Трезеге - Асколи 3:1

Тимот на Јувентус славеше победа на незгодното гостување против Асколи со што остануваме доминантни во Серија А. По поразот од Рома во Купот на Италија, сите (потајно) очекуваа нов кикс на Јуве но тоа не се случи. Трезеге беше херој на натпреварот решавајќи го победникот за само 18 минути. Најдобриот стрелец на Јуве оваа сезона постигна хет-трик за вкупно 11 минути. Во 7-та минута, Емерсон украде една топка и ја проследи до Каморанези кој го пронајде Трезеге во шеснаесетникот по шо Французинот неодбранливо шутираше со левата нога за 1-0. Во 12-тата минута Дел Пиеро му додаде на Каморанези и Мауро по втор пат го пронајде Трезеге во шеснаесетникот за 2-0. Третиот гол беше по асистенција на Дел Пиеро кој по левата страна најпрво го издрибла Домици а потоа со одличен центар-шут му асистираше на Трезеге за 3-0. Домаќините до крајот на првото полувреме само намалија преку Феранте на 3-1 а до крајот на натпреварот Јуве ја одржуваше контролата на резултатот и без проблеми, рутински ја заврши средбата.
Во стартниот состав конечно имаше место за капитенот Дел Пиеро кој не ја изневери довербата на Капело и беше дел од акциите при постигнување на 2 од 3-те гола и имаше една асистенција. Дел Пиеро имаше и неколку шанси за гол во текот на натпреварот но голманот на домаќините беше поуспешен. Со нерешениот резултат на Милан, сега уште повеќе ја зголемивме предноста пред Милан а останува на Интер вечерва да победи за да се врати на 8 бодови негатива.
Forza Juve!