Канаваро - Емполи 2:1
Јувентус се врати на победничките патеки со вчерашната победа против Емполи на Деле Алпи. Ќе напишев за натпреварот уште вчера но немав интернет. Почетокот на натпреварот не навестуваше дека ќе биде лесна победа за Јуве бидејќи уште во 4-тата минута гостите поведоа со 0-1 (не го видов голот така што не би можел да го искоментирам). Сепак, тоа беше единствената шанса на Емполи во текот на целиот натпревар. Во продолжението, гостите се бранеа со сите 10 фудбалери позади топката. Јуве не успеа да ги искористи шансите кои ги имаше од активна игра (Дел Пиеро и Каморанези ги имаа најзрелите шанси) но затоа Фабио Канаваро беше ефикасен наместо напаѓачите. По слободниот удар на Каморанези, Канаваро со глава ја заби топката меѓу нозете на голманот на гостите што значеше израмнување. Во второто полувреме Јуве напаѓаше но Емполи успешно се бранеше. Капело се реши да ја смени тактиката и со уфрлувањето на Залајета на местото на Муту, Дел Пиеро се префрли на позиција на лево крило и тоа ја направи разликата. По корнерот кој го изведе капитенот, повторно Канаваро беше највисок во скокот што значеше 2-1 за Јуве. Потоа, Дел Пиеро во рок од 2 минути два пати ја погоди пречката. Најпрво тоа го стори со удар со ножички (или маказици како сакате) а потоа и со силен шут од левиот агол на шеснаесетникот. Трезеге пропушти уште една шанса по една нафрлена топка од Дел Пиеро. Натпреварот заврши со резултат 2-1 и со победите на Интер, Милан и Фиорентина, бодовната предност на Јуве на чело на табелата остана иста: 8 пред Интер, 10 пред Милан.
2 Comments:
E TOA E SILINATA NA EDEN TIM SEKOGAS DA IMA NEKOJ PA MAKAR I DEFANZIVCITE KOJ KE GO ODNESAT TIMOT DO POBEDA,NO SEPAK DEL PIERO DA NE POGODES DVA PATI VO PRECKA NEMASE DA SE KRENE TOLKU PRASINA OKOLU OVOJ TESEN REZULTAT.
Нормално е да е тесен резултатот бидејќи Емполи дојдоа на Деле Алпи да останат непоразени или да примат што помалку голови. Нивниот гол произлезе од единствениот шут кон голот на Јуве додека Јуве притискаше во текот на целиот натпревар. Со малку повеќе среќа можеше да биде и 4-1, 5-1 ама тоа е тоа. Важни се 3-те освоени бода без Златан и Недвед.
Објави коментар
<< Home