Нова тактика, Дел Пиеро is on fire!
Јувентус успеа да продолжи побенички и да ја задржи предноста од 8 бода пред Интер на чело на табелата (сега веќе 14 пред Милан кои одиграа нерешено со Лацио). На 12-тиот натпревар на Деле Алпи ја забележавме и 12-тата победа и тоа против Удинезе со голот на Дел Пиеро во второто полувреме. Да почнеме: Капело поради отсуството на Виеира и очајните настапи на Џаникеда и Бласи кои вообичаено влегуваат во првиот состав доколку Французинот или Емерсон се отсутни се реши да постави комплетно нова тактика. Муту играше како лево крило на местото на Недвед кој пак се префрли на десната страна, додека Емерсон играше на својата стандардна позиција а Каморанези како полу-шпиц. Одлично функционираше партнерството меѓу Недвед и Замброта по десната страна како и Муту и Балцарети по левата. Каморанези се покажа одлично како полу-шпиц, а таков фудбалер сме немале во Јувентус уште од времето на Зидан кога тој играше како полу-шпиц.
И двата тима имаа свои шанси, Удинезе имаше неколку во првото полувреме но не ги искористи (вклучувајќи и еден поништен гол поради офсајд) додека Мунтари направи два кретенски фаули за неколку минути и беше оправдано исклучен. Во продолжението од натпреварот, Јувентус напаѓаше а играч на натпреварот беше голманот на Удинезе, Масимо Де Санктис - човекот бранеше како да има 100 раце. Ги одбрани ударите на Ибра, Трезеге, Муту, Недвед и Каморанези во неколку наврати. Голот за Јуве го постигна Il Capitano Дел Пиеро по додавањето на Каморанези. Мора да се истакне дека голот всушност беше нерегуларен бидејќи Дел Пиеро се наоѓаше во офсајд позиција но тоа е тоа - голот беше признат како регуларен. Одиме понатаму! Forza Juve!
П.С.
Офсајдот не беше санкциониран бидејќи судијата едноставно закасни и не ја гледаше ситуацијата од добар агол... Можете и да го download-ирате на следниов линк... КЛИК ТУКА.
Од тој агол не можеше да види дека Дел Пиеро е во офсајд.
И двата тима имаа свои шанси, Удинезе имаше неколку во првото полувреме но не ги искористи (вклучувајќи и еден поништен гол поради офсајд) додека Мунтари направи два кретенски фаули за неколку минути и беше оправдано исклучен. Во продолжението од натпреварот, Јувентус напаѓаше а играч на натпреварот беше голманот на Удинезе, Масимо Де Санктис - човекот бранеше како да има 100 раце. Ги одбрани ударите на Ибра, Трезеге, Муту, Недвед и Каморанези во неколку наврати. Голот за Јуве го постигна Il Capitano Дел Пиеро по додавањето на Каморанези. Мора да се истакне дека голот всушност беше нерегуларен бидејќи Дел Пиеро се наоѓаше во офсајд позиција но тоа е тоа - голот беше признат како регуларен. Одиме понатаму! Forza Juve!
П.С.
Офсајдот не беше санкциониран бидејќи судијата едноставно закасни и не ја гледаше ситуацијата од добар агол... Можете и да го download-ирате на следниов линк... КЛИК ТУКА.
Од тој агол не можеше да види дека Дел Пиеро е во офсајд.
26 Comments:
Од Рома блог: Многу дискутабилно колега. Гледав вчера на Раи Уно дебатна емисија на која гостин беше Лучано Моџи. Парче го направија - Јувентус НЕ МОРА по секоја цена да ги освои трите бода, да му се невиди. Не знаеше како, па се бранеше дека и Интер имал многу спорни утакмици (со Каљари, Тревизо итн.). Инаку, ја гледав и утакмицата. Вториот жолт картон, за црвен, не беше фаул воопшто, па не знам како викаш дека заслужено беше исклучен. Голот на Јуве беше чист офсајд, тоа се гледа. Имаше и уште еден спорен момент што беше чист пенал за Удинезе (кога излета Буфон, а Канаваро го бутна во грб напаѓачот на Удине, точно колку што требаше за да не ја заврши акцијата).
Разликата помеѓу оваа и други матни утакмици што ги има украдено Јуве е дека обично, откако сите спорни ситуации ќе се случат, Јуве до крајот на мечот ќе бутне уште еден-два регуларни гола, па ќе се забуши работата.
И уште една многу интересна забелешка: на утакмицата Парма-Рома, играчот на Парма, Симплицио, намерно доби жолт картон со кој нема да може да настапи во среда против Јуве. Тоа го тврдам, зашто во прв момент не ми беше јасно: Симплицио упорно стои пред топката и не му дава на Тоти да изведе слободен удар. Судијата го опоменува 4 пати и на крај му дава жолт, а овој како попче си се враќа во живиот ѕид. Значи, се мести уште една победа за твојот тим. Па не знам што не ви ја дадат уште сега титулата. Си за?
Океј. Јас не го гледав натпреварот бидејќи имав обврски но ги гледав хајлајтсите (на интернет) и ми се чини дека заслужено доби црвен Мунтари од Удинезе. За голот веќе кажав, судијата не можеше од аголот каде што се наоѓа да го види офсајдот и прашањето е дали намерно подзастана - дека го видел и намерно не кренал знаменце не е точно.
Е сега, Лучијано Моџи е во право и ќе ти кажам зашто: бидејќи Милан и пред се Интер имаа многу многу помош од судиите (не би сакал да го користам зборот помош туку “грешки на судиите во нивна корист“)во текот на оваа сезона и никој кај нас не зборува за тоа (за разлика од тоа што на Раи Уно редовно ги потенцираат судиските грешки во неделниот преглед) туку се чека грешка на судија во полза на Јуве за веднаш да се плука по “мафијата Јувентус“. Зашто сите запнувате дека судиите му помагаат на Јувентус??? И Капело самиот изјави дека чувствувал дека ја заслужиле победата но не сакал тоа да биде со нерегуларен гол. Но што е тука е - по се изгледа дека кај нас секогаш ќе остане мислењето дека судиите му помагаат на Јуве. Кажи ми ти зашто никој не му одговори на Моџи кога во емисијата ги запраша да набројат уште некоја ситуација оваа сезона кога судиите му помогнале на Јуве? Еве и ти и сите други нека ми кажат ситуација кога Јуве бил “помогнат“ од судиите оваа сезона?!
За Симплицио неможам да ти кажам ништо бидејќи не сум ја видел таа ситуација но некако смешно ми делува целата таа приказна...
Еве изјава од Моџи од емисијата:
“We lost a Super Cup to Inter after David Trezeguet had a goal disallowed and the journalists wrote about a ‘deserved’ win the next day,” he said.
“When something happens to benefit Juventus the whole world goes mad, but nobody went mad the day after our defeat in the Super Coppa and nobody said that if we had been given a penalty against Chievo we would have won the game – we keep quiet and never complain.”
А за пеналот што наводно го направил Канаваро, еве ти клип па погледни убаво и размисли дали е пенал. Топката е во воздух и двајцата се борат за да дојдат до неа... најнормална ситуација и 50-50 борба за топка...ако за ова се суди пенал, тогаш на секој корнер треба да има пенали.
http://s40.yousendit.com/d.aspx?id=25PXDBPN18J9I0PJ695PVLZA6N
Еве ти колега едно прашање од Лучијано Моџи па одговорете го:
“Now I will launch a challenge, since there’s someone who talks a lot despite the things which happen to him: I challenge anyone to find a match in which we won for favourable referee episodes from the start to the season up till today. We did not have any favour, others instead had four, five or even six.”
И уште нешто од дебатата на Раи Уно...
Panucci was invited on RAI television show La Domenica Sportiva to comment on the referee’s decision not to give Lazio’s Stafano Mauri a penalty after an apparent push by Milan’s Alberto Gilardino in Sunday night’s match.
He said: "A penalty could have been awarded for that challenge."
Rossi then suggested: "I think that anyone with any intelligence can see that it was a blatant penalty."
Зашто никој не го спомнува ова? Се прашувам дали ќе отидеш кај Милан на блог да му кажеш дека судиите му помагаат на Милан.
Пеналот на Канаваро: го бутна не еднаш туку два пати. Според мене чист пенал. Исклучувањето на Мунтари: дечкото беше стварно вулгарен што го соблече дресот и му го фрли на судијата на рамо, ама му беше криво дека стварно отиде на топка, а судијава не се ни потруди да се консултира со помошникот кој можеби видел подобро.
Тоа што Моџи го кажа 90% го разбрав. Се вадеше на ненамерна судиска грешка, а муабетот дека и другите го прават истото...мислааааам, хелоу. Го праат, па тоа е истата политика/мафија. Белрускони/Галијани/Морати/Моџи
Zgreshiv shto iskomentirav.Ova nema da mi se povtori da vlezam na neobjektivni sajtovi(blogovi),pogotovo so predznak juve-kriminal.Izvini za zborot smrdena od vcera,u bes beshe.
Bodan, коментирај што сакаш, отворено е...се додека не почнеш мене или другите што коментираат да ги навредуваш.
Рома, не претерувај...тоа на Канаваро беше буткање колку што она што вчера Реина му го направи на Робен беше удар во фаца...ете ти го и видео-клипот, погледни го и оцени пак дали е туркање за пенал или борба за топка каква што има секогаш во шеснаесетнокот (барем при секој изведен корнер).
Сакам да одговориш на прашањето на Моџи...наброј уште еднаш или два пати кога судија “му помогнал“ на Јувентус? Не беше тоа “вадење“...
За мафија Берлускони/Морати/Моџи... те молам не заборавај го и Франко Сенси ;) Знаеш и ти добро зашто и како... уште еднаш... прашањето на Моџи?
Од Рома блог:Не го пратам Јувентус колку ти, не можам да кажам дека „тогаш и тогаш судијата не виде дека беше корнер туку свирна гол аут“. Протекциите се случуваат нон-стоп. Само оваа со Удинезе беше толку евидентна што предизвика реакции. Мене ми беше одвратно чувството што морав да ја гледам утакмицата :). Шо да праам, внук ми ми беше на гости, а он го обожава Трезеге, морав да му купам дрес и шал од Јувентус (од зелено пазарче - бљак) и досега не сум успеал да го „навлечам“ на Рома.
Рома, не си во право. Без разлика што не го следиш Јувентус толку редовно, протекции од судиите досега немало. Па дајте ве молам гледајте малку реално на работите! Дали можеби некогаш некој ќе му текне да каже дека Јуве го имаат најдобриот тим во Италија оваа сезона и на тоа се должи предноста на чело на табелата. Среќа што судиите досега неколку пати направија грешки во корист на Интер па малку е поинтересна битката за титулата.
Изгледа дека никогаш никој нема да ми објасни зашто Јуве секогаш ќе биде поврзуван со судиите и мафијата...еве и по некои странски форуми правам муабет за тоа ама тоа по се изгледа ќе остане мистерија. Едноставно луѓето добиле таков впечаток и тоа е тоа...
П.С.
Не се труди да го навлечеш на Рома...мене никој не ме навлекол на Јуве, тоа е нешто што сам мора да одлучиш кога почнуваш да гледаш фудбал...
За крај на муабетов, прочитај зошто е суспендиран судијата Датило (цитирам од МакСпортНет): „Италијанскиот фудбалски судија Роберто Розети, кој беше на добар пат да ја дели правдата и на Светското првенство во Германија, е суспендиран на неодредено време, исто како и неговиот колега Антонио Датило. Причина за оваа се одлуките на натпреварите Ливорно – Месина и Јувентус – Удинезе. Датило во 37-та минута неоправдано му покажал втор жолт картон на фудбалерот на Удинезе Мунтари, кој после тоа бил суспендиран на три натпревари. Додека судијата Розети на фудбалерот на Месина, Кристанте во 85-та минута му доделил црвен картон за кој многумина мислат дека бил неоравдано доделен.“
згледа у прав момент улетав,види,види, јувентините почнаат да се вадат дека судиите правеле грешки во корист на Интер.Да прават судиите грешки во корист на сите екипи,помалку или повеќе.меѓутоа со јуве прават стално грешки.Не само сезонава,наназад сезони.Можеби ќе ви текне 98 пеналот врз роналдо,али тој не беше клучен за титулата на интер.Поништениот гол на емполи во дуелот со јуве беше клучен момент,али кај нас го немаше тој пренос па слабо знаеме,а јас бев баш тој период во италија и тоа беше топ тема,и тоа важи за цела италија дека јуве со судиите не само тука или во странство тоа е факт и таму.зашто незнам да кажам.Не секогаш помошта доваѓа во нерегуларни голови,ситни прекршоци си ја знаат работата ај ај.
Кажав се што мислам претходно...само да те упатам на некој од сајтовите Channal4, Goal.com и останатите за да видиш што стои во продолжение на веста за судиите...покрај тоа што го има на МакСпортНет дека на претходната утакмица поклониле уште 2 пенали за 11 минути против Ливорно.
Уште еднаш ќе кажам, Џилардињо постигна два гола од офсајд оваа сезона, Интер имаше 4 непостоечки пенали... Јуве за првпат постигна гол од офсајд и веднаш сите фрлате со дрва и со камења. Не ми е поентата да ви докажам дека не се судиите “купени“, вие и така го знаете тоа но мора да барате оправдувања за неуспесите...
П.С. Ме нема кај вас на блогови зошто ова кабловскиов од МОЛ не ми отвара ништо што е хостирано од Он.нет, некој проблем има...се надевам брзо ќе го решат...
Рома блог...
Или ти си гледал друга утакмица или симплицио ти е идол.
Симплицио беше изолиран цела утакмица , немаше еден коректен пас , ниту па употреблива топка , а камоли да пружат отпор во средината.
Симплицио беше изнервиран и морално уништен од голот на Рома зашто беа пред прагот на пораз.
Сакаш да кажеш дека ако игра Симплицио со Јуве ќе тепа парма ебате ? :)
Виеира и Емерсон по средината и ти мислиш ќе има некакви шанси парма ако игра гламјата симплицио ?
Јуве со Милан можам да кажам дека имаат најдобра средина моментално во европскиот фудбал ( малце слаба форма се миланезите оваа година ) , а ти тоа го даваш како добар аргуметн дека Јуве местел утакмици.
Па дај те молам побогу , го заслужија скудетото Јуве и нема што!
Нема бунење за судии веќе.
Да не зборам за ротациониот систем кој го има Капело...кој е страшно добар ..
Него абе ме чудиш уште за Симплицио..
Намерно добрил жут да не игра со Јуве?
Му било страв да игра со Јуве ?
Му дале Јуве пари да добие жут пошо страв им било од него ?
Или по грешка му го дадоа ?
Howitz...токму тоа и мислев...не знам што би променил до толку Симплицио кога би играл против Јувентус?!
Твојот коментар многу ми значи, особено имајќи во предвид дека доаѓа од закоравен Милан-фан. Фала!
Од Рома блог: Епа сеа ќе ви објаснам на двајцата бе. Без нервози. Нема да тепа Парма против Јуве ни со Симплицио ни без него. Останувам при тоа дека жолтиот картон го доби НАМЕРНО! Се работи за петти жолт картон, а казната му е подобро да ја одработи против Јуве (и така и така немаат шанси) отколку да виси неговото неиграње во наредните 6 кола кога играат против 4 директни конкуренти за испаѓање (Асколи, Тревизо, Фиорентина, Месина, Ливорно, Лече). Аман бе, па тоа е позната тактика. Мене муабетот ми беше дека против Јуве тие ги дадоа однапред 3-те бода. Баш би сакал да ме демантираат, ќе си ги изедам зборовите.
Фина дискусија. Милан-фан, не јади бурек, јас барем знам како ротира Капело и кој го измисли „l'attaco tridente“ (Totti, Montella, Cassano).
"Од Рома блог: Епа сеа ќе ви објаснам на двајцата бе. Без нервози. Нема да тепа Парма против Јуве ни со Симплицио ни без него."
--------------------------------
Повеќе од факт е тоа , уствари сеа се демантираш самиот за тоа што го кажа уште во првиот коментар , ги мењаш ставовите како чорапи. Викаш добил жут намерно дека играат со јуве следна , картонот беше чиста случајност , можеби и од немарност.
--------------------------------
"Аман бе, па тоа е позната тактика. Мене муабетот ми беше дека против Јуве тие ги дадоа однапред 3-те бода. Баш би сакал да ме демантираат, ќе си ги изедам зборовите."
--------------------------------
Не , тоа тебе ти беше ФАКТ дека јуве мести утакмици , или пак судиите судат во полза на Јуве.
Хаха ги дадоа однапред а? Па се знае за кого ќе идат тие бодови Рома , ало ?
"Значи, се мести уште една победа за твојот тим."
Еве со овие зборови ти ја даде и потврди причината за жутиот картон на Симплицио.
Спајаш безезни ситуации , смешни , травијални за да дојдеш до факт дека јуве местел.
Ги тепаа сите тимови во калчо , имаат зрел тим за скудето , и нема потреба да местат...
Знам што ти е муабетот тебе , само лошо тоа го кажа и непотребно мењаш ставови во секој коментар.
-----------------------------------
"Милан-фан, не јади бурек, јас барем знам како ротира Капело и кој го измисли „l'attaco tridente“ (Totti, Montella, Cassano)."
-----------------------------------
Јанко јаде ја не , и тоа не е систем на ротација. Размисли уште еднаш.
Рома, Парма не ја предаваат утакмицата со Јуве пред време туку едноставно се концентрираат на нивната цел оваа сезона - опстанокот! Бод или три против Јуве ќе им значат многу помалку од победи против конкурентите за опстанок во наредните натпревари. Неможеш да им замериш за тоа во никој случај!
Инаку, бидејќи сакав да ти спомнам за наместена утакмица на Рома...сега ми текна... Кога Јуве ја освои титулата со Капело (првата сезона на Недвед, Буфон...) Рома беше најсериозен конкурент и можеби ќе се сетиш дека откако губеа 2-0 против Венеција на гости, фудбалерите на Венеција направија 2 НАМЕРНИ пенали и натпреварот заврши 2-2!! Последните 2 дополнителни минути одеа вака: Тоти оди во напад, никој не се обидува да го сопре, влегува во шеснаесетник, го рушат, пенал, гол! Изведува Венеција од средина, ја “губат“ топката, Рома тргнува во напад и ОП! Нов пенал за 2-2... Незнам дали се сеќаваш на тоа?
Пишав коментар и кај Интер на блог. Судиите секогаш ги фаворизирале Јуве, Интер, Милан, Манчестер, Арсенал, Ливерпул, Челзи, Реал, Барса, Баерн...тоа е сосема нормално...и сосема нормално најголеми се реакциите кога се фаворизира тим кој моментално води на чело на табелата, додека повеќето ги премолчуваат грешките во корист на тимовите кои го бркаат лидерот. Така било секогаш и така и ќе остане...Викендов не беше досуден чист пенал за Лацио против Милан (поочигледен пенал одамна немав видено) но сите се концентрираат на натпреварот на Јуве бидејќи сите сакаат да извршат притисок врз лидерот... Тоа е тоа... Што и да кажеме понатаму во оваа дискусија ќе биде небитно...сезоната продолжува и ќе видиме како ќе биде понатаму...
Од Рома блог: Се сеќавам на утакмицата со Венеција. А зошто не го оставија Тоти да даде гол туку му правеа пенал?!? А зошто и` дадоа на Рома само бод, ваљда ако била местена ќе и` дадеа 3 бода?!?
Најпаметно е да ја завршиме дискусијава како што рече.
Howitzer, те чекам и кај мене на блог од време на време. Да ти фрлам сменети чорапи за Милан.
Па така е помалку контраверзно...замисли да му се тргнат сите и нека оди сам да даде гол или да паѓаат како кретени покрај него додека ги поминува?! Нема логика...
Океј...крај на дискусијата....има ново коло вечер и цела сезона пред нас...ќе биде интересно.
Од Рома блог: Да. Дај средете ги тоа млекарските копилиња :)))))
Ќе ги средиме разбира се! Иначе, дај регистрирај еден јузер на блогер доста те пишува ко анонимус.
Се логирав.
Објави коментар
<< Home