Златан бричен, нерешено со Парма
Јувентус одигра нерешено 1-1 со Парма во пресрет на големото дерби со Интер овој викенд. Златан Ибрахимовиќ го постигна единствениот гол за Јуве во еден доста изедначен и интересен натпревар. Парма беше тимот што започна подобро и имаше поголем дел од шансите во првото полувреме. Златан Ибрахимовиќ ја избричил главата и во дебито со новата “фризура“ го постигна единствениот гол за Јуве. Парма поведе благодарение на грешката на одбраната на Јувентус - Фабио Канаваро се сопна и падна па неможеше да покрие. Интересното е што Златан го постигна својот 4-ти гол сезонава исто така по грешка на одбраната - и тоа на Паоло Канаваро (лоша вечер за браќата Канаваро). Во продолжение од натпреварот се повреди Замброта (изгледа станува збор за поситна повреда, ќе биде спремен за против Интер викендов) додека слободен удар на Дел Пиеро заврши во пречката. Во последните 3 минути од натпреварот имаше 2 интересни ситуации: најпрво Грела играше со рака во шеснаесетникот и судијата и покрај протестите на фудбалерите на Јуве (играта со рака се гледаше од авион) покажа играта да продолжи за само неколку секунди потоа да досуди пенал за Јувентус од ситуација која беше сомнителна. Патрик Виеира беше допрен од еден од одбранбените играчи на Парма во шеснаесетникот и Французинот театрално падна по што Јуве доби пенал. Сепак, Дел Пиеро повторно ја погоди пречката што значеше и крај на натпреварот со конечен резултат 1-1. И двајцата тренери се сложија дека нерешен резултат е најреален исход на овој израмнет натпревар. Со овој бод сега имаме 9 бода предност пред Интер кој загуби во Фиорентина 2-1. Следува дербито на Италија на Џузепе Меаца викендов: Интер - Јувентус. Forza Juve!
14 Comments:
нели не ви суделе пенали кај е моџи да каже нешто сега
Хаха....па читај таму или симни хајлајтс од интернет: не ни свирнаа чист пенал! А Дел Пиеро и така го промаши “сомнителниот“ пенал.
Што Моџи? Кај се Манчини, Факети и Морати да кажат дека и со Фиорентина судиите се криви?
Ќе ви дојде на гости Моџи во недела и само он ќе искочи насмеан од Џузепе Меаца :)
abe toa juveto nezdravi se em vise se sampioni em mestat so sakaat da dokazat so toa deka se najomrazen klub stvarno ne gi razbiram da ne utnese del piero ke bese pak istata prikazna ali ke vidime kolku mozat so golemi timovi da se vadat osobeno u liga na sampioni toa e tabu tema za juve so godini a tamu se gleda koj kolku moze a ne u mestenono kalco na selsko nivo e so liga na sampioni ako gledas tamu juve nema bas nekoj uspeh i toa mi e cudno samo vo italia sve mozat da osvojat ocigledno zasto ali u evropa nema da dojde roseti ili palanka da im pomogne na mafijasite gubentus
Друже, после се ова што си го напишал те разбирам зашто не си се потпишал.
Прво, не ти ја разбирам реченицава: “em vise se sampioni em mestat so sakaat da dokazat so toa deka se najomrazen klub“
Второ, Јувентус има 4 финалиња во Лига на шампиони во последните 10 сезони (од 1996 до денес) и ако тоа ти го сметаш за неуспех тогаш губи се од блогов!
И за крај уште еден твој бисер: “ke vidime kolku mozat so golemi timovi da se vadat osobeno u liga na sampioni“ - во Италија, од големите тимови ги преслушавме Интер, Рома и Фиорентина а ќе ги преслушаме и Милан на Деле Алпи. За во Лига на шампиони треба ли да зборувам? Елиминација на Реал Мадрид две сезони по ред, Барселона и т.н. И колку да се потсетиш: бевме елиминирани од Ливерпул токму по судиска грешка бидејќи не беше признат чист гол на Дел Пиеро на реваншот на Деле Алпи.
милан нема да го преслушате зошто е наместено двете да се изгубат. иначе типов не слушнал загерманско или француско првенство па мисли дека у италиа највише се мести не се нервирај секакви ги има поздрав селектор и со среќа против интер
Од каде сега оваа информација дека ќе биде нешто наместено со Милан?!?!
кај се криви судиите со фиорентина,незнам на што целиш.
Него она јавно моџи шо го кажа да не беше опомена до судиите дека не му досудиле пенал.
Дај бре прекинете со тие шпекулации и местења ебаве , ми идете на живци и со судии и со местења ебаве , дај малце земете гледајте фудбал а не да рокате глупости ... ко иди види сте ..
Таков ни е ебаниот наш мак менталитет за секоја грешка или немарно однесување да целиме кон МЕСТЕЊА и СУДИИ.
Набројте ебан тим и да ви најдам преку 10 судења во полза на нив...
Порасноше пилце , појебаше квачке сте
Горјан, тоа беше шала...
How1tzer, убаво им кажа! Тоа е проблемот со нашиот менталитет...причината за своите проблеми секогаш ја бараме кај другите...
Секој пораз на фаворит, пенал во 90-та, црвен картон - секогаш се почнува од судиите...без врска.
знам шпошо им го дадоа абијати да не им го дадеше милан јуве ќе остана без голман то ес ке бранеше чименти а вака им го дадоа аиати за 2-те утакмици. а иначе батали ги јуве сеа се у мака криза пази ги рома газат све пред себе forza ROMA http://www.romafanzone.blogspot.com/
Filip Totti, ќе те замолам да ме поштедиш мене и сите други од вакви ГЛУПАВИ коментари....па како може такви муабети да правиш жити се... Јувентус ќе им попушти 2 дерби утакмици на Милан поради тоа што им го дале Абијати (нивниот втор, трет голман)?!?!?!?!?!?!?!?!?!?!?
Неможам да верувам дека сеуште има некои кои вака размислуваат...се надевам дека ова на шала го кажа...?!
abe nema da im popusti juve na milan tuka ke go popijat pak od niv zaso milan ne e trevizo i site drugi timovi so koj manipulira juventus a toa na dele alpi deka ke tepa juve ke se prasame vazno u megusebni dueli mislam milan e bolje ovaa godina pa ne me boli sto se prvi juve od strana so slabi tepaat sigurno mozat da bidat prvi ali op ke igraat u direkten duel kaj se narkomancinjata togas ni metadon ne im pomaga sea u nedela inter ke gi sredi toa e razlikata u juve i za ls imaat 4 finalinja a kolku osvoija od niv samo 1 i toa na penali pred 10 godini razmisli malce pa posle jadi gomna
predator, ти размисли малку (обиди се). Прво и основно: и Милан освоија една титула во ЛШ во последниве 10 години и таа ја освоија на пенали и затоа не јади ТИ гомна. Второ: кога станува збор за меѓусебни дуели, треба ли да те потсетам како ве ЗГАЗИВМЕ на Сан Сиро на 3 кола пред крај на минатата сезона и како ви ја собравме титулата од раце?
Не ми доаѓај тука само за да тресеш зелени.
абе сите сте за никаде сите само фудбал па фудбал дај идете малку по женски...али више кога сме тука јуве нека се пази од милан,дека кога и да е јуве на крај секогаш абе секогаш се опуштаат и може да изгубат едно 2,3 утакмици....
али стварно вие само фудбал па фудбал,секој ден некој ке се уфрли и ке рече до судиите,па после била наместена...
абе размислете малку ова не е Градски ова не е 500 души да ве гледаат туку над 40000 и моше и повеќе...!знаете која трема е тоа...ако утнеш после цела публика те пцуе,некој со шише те мава...али ај и ја да прекинам дека тука ке станам редовен...али едно се знае ФИОРЕНТИНА !THE BEST!
Објави коментар
<< Home