis iko citaj malce a ne se prais naudren ne te interesira ako prpslavi go i poslednoto skudeto kojznae koga pak ke go osvoite i dali ke se vratite u seria zvezdite pospo site ke go napustat juve em ke nema vise pomos nikoja ekipa od sudii pa kamoli juve ke gi vidime togas kolku se jaki pozdrav i navivaj za barca za niv vredi da se naviva ke gi zgazime arsenal u sreda visca el barca forza milan

4:12 попл.  
Blogger Ико said...

Рома, се уште ништо не е готово. Не си ме разбрал најдобро (или јас не сум се изразил како што треба), иднината е светла поради тоа што фамилијата Ањели (Џон Елкан и Андреа Ањели) повторно директно ќе управува со Јувентус. Пишав и во постот, сево ова е направено заради финансиска заработка на Моџи и неговите придружници, додека фамилијата Ањели има доволно големо богатство и 100 или 200 (па и 500) милиони евра не би им направила голема разлика во фамилијарниот буџет така што сигурно не би ја направиле глупоста која ја направи Моџи.

5:08 попл.  
Blogger Ико said...

Гоки, ништо не е готово, дури сега почнува. Ставот на Јувентус (т.е. сопствениците на клубот) е дека Моџи, Бетега и компанија го правеле она што го правеле поради нивна лична заработка, така што самиот клуб ќе биде за казнување на одговорните луѓе наместо казнување на Јуве, фудбалерите, тренерот и навивачите поради непромислените дела на неколкумина.

Не верувам дека фудбалери како Дел Пиеро, Трезеге, Недвед, Виеира, Злата, Каморанези, Емерсон, Буфон и останатите и тренер како Капело би прифатиле да играат за личната заработка на Лучијано Моџи во кладилниците, без разлика дали судијата бил на нивна страна или против нив (бидејќи во неколку случаи се работи за пораз или нерешен резултат на Јуве).

Се надевам дека судот ќе го смести главниот дел од вината врз Моџи и Јувентус како клуб и неговите фудбалери ќе поминат полесно (одземање на некој бод од следната сезона и парична казна).

5:19 попл.  
Anonymous Анонимен said...

Ехеее Ико пријателе јас кога ти викав за Моџи и компанија ти НЕ па НЕЕЕЕ ми бараше докази. Епа еве ти докази Ико. хехех. Инаку Моџи и компанија од кој го научија бизнисот бе Ико. од твојот омилен лик најголемиот Мафијаш на сите времиња после Ал Капоне Џани Ањели. Самиот знаеш колку само валкани работи беа поврзани со Ањели. Епа да ти кажам играчите на јувентус играаа на терен ама играа и на други работи. ЗАР ЧОВЕК ТРЕБА ТОЛКУ ДА БИДЕ ЗАПОСТАВЕН ДА НЕ СФАТИ ДЕКА ВО ИТАЛИЈА СУДИИТЕ ГО ВЛЕЧЕА ЈУВЕНТУС А ГО ИРИТИРАА ИНТЕР А!? Тоа е тоа. но знаеш ти дека пријателите на ањели имаат џокер во ракавот! знаат они како со судиите хехе! ке видиме а ако ве осудат не биди толку сигурен дека моџи и компанија само ке настрадаат бидејки тие имаа одговорност дадена од некој па сега тој што им ја дал треба да ја плати. Инаку самиот џани ањели додека беше жив го намести моџи да управува со јувентус и сите тие мафијаши не го направија ова за пари сите они имаат големи пари. го направија и го прават поради слава и тоа да се биде прв и секогаш победник!

1:36 попл.  
Blogger Ико said...

Еее Мики... Толку разбираш. Моџи е поставен на позиција од страна на Умберто Ањели а не од страна на Џани. Џани и Умберто се разликуваа поради тоа што кога Џани беше на чело на Јуве, тој ги држеше сите работи под своја контрола, додека Умберто повеќе милуваше да назначи различни луѓе на различни позиции и тоа беше моментот кога влета Моџи.

Инаку ако те слуште некој од Италија дека зборуваш вака за Џани Ањели, лошо ти се пишува. Не заборавај на Ферари Ф1 тимот кој е гордост на секој, апсолутно секој италијанец а кој постои токму благодарение на “најголемиот мафијаш после ал капоне“ Џани Ањели. :))))) Не си ти крив, така си слушнал па така ќе збориш. Да беше Морати газда на Јуве, истото ќе го збореше за него... Сеедно :)

2:22 попл.  
Blogger Ико said...

Викаш: “Не го направија ова за пари сите они имаат големи пари. го направија и го прават поради слава и тоа да се биде прв и секогаш победник!“

Ако е така, тогаш на нив им треба психијатар, а не затвор.

2:24 попл.  
Anonymous Анонимен said...

Ej Tipce i jas sum za Juve mnogu mi e Zal sto ke odi Vo Serija B ili Serija C1 moze li da bideme prijateli stavi me jas te staviv.mojot Blog e www.fcjuventus.blog.com.mk
Cao se slusame

8:46 попл.  
Anonymous Анонимен said...

Друзе потполно се слагам со тебе , горе доле имаме исто миеслење за ситуацијава. Мислам дека можеме да се изавдиме на одговорност на Моџи и компанија , но истотака ситуацијата во Милан не е нешто подобра каде што они не можат да се вадат на некој друг.
-------------------------------------
Да појасниме за Buffon дека не би требало да има неикаква казна за него бидејки призна дека уплакал во калдилница но кога тоа било дозволено,а кога стапил на сцена законот за фудбалери да не се коцкаат тој истовремено прекинал.
forza Juventus !!! i цестито 29 титула на сите навиваци на јуве

9:50 попл.  
Anonymous Анонимен said...

taka e beto i iko ako saka neka im se pridruzi mozat da go zemat sea u seria c1 iko bidejki ke pravat rasprodazba na fudbalerite nisto nema da ostane kvalitetno od juve taka da iko duri ke im dojde dobro zasiluvanje negoviot golem son da igra za juve inace vise kazaa u site italianski vesnici deka ne moze juve da se izvadi nikako sigurno ide u b toa e najmala kazna ako bidat strogi kaznite u c2 ke idat juve taka da dosta im e i seria b srekni neka bidat a normalno titulite na milan treba da im se dadat za edno eden mesec da se cestita za dvete tituli sto ke im gi zeme milan na juve zasluzeno neka se raduvaat na neosvoenata titula poso ke bide nivna uste nekoe vreme potoa ke ide kaj carevite milan forza milan juve u seria b da ne povtoruvam u gazeta delosport ima ubavo objasneto da ne se macis iko ti da ni objasnuvas prvo procitaj pa zbori ako imas neso da kaes vise kao so gleas site fanovi na juve si znaat deka se krivi i si priznavaat eve i fc juve drugarcevo tvoe ubavo znae koj se juve iako i on e navivac za juve bar e realen si priznava a ti iko neznam do koga ke teras so ovie filmovi da ne si zemal horse pa te mavaat fleshovi hahaha FORZA MILAN IL NUEVO CAMPIONE DI DUE SCUDETTI NO UNO DUE FORZA MILAN JUVE MERDA AL SERIA B HASTA LA VISTA IKO :))

3:08 претпл.  
Blogger Ико said...

Бето, не се пали...еве докази, ќе има и судење па ќе видиме...

Росоњеро...збориш за читање, според твојот стил на пишување не верувам дека си прочитал многу ;)

Убаво е вака за вас што ќе се порадувате на титули кои ги немате освоено се до конечната одлука :))) Тогаш се разбира ќе испадне дека Јуве ги потплатил судиите во судот нели? :)

3:19 претпл.  
Blogger Ико said...

А за распродажбата на фудбалерите...се испорадувавте сите што можеби ќе грабнете по некој асален фудбалер. Тогаш може просечната возраст на фудбалерите на Милан ќе се спушти под границата од 35 години :)))

3:21 претпл.  
Anonymous Анонимен said...

Mođi ispitivan 6 sati
Inter samo tako i može da osvoji skudeto;da se Juve,Milan,Roma...izbace iz lige.Kao, Juventus je jedini grbav,a svi ostali su pošteni.Ako je Mođi, Laki Lucijano,šta su Berluskoni i Morati (Karlo Gambino i Vito Đenoveze),da ne spominjemo Kranjotija,Sensija i ostalih.Juve je najbolji,najjači i najorganizovaniji klub,simbol Italije i Torina.Ne može nam niko ništa.A vi interovci ako ima još kakvog otpada na fudbalskom tržištu Argentine slobodno ga dovucite u Milano.Ko zna,možda vam se posreći! FORZA JUVE!!!!!!!!

10:50 претпл.  
Anonymous Анонимен said...

ико гледам ти се нафрлиле еден куп противници на јувентус за тоа што и како разбирам самиот си виде а и се секаваш на нашите дискусии на блогот на интер јас цела недела ти докажував некои работи за кои велеше дека не ги разбирам па еве ги сега во живо ги гледаш хехех слушнав и министеррот за внатрешни работи бил човек на моџи еее ико човек како моџи е премногу слаб за да води мафија заедно со умберто ањели позади нив стоеше твојот омилен лик џани :)) правевме муабет и за тоа како јувентус станал голем клуб така да уште еднаш ти кажувам гледај ги работите од другата страна! за ферари истата работа ја гледаме која екипа во формула се дели од другите која екипа е лјубимце на ФИА а? туку да не мешаме формула. п.с. прочитав некаде си бил навивач на лејкерс а? ако е стварно барем тука се сложуваме во една работа хехех

5:55 попл.  
Anonymous Анонимен said...

на тоа што си напишал зошто моџи ја направил оваа работа еве ти ги последните зборови на моџи по неговото сослушување "Не можам да кажам дека жалам за тоа што го сторив, бидејќи се што направив, направив за Јувентус." така да не го направил тоа за да се збогати и за пари го направил тоа што во некое време му било кажано! знаеш и од кој! Моџи е само жртвеното јагне за јувентус да биде прв во сите категории било тоа и на нечесен начин! значи се работи за слава за ништо друго!

2:22 попл.  
Blogger Ико said...

Знам многу добро за изјавата на Моџи но кажи ми како да му верувам на зборот на човек кој направил вакво нешто?!?!

Јас лично не му верувам а мислам дека и на тебе треба да ти биде јасно дека се што се обидува сега Моџи да направи е да си го спаси својот газ од скапување во затвор нели?

4:15 попл.  
Anonymous Анонимен said...

Ико другар имај среќа моџи да не ја разоткрие цела шема и кој и што стои под него инаку затворот не му бега јас знев за моџи цело време и кога ти викав ти не веруваше е па сега гледам си го замразил човекот кој пред некое време според тебе беше клучот на успехот на Јувентус се виде каков бил и на кој начин го правел тоа! п.с. Ама уште не се даваш со јувентус мислиш дека моџи сам ги правел работите епа еве и за џираудо излезе скандал со затајување пари при трансфери. Баш ми е мило што еднаш засекогаш се откри кој е Јувентус а ке ми биде помило и кога ке ги гледам моџи и компанија во затвор и јувентус во втора лига!

4:59 попл.  
Blogger Ико said...

Мицкоски, што и да збориш не можеш да негираш дека Моџи ги направи некои од најдобрите трансфери на сите времиња :)

5:50 попл.  
Anonymous Анонимен said...

Се виде како и што направи се му паѓа во вода особено со начинот на кој со другар му Џираудо ги правеле трансферите иначе денеска цел ден сум он лајн па да ти направам некоја јадачка сега е времето хехех, што и да кажеш се вртиш пак во кругот наречен мафија моџи!

8:23 попл.  
Anonymous Анонимен said...

Znaci vaka: Prvo Moggi ne go postavil nikoj drug klub! Juve si go postavile, Juve ke snosat odgovornost! Nekako mnogu nevino mi zboris, kako da e nesto novo toa sto Juventus mestel ili ne znam sto~ Vaka muabetite za Juve deka mesti se vo poslednive 10 godini intenzivni i ako toa familijata (sto vikas deka ne znaele, Moggi sam gi mestel utakmicite) procepkale malce sigurno ke nasle 100 milioni pricini da go izbrkaat covekot sto "nivnoto galenice" go unistuva! Ne si jasen! Juve ke se brani na sud deka nisto ne znae! Abe daj ne zaebavaj ne se ova Hari Kostov i Aleksandar Prcevski! A za igraci, mislam deka ako gi prefrlat vo druga liga, 90% ke otidat vo stranstvo... T_0_D

1:41 претпл.  
Blogger Ико said...

Опа, само те чекав кога ќе искоментираш драг мој Тод :)))

Без разлика што не се “Прчевски и Костов“ на правна основа сосема е логична таквата одбрана на Јуве. Ако некој доктор во болница силува некоја пациентка, тој самиот лежи во затвор и одговара за делото а не болницата што го вработила :) Така да Јуве има реални шанси како клуб да се спаси од голема казна ;)

Мики, и јас сум онлајн цело време, ми дојде редот да ме зајадувате ама тука сум, ќе пробам да се држам :))

1:57 претпл.  
Anonymous Анонимен said...

Abe celo italijansko prvenstvo e namesteno ne znam sho se raspravate e sega nekoj odvreme navreme treba da go naebi ama obicno naebuvat poslabi ekipi, ne veruvam deka italijanskata federacija ke se odluci na takov poteg da go isprati najtrofejniot klub vo italija vo vtora ili treta liga za laziranje na utakmici... golema para e vo prasanje, popularnost na kalco ligata, tv prenosi, gledanost, premii... ne e tolku ednostavno... mislam deka juve ke si pomini samo so paricna kazna.

2:26 претпл.  
Anonymous Анонимен said...

Lele na sto si me cekal! Abe toa u pravo si! Ama Moggi ne e obicen doktor u bolnicata Juventus! I ne znam kako mozes da branis nekoj tim sto mestel utakmici i vo poslednite 10 godini zaedno so Milan si gi mestat site prvenstva! Znaci kako i da e na nekoj nacin priznavas deka Juve e kriv, samo sto ke se odbrani od obvinenijata! Dzabe i da se odbrani koga kako i da e sega uste poveke nema da go gleam toa sranje prvenstvo! Zosto tamu retkost e da najdes utakmica sto ne e namestena!

11:31 претпл.  
Anonymous Анонимен said...

Ико не смее ако се докаже и официјално на суд дека се местеле натпревари да се испреврти работата дека тоа се правело заради лична корист.И да не знаеле фудбалерите(бидејќи не можеш да освоиш титула само со местење а да играш катастрофално),сепак тоа е направено во корист на резултатите на Јуве, значи тимот добивал предност на терен,а не е битно кој ги влечел конците,за чија корист се правело оа ,било со една цел и мора да има одговорност.Така на пример сите тимови можат да најмат оперативци ,да прават нелегални работи и потоа клубот да се вади на туѓа одговорност.Нема логика тоа.А башка има и други клубови кои добиле исклучување поради местење.Дали Интер го интересира кој и што местел,кога ја загуби титулата во мечот со Јуве(пеналот над Роналдо)

3:42 попл.  
Anonymous Анонимен said...

Da taka e! A so bolnicata zajak sto vikas. Pa ne e Moggi eden od 1000 doktori. Tuku e eden glaven operativec, zad kogo stoi (ne)ugledot na Juventus! Ajde koga vikas od licni celi go pravel. Lani ne go fatija da mesti sopstvenikot na Genoa, tuku isto menadzerot! Sto znaci toa cim Genoa ja preselija direktiva vo C1 za edna utakmica, kade treba da mu bide krajot na Juventus so ogled na toa sto e umesan vo afera so 38 utakmici?? Pa zar postoi coek na planetata sto veruva uste vo postenosta na Juve?? Ako ima daj mi go da mu se iznasmeam! Zosto li pagjaat akciite, zosto li bordot na direktori se povlece ako bese odgovornosta na edno lice! Zajak ne si u pravo. Zal mi e sto navivas za Juventus, ali i da ostane vo liga vecno ke gi ima pridavkite "mestac", "nefudbalski", "kladilnicarski", "narkomanski"... ali ti vikam cim ne im ja odzemaa titulata 96ta koga se utvrdi deka site se drogirale..... ne se znae.. T_0_D

4:08 попл.  
Blogger Ико said...

Tod ме разочаруваш, мислев дека повеќе ги следиш работите... Со Џенова не го фатија менаџерот туку самиот претседател на клубот и тоа на лице место со торба полна пари во кеш !!!! Тогаш воопшто немаше ни судење бидејќи беше јасна ситуација (слично како со Олимпик Марсеј годината кога освоија ЛШ ги фатија како ја купуваат последната утакмица од првенство).

И не ме разбирајте погрешно, со примерот со болницата само сакав да укажам на принципот по кој ќе оди одбраната на Јувентус и на другите клубови (освен Фиорентина бидејќи таму се замешани самите сопственици).

3:56 претпл.  
Anonymous Анонимен said...

Lele daj ne zbori za prevrtuvanje na sliki sto se sluci za da ja premestat Genoa! Da nema popametna rabota pretsedatel ke seta so pari! A za bolnicata dobar ti bese primerot samo uste Juve da imase doktori (ko Moggi) kolku sto ima bolnicata! Znacu Juventus e milenice, nego Moggi go zloupotrebuval, kutrite tie lele, toj Moggi idiotot im mestel tituli bez da znaat kutrite, a ekipite sto gubea tituli ne treba da ims e vratat!

11:58 претпл.  
Blogger Ико said...

“It was impossible for us to spot what was happening,” noted Elkann. “The knowledge of the shareholders is based only on official documents presented at the meetings. We are still trying to ascertain details as to the behaviour of individuals in this organisation, but Juventus will not sit passively while the storm rages.”

Изјава од Џон Елкан, внукот на Џани Ањели :)

12:29 попл.  
Anonymous Анонимен said...

Еве ги и Интер , единствените кои се бранеа цело време дека они се чисти и дека не правеле ништо нечесно и дека заради малверзациите на Јуве и Милан неможеле да освојат титули....хехе

Добро им кажа Капело: "They are a lovely side.....of Argentinians" :)

2:22 попл.  
Anonymous Анонимен said...

Haha lele sto kazal vnukot na Angneli pa da ne trebase da kaze Da mestevme:) Lele stvarno kolku cesna izjava idam da se poseram sega:) abe zajak zajak

4:01 попл.  
Anonymous Анонимен said...

abe so zajaci kao iko ne moes da se razberes i da padnat u 5ta liga juve pak ke vika deka se najdobri i ke gi uvelicuva zamislete iko uste ke postira za juve i koa ke igraat u seria b i ke gi fali kolku dobro izigrale so padova 2-2 haha i nivniot najdobar igrac bil padovano klasa igrac iko ke go proglasi za talent koa ke go zemat juve sea vo zamena za site zvedi so ke mu go turat na juve ni del piero veke nema da ostane ke si ide ke gi ostavi juve i togas ke nema smisla postoenjeto na mafijasite bolje vise da ne igraat fudbal ni sopstvenite legendi na klubot se otkazaa site igraci si odat ne gi sakaat veke a ti iko moes da produzis da se prais budala ti stoi mnogu dobro, a buffon samo so ne potpisal za milan coekot znae kaj treba da igra arivederchi juve FORZA MILAN

11:31 попл.  
Blogger Ико said...

Платини, Зидан, Дешамп, Баџо, Вијали, Раванели, Тардели, Ѕоф па сега и Дел Пиеро, Недвед, Буфон......ме мрзи да ти ги набројувам сите.... Тоа се фудбалерите на најдобриот клуб во Италија, тоа не го кажувам јас туку 29-те титули во Серија А.

Јас навивам за Јувентус и го сакам Јувентус така да не е важно каде и со кого играат, не гледам причина зашто не би ги следел и во Серија Б, Ц...

Ве поздрави Шевченко кој го сакаше Милан толку многу што му требаше само поголема сума пари и наредба од жена му за да си отиде...

2:39 попл.  

Објави коментар

<< Home