Јувентус - Милан
Пред нас е најверојатно најважниот натпревар во Серија А оваа сезона. На Деле Алпи во Торино, Јуве го пречекува Милан. Со 10 бода предност на чело на табелата, победа на Јуве би значело запечатување на трката за титулата (би имале 13 бода предност на 9 кола до крајот), додека победа на Милан би значела каква-таква надеж дека можеби до крајот ќе успеат да го стигнат Јуве (би имале 7 бода негатива на 9 натпревари до крајот). Натпреварот помеѓу двата најдобри и најтрофејни клубови во Италија се игра во недела во 20:30 часот.
Во нашиот состав, поради повреда нема да настапи Замброта, додека Киелини и Ковач се суспендирани. Во одбраната, покрај Буфон на голот ќе стартуваат Турам, Канаваро, Балцарети и Зебина. Средниот ред ќе биде стандардниот: Виеира, Емерсон, Недвед, Каморанези, додека единствената дилема за Капело е кој ќе биде партнерот на Трезеге во нападот: Ибра или Дел Пиеро. Едно е сигурно: иако нерешен резултат ни одговара, сепак со победа би ја затвориле трката за скудетото и би можеле понатаму да се концентрираме на натпреварите во Лигата на шампионите.
Во составот на Милан ќе недостигаат Малдини и Кафу, додека последните информации од Италија говорат дека Андриј Шевченко поради мала повреда мечот ќе го започне на клупата за резерви. Иако не играат Малдини и Кафу, Сержињо влезе во одлична форма, додека изненадува и формата на Каладзе. Шимиќ, барем според мене ја игра најдобрата своја сезона во Милан. Во средниот ред покрај Гатузо и Пирло ќе играат Кака и Сидорф, додека нападот најверојатно ќе го предводат Џила и Инзаги (кој е во животна форма).
Фудбалери кои ќе го решат натпреварот:
Дел Пиеро: Il Capitano со својата форма потсетува на најдобрите денови. Иако веќе годините го стигаат, и она малку време кое го поминува на теренот е максимално ефективен и е еден од клучните фактори за добрата игра на Јуве.
Емерсон и Виеира: Тие го загубија дуелот со Пирло/Гатузо на првиот натпревар оваа сезона и овој пат едноставно ќе мора да ја превземат контролата на средината на теренот.
Пирло: Заедно со Гатузо убедливо најдобриот на првиот натпревар помеѓу овие два тима. Тоа е човекот кој ако Јуве не успее да го неутрализира, ќе направи големи проблеми.
Инзаги: Колку и да звучи чудно, Суперпипо е во животна форма и дури сериозно се наметнува за настап во националниот тим на Светското првенство ова лето. Против себе ќе го има капитенот на Италија: Канаваро, и тоа ќе биде совршена прилика да докаже дека местото му е во репрезентацијата. Мора да се внимава на Пипо.
Ова ќе биде 164-ти натпревар помеѓу Милан и Јуве и во досегашните 163 за нијанса подобар е Јувентус (54 победи на Јуве, 58 нерешени, 51 победа на Милан), додека во 71 натпревар досега одигран во Торино, Милан има само 19 победи.
Неблагодарно е да се прогнозира било каков исход од овој натпревар. Едно е сигурно: во недела ќе го гледаме најдоброто од фудбалот во Италија. Со среќа нека им е на Миланезите, па нека победи подобриот тим. Forza Juve!!!

4 Comments:
Epa druze, definitivno ke bide najinteresniot natprevar sezonava vo Kalcoto..neka pobedi podobriot..Forza Milan
Јас би сакал да изиграат нерешено... во краен случај и да изгуби милан сеедно е па и добро до негде ! Зашто ?
Затоа што ќе се сконцентрира во лига шампиони и нема да се залетаваат со изјави можеме и за скудето да се бориме , кога веќе и се е завршено.
Али сакам да изгуби Јуве , онака за вердер да биде посветена победата ! :)
epa za malce ke gi tepavme da ne bese sudijata koj pak gi spasi cisto igranje so raka na emerson koga sutna nesta no toa sudijata ne sakase da go vidi iako bese 5 milimetri do emerson em gatuzo go izbacija a koa mu napravija ist takov faul nad nego ni zut ne im dae na juve a stam koa naprai prekrsoki odma mora ako ne sudijata ke go krkase nego da ne se pravdam juve se veke sampioni na italija nie treba da se svrtime u ls da osvoime a koj drug nego juve ke ni bidat finalisti taka da nema da imaat pomos poso italinski sudija u ls nema da sudi italiansko finale i ke im go zbubarime gzot na gzlarite nema da im pomogne katanazoto so sekad go igraat pozdrav i normalno forza milan
howitzer, ти се исполни желбата: нерешено. Аце, што мислам за натпреварот имаш во најновиот пост, да не сеповторувам тука.
Објави коментар
<< Home