Јувентус-Емполи, Пинтуричио is back, кој е Балцарети?

Утре со почеток од 15:00 часот на Деле Алпи гостува тимот на Емполи. На Јуве му е потребна победа и тоа е единствената цел на овој натпревар. Да не мрсам многу, да преминам на составот. За овој натпревар суспендиран е Ибрахимовиќ па така во нападот како партнер на Трезеге ќе стартува Дел Пиеро. Муту најверојатно повторно ќе игра на местото на Недвед (Чехот би требало да влезе во второто полувреме ако е доволно подготвен) додека на останатите позиции во средниот ред ќе бидат стандардните Каморанези, Виеира и Емерсон. Во одбраната покрај Канаваро и Турам, по десната страна повторно ќе игра Замброта а по левата младиот Балцерети. На голот веќе стандарден е Џиџи Буфон.

Инаку за оние кои не знаат, сакам да го претставам Балцарети.
Тој е млад фудбалер и игра на левата бековска позиција како офанзивен бек. Дојде летово во Јуве и тоа од најлутите ривали, Торино, тим кој банкротираше и мораше да ги распродаде најдобрите фудбалери. Белцерети многумина го споредуваат со Замброта а богами и со Недвед (поради физичкиот изглед). Тој е фудбалер од школата на Торино и беше најдобар во изминатата сезона кај градскиот ривал на Јуве и што е уште поважно стана и капитен на тимот. Мислам дека ова момче ќе се развие во одличен играч за нас.

1 Comments:

Anonymous Анонимен said...

Da vidime sto ke se sluci vo idnina so ovoj decko,se nadevam na se najdobro.Megutoa talentot preminuva vo kvalitet samo pod vodstvo na dobar mentor.
Pozdrav

4:10 попл.  

Објави коментар

<< Home