Нерешено во Киево :(

Натпреварот беше брз и жесток и одличен за гледање. Првите две шанси ги имаше Златан Ибрахимовиќ кој дефинитивно беше малерот на вечерта промашувајќи барем 4 одлични шанси за гол. Казната стигна по еден контра-напад откако Лука Семиоли нафрли до Франческини кој со одличен удар го совлада Буфон. По половина час игра, Јувентус се врати со голот на Виеира (5-ти за него оваа сезона) откако со глава ја смести топката во мрежата по слободниот удар на Каморанези. До крајот на натпреварот и двата тима решително напаѓаа. Киево играше со еден напаѓач (Тирибоки а потоа Пелисиер) и најчесто се закануваше од контра-напади додека кај Јуве фалеше Трезеге кој буквално не успеа да мрдне во текот на сите 90 минути и немаше ниту една шанса. Капело се отвори внесувајќи го во игра Дел Пиеро на местото на Каморанези но освен 2-3 опасни нафрлени топки кои напаѓачите на ги искористија, Пинтуричио не направи ништо. На крајот, реален исход беше нерешениот.
По натпреварот Капело не заборави да ги пофали домаќините за одличната и решителна игра и им предвиде одличен пласман на крајот на сезоната. Што се однесува до Јуве, Капело беше задоволен од играта, освен од ефикасноста на напаѓачите кои мораа да постигнат барем еден гол.
1 Comments:
Мислам дека време беше да кикснат пер.
Објави коментар
<< Home