Зебина останува!
Добра вест за сите фанови на Јуве: Џонатан Зебина останува во Јувентус барем до јуни! Во текот на вчерашниот ден, Зебина беше подготвен да замине во Лондон и да потпише договор со Тотенхем каде ќе настапуваше како позајмен фудбалер до крајот на сезонава, но сепак, Фабио Капело успеал да го убеди да остане до крајот на оваа сезона во Јувентус. Зебина отпадна од првиот тим на Јуве заради повредата која го мачеше скоро 3 месеци, а подоцна и поради неговата арогантност во преговорите за нов договор. Имено, Зебина кој во моментов заработува 1,4 милиони фунти годишно барал платата да му се зголеми дупло т.е. барал скоро 3 милиони фунти по сезона. Ова беше одбиено од страна на управата на Јуве по што Зебина почна да води “инает“ и ги прекина разговорите за нов договор. Сепак, според денешното соопштение од Јувентус и од агентот на Зебина, тој се договорил со клубот до крајот на оваа сезона да не разговараат околу договорот туку да се сконцентрираат на фудбалски теми, па дури летово да започнат преговори за нов договор. Зебина најверојатно ќе биде во составот на Јуве веќе во среда за натпреварот против Рома на Олимпико во Рим од Купот на Италија.
2 Comments:
Добра вест? Океееееј. Да ти кажам право, Зебина беше единствениот играч за кој не ми беше жал што го земавте од Рома :) Уствари и Легротаље, уште поголем киксер од овој првиот. Па Зебина е слаба точка во одбраната бре. Тој прави поголеми грешки од Роберто Карлос (за кој знаеме - ако ја промаши топката Касиљас прима гол!)
Анонимус, Зебина беше стандарден минатата сезона кога Јуве ја освои титулата. Ни треба Зебина бидејќи доколку тој не игра мора Замброта да ја покрива десната позиција каде што не може да дојде до полн израз со својата игра, додека лево ќе мора да се потпреме на младите Киелини и Балцарети - Јас сепак би одел на варијанта со Зебина по десна страна до крајот на оваа сезона па летоска ново решение ќе бараме. Бето, на кого му се обраќаше ?
Објави коментар
<< Home