Катастрофа !!!

Вечерва бевме сведоци на Јувентус во едно катастрофално издание. Во натпреварот во кој требаше да одиграме најприсебно, најсконцентрирано и најдобро, нашите фудбалери потфрлија од Лондон се враќаме на Деле Алпи со 2 гола во нашата мрежа.

Сигурно дека сите го гледавте натпреварот па така мислам дека не треба да прераскажувам. Силите на теренот беа еднакви само во првите 30-40 минути, се додека Арсенал не го постигна водечкиот гол. Во преостанатиот дел од натпреварот гледавме еден очаен тим на Јуве кој едноставно се загуби на теренот. Нападот беше катастрофален. Трезеге и Ибра едноставно играа без концепција и не успеаја да создадат ниту една шанса за гол. Каморанези беше премногу нервозен и не покажа ништо од неговите способности и не упати ниту една корисна топка во шеснаесетникот. Од другата страна, Муту практично се загуби на теренот. Поради суспензијата на Недвед, токму тој требаше да направи да не се почувствува отсуството на чехот, но слично како и Каморанези се вклопи во сивилото на офанзивните фудбалери. Виеира и Емерсон освоија доста топки на средината и прекинаа многу напади на Арсенал, но едноставно и тие немаа идеја како да ја организираат играта на Јуве. Единствените светли точки беа во одбраната: Канаваро, Турам и Замброта беа на нивото на задачата но и тие не успеаја да импресионираат со оглед на тоа што Јуве прими два гола. За Зебина не сакам воопшто ниту да коментирам. Безброј загубени топки и груби стартови и прашање на време беше кога ќе добие црвен картон.

Јувентус ќе мора да одигра многу многу многу многу подобро на реваншот на Деле Алпи за да може да се надева на пласман во полу-финалето. Ќе ни треба играта со која го совладавме Реал Мадрид со 3-0 пред 2 години, играта со која ја победивме Барселона на гости истата сезона, играта со која го победивме Интер на Деле Алпи и играта со која славевме против Рома на Олимпико со 4-1. Јас сум непоправлив оптимист, па и покрај тоа што сум максимално разочаран од изданието на мојот омилен клуб, продолжувам да се надевам дека можеме да му го одземеме на Арсенал пласманот во полуфиналето.

Тоа е тоа, им се направи меракот на анти-јуве фановите па сега ми останува да ги читам нивните коментари и нивната радост поради неуспехот на Јувентус во Лигата на шампионите. Па, повелете :)

15 Comments:

Anonymous Анонимен said...

druze isto i jas sum razocaran od igrata na juve . Poloso za nas ne mozese i da bide(pola tim nema da ni igra na revansot i imeme minus dva gola), sepak uste se nadevam deka moze da gi pomineme Arsenal no realnosta e sosema drugo eden primen gol na dele alpi ke treba cetiri da dademe(a znam deka ke primime barem eden) pa taka da sega neka se skoncentriraat na domasno prvenstvo deka so vakva igra ne e cudno i toa da go izgubime. pozdrav !

8:54 претпл.  
Anonymous Анонимен said...

Ne se sekavam deka sum videl na Juve da mu se sluci vakov RASPAD NA SISTEMOT. Arsenal gi ubi so tempo, gi fati na zamor. Isto taka se vide kolku nedostigaat Nedved i Del Piero. Ne bi smeelo igraat na eden golem tim tolku da zavisi od samo dvajca igraci. Sreka sto krajot na sezonata vo Serie A e blisku i rasporedot na Juve e lesen. Inaku jas (da bev na tvoe mesto) ke bev zagrizen i za scudetoto.

9:12 претпл.  
Anonymous Анонимен said...

Sorry, zaboraviv da go potpisam prethodniot komentar.

9:13 претпл.  
Anonymous Анонимен said...

mora da spomneme deka arsenal bea odmoreni poradi odlozeniot mec so portsmouth iako ne moze da se pravdame ,nedvad i del piero (sekako daka falea )no klub sto ja saka LS ne treba da pretstavuva problem . Mislam deka vinata za vaka slabo izdanie na juve e fabio kapelo

10:14 претпл.  
Anonymous Анонимен said...

Eh bjankoneri kade ste sea? Normalno, imashe internacionalen sudija, a ne italijanski, i nemashe koj malce taka da potturne ili progleda niz prsti ili na kraj kraeva da priznae nekoj gol od offside. Vtoro, tochno, faleshe Nedved. Chovekot gnjuri, se frla, pagga, i taka nekoj sloboden udar da dobieshe u bilizna na shesnaesetnik, pa evetualno pak nekoj "prekrasno izveden sloboden udar" gol da se dobie. Konechno ja vidovme pravata snaga na Juve ovaa godina. Samo ne se vadete deka bile umorni, deka ne im bil denot, ili deka devojka mu na Ibra ne mu dala predhodnata vecher...

Toa e toa, barem eve mozzam da vi chestitam skudeto :)

10:59 претпл.  
Anonymous Анонимен said...

Едноставно нема друго,освен што Арсенал одигра многу поангажирано и едноставно го направи Јуве да изгледа безопасен и како просечен тим:недвед недостигаше но тешко и тој да беше дек а нешто повече че направеа,бидејќи многу натпревари фалеле и каморанези,недвед и дел пиеро и заброта и други па Јуве тепал.Не беше вчера денот на Италијанците ,тое е просто и јасно.Виновник не може да се бара ,туку треба да се поздрави играта и поставеноста на играчите на Венгер.КАморанези беше нервозен од Рејес,ако се сеќаш слично нервозен беше и Сисињо истоа така поради Рејес по истата десна страна.НЕшто има тука.Трезеге не сум го видел досега да биде толку незабележителе.Очекував о Јуве тоа да го стори(да го изолира) Анри но очигледно Топчиите беа полукави во дестабилизирање на навалните линии.У глобала катастрофа.Не очекував,и Реал беше боље

2:24 попл.  
Anonymous Анонимен said...

Ke pisam latinica oti nema na ovoj zariban kompjuter mk podrska poradi toa sto morra da mu pisam nesto na drugarot Iko. E pa Iko Kole ubavo ti napisal Evropa ne e Italija sme go videle toa mnogu pati i ovaa godina i minatata i predminatata nema penali slobodni udari deprimiranje na drugata ekipa od strana na sudijata Nesto tuka se gledaaaa? Znaci ne e do tolku juventus da e jak vo 31 kolo da ima samo eden poraz hehe vo 9 natprevari 3 porazi so poveke crveni 3 ili 4 ako dobro mislam i 2 ili 3 vo 31 kolo na kalcoto (Ti kako sportski novinar ispravime ako gresam) E pa toa e toa mnogu bevte jaki vcera nemam zborovi za igrata na juventus ama jas uste ne go otkazuvam imate sansa Spremajte gi iglite ovaa nedela i na juris 120 minuti dobro trcanje arsenal kaj i da e posle 70 ke padne imate sansa! samo nemoj kako na slikata so monteiro da bide (antijuve.blog.com.mk) te nema nesto tamu neznam sto e rabotata! p.s. ne e moj blogot da znaes pred nesto da mi zboruvas!

6:20 попл.  
Anonymous Анонимен said...

Топот ја нападна Дамата

Можеби премногу шаховски звучи овој наслов иако се зборува за првите натпревари од 1/4 финалето на Лигата на шампионите во фудбал, сепак "Старата Дама" е во шах позиција а заедно со неа е и нејзиниот крал, неговото фудбалско величество Фабио Капело.

Битката започна на Хајбери во Лондон и во почетокот беше неинтересна за гледање, премногу тактизирањето на двајцата "кралеви". Но Арсен Венгер одлично им ја одреди позицијата на своите "војници" така да нив ги имаше на сите страни од теренот и со брзи и кратки проигрувања го совладуваа просторот и стигнуваа до шанси и полушанси.

За прв пат на некогашниот свој домашен терен се врати и "грофот на средината на теренот" Патрик Виеира. Но таа вечер и тоа негово враќање кај своите како да беше маѓепсано од страна на неговите поранешни соиграчи и по една изгубена топка на Виеира од страна на "волшебникот" Пирез во 40' од натпреварот по една добро развиена полуконтра топката стигна до "тореадорот" Сес Фабрегас кој многу лукаво по земја го совлада "господарот на златните порти" кај "Старата Дама", одличниот Џанлуиџи Буфон. Од тој момент екипата од Италија како да имаше урок фрлено врз неа и цел натпревар многу слабо играше.

Се чуствуваше отсуството на најдобрите "војсководци" за Фабио Капело, а тоа се "волшебникот" Алесандро дел Пиеро и "генералот" од Чешко-Моравската област, Павел Недвед.

Треба да се каже дека Арсен Венгер добро ги обучил своите играчи од одбраната така што "платениците од Африка" Ебуе' и Туре' одлично ги запираа напаѓачите на Јувентус, односно "маркизот" Трезеге и "мехмет паша" Ибрахимoвиќ, и тоа освен по земја одлично ги запираа и во воздушните дуели иако Трезеге и Ибрахимовиќ се високи играчи. Немаше кој достојно да го замени Недвед на средината од теренот, а неговата замена "грофот од Трансилванија", Муту, многу слабо играше на крилната позиција и на средината од теренот, а од десната крилна позиција слабо играше и "Дон" Maуро Каморанези, така да и двајцата слабо ги "хранеја" со употребливи топки на Трезеге и Ибрахимовиќ.

Арсенал играше на контри и со прекрасни уфрлувања на своите играчи од 55' до 70' направија 3 прекрасни шанси и тоа на Фабрегас, Ебуе' и Анри. Во истата 70' повторно од полуконтра "волшебникот" Aнри го совлада Буфон по втор пат.

На крајот нервозата беше присутна кај Каморанези и Зебина и двајцата добија по втор жолт картон и со два играчи повеќе "топџиите" победија со 2:0.

Единствено Буфон достојно ја извршуваше својата задача во екипата на Јуве. Предноста на Арсенал е голема, но останува да видеме за 8 дена дали Капело ќе извади нешто од своите ракави.

Pozdrav od sportskata redakcija na www.digimka.net

11:07 попл.  
Blogger Ико said...

Воодушевен сум од последниот коментар!!! Го ставив како пост. Што се однесува до останатите коментари: сите што пишувате за судии, дрога, местење и останато ги знаете моите ставови, не би сакал да се повторувам. Тоа што вие си ги лечите раните од Серија А со неуспехот на Јуве во Лигата на шампионите е ваш проблем. И не ми е јасно како вие миланезите зборувате за Лигата на шампионите, како да сте претплатени за нејзино освојување и како однапред да сте ја освоиле. Да ве потсетам уште еднаш дека во последните 15 години и Милан и Јуве по еднаш ја освоија ЛШ, што значи дека откако јас следам фудбал и навивам за Јувентус, еднакви сме :)

Некој искоментира дека можеби се распаѓа играта на Јуве и дека можеби треба да се стравува оваа лоша форма да не се пренесе во домашното првенство, но јас мислам дека се работеше само за една лоша вечер и ништо повеќе.

2:06 претпл.  
Anonymous Анонимен said...

vidi vaka site ekipi mestat ali pogolemi profesori u mestenje od juve nema toa e razlikata cuden tim bil juve zemal kalco kao nisto a go jadel stapot u sekoe drugo natprevaruvanje osobeno u najvaznoto ls i toa od kogo od eden arsenal sreka so gi nemate lion kao protivnici petarda ke pukase:)) a bufon e najbolje tocno covekot sekad treba da ve vadi koa ste duduci cel tim ja vidovme najdobrata odbrana u italia ali najklosarska u evropa i u svet haha kao so rece voditelot na mtv arsenal si igrase mal fudbal u sesnaesetnikot na juve toa i go cekav da vidat site koj se juve narkomanite kao so rece mickoski zemete gi iglite i na rabota. ej i iko pazi so kaza sea te molam ne izbrzuvaj koa sakas da kazes neso vidi coek vikas juve od koa pamtis u posledni 15 godini imaat osvoeno so milan po edna titula i isti se haha togas isti se i u kalco poso u posledni petnaes godini milan ima 7 tituli u kalco a juve 6 sea ke im bide sedma i ke bidat isti kao milan razbiras po tvoja procenka mnogu pametna so ja napravi ako dobro mi odgovara isti se milan i juve i taka i vaka poso na edno mesto milan e potrofeen na drugo juve a u posledni 15 god pak e isto haha koa ne si informiran ne se itaknuvaj ej i fala za linkot so go objavi za sranata na milan forza milan

3:03 попл.  
Blogger Ико said...

rosonero, па тоа и сакав да кажам, дека се исти. Незнам кај гледаш ти некое истакнување ?!?

4:39 попл.  
Anonymous Анонимен said...

[color=silver]Музыкальная группа [url=http://dejavu-group.ru/svadba.php]Дежа вю[/url] - это коллектив дипломированных вокалистов и музыкантов.
[url=http://dejavu-group.ru/about_us.php]Dejavu-group[/url]- один из лидеров в области проведения и организации праздников, дней рождения, шоу-программ, копроративов, торжеств и дней рождения.
В копилке группы Дежа вю около 3 тыс. песен.
Живая музыка. Поп, хиты 70-80-90-х, диско, джаз, ретро, современная музыка, европейские хиты, фоновая музыка, шансон .
Музыканты Dejavu-group обладает мощной качественной музыкальной аппаратурой, которая позволяет заполнить приятным уху звуком как небольшое помещение (фуршет), так и большое помещение (корпоратив до 1 тыс. человек).

Игорь +7 916 623 4047 [/color]

2:16 попл.  
Anonymous Анонимен said...

[color=silver]Музыкальная группа [url=http://dejavu-group.ru/index.php]Dejavu-group[/url] - это коллектив виртуозных вокалистов и музыкантов на праздник.
[url=http://dejavu-group.ru/artist.php]Dejavu-group[/url]- один из лидеров в области музыкального сопровождения свадеб, дней рождения, корпоративных вечеров, шоу программ.
В репертуаре ВИА Deja Vu более 3тыс. песен.
Живая музыка. Диско, хиты 70-80-90-х, джаз, ретро, шансон, современная музыка, европейские хиты, фоновая музыка, поп .
Музыканты Дежа вю располагает мощной качественной музыкальной аппаратурой, которая позволяет наполнить приятным уху звуком как небольшое помещение (фуршет), так и большое пространство (корпоратив до тысячи человек).

Игорь +7 916 623 4047, Андрей +7 910 483 8294 [/color]

7:30 попл.  
Anonymous Анонимен said...

bhebqpt kqe rwxzc blonde teen

anqnm!

tfjmu pfuvay rga oral porn

6:16 попл.  
Anonymous Анонимен said...

здесь на этом интернет-блоге вы сумеете почитать огромный ассортимент умных статей про [url=http://medbaz.com/news-more-902.html]ветрянка[/url].

12:23 претпл.  

Објави коментар

<< Home