Пораз, нервоза.

Јувентус претрпе пораз од Рома на Деле Алпи во четврт-финалето од Купот на Италија. Иако поразот можеше да биде и катастрофален бидејќи Рома имаше предност од 0-3, благодарение на капитенот Дел Пиеро кој откако влезе како измена успеа да постигне 2 гола, имаме каква-таква надеж во пресрет на реванш-натпреварот на Олимпико во Рим.
Во насловот на овој пост напишав “нервоза“ бидејќи се изнервирав што не можев да го гледам натпреварот во живо. Најпрво, се појави информација дека натпреварот може да биде одложен поради многу снег, но подоцна се израдував кога видов дека сепак ќе се одигра. Се наместив пред телевизор и пуштив Раи Уно, но само што започна натпреварот, од кабловска го прекинаа каналот (иако проверив на интернет и овој канал е бесплатен за целиот свет)!!!!
Во ред. Да преминам на натпеварот. Бидејќи не го гледав, од она што го прочитав, Јуве имале свои шанси во првото полувреме преку Залајета, Муту и Недвед но не успеале да ги искористаат. На спротивната страна, Рома беше многу ефикасна и резултатот беше 0-3. Очекував лош резултат со оглед на фудбалерите кои настапија за Јуве, но не до толку лош. Сепак, спасител на ситуацијата повторно беше Дел Пиеро. Првиот гол го даде по асистенција на Недвед во петерецот а во самиот финиш постигна убав гол од слободен удар.
Честитки до сите фанови на Рома за победата и посакувам реваншот во Рим да биде исто толку интересен натпревар но тогаш се надевам дека Јуве ќе бидат победници.
За крај, изјавата на Капело: “Не ги искористивме своите шанси за разлика од Рома. Сепак, имавме среќа што Дел Пиеро игра извонредно и откако тој влезе во игра го понесе тимот со својата игра и постигна два гола кои ни даваат надеж дека на Олимпико може да се радуваме на пласман во полу-финалето“.
Составот на Јувентус на вчерашниот натпревар, само двајца првотимци:
JUVENTUS: Abbiati, Pessotto (9’sh Emerson), Thuram, Zebina, Balzaretti, Olivera (9’sh Del Piero), Giannichedda, Blasi, Nedved, Zalayeta, Mutu. Coach: Capello. Substitutes: Buffon, Vieira, Camoranesi, Zambrotta, Cannavaro.

1 Comments:

Anonymous Анонимен said...

Hi,

I figured out that the shortcut to get here more frequently is to bookmark the entire site.

That is a very usfeul thing. I see you keep this journal very up to date. At least that is what I can imagine...

Regards,
make money fast

12:25 претпл.  

Објави коментар

<< Home