Капело: Решавачки натпревари!
Тренерот на Јувентус, Фабио Капело во денешниот разговор со медиумите ја потенцираше важноста на следниот натпревар против Емполи како и сите натпревари во наредниве 2 месеци. “Имаме големо водство на чело на табелата но мора да имате во предвид дека во наредниве 52 дена ќе одиграме дури 15 натпревари. Тоа се многу натпревари за краток временски период и може многу работи да се сменат. Затоа, токму овие натпревари се најважни и откако ќе ги одиграме, дури тогаш можеме да ја погледнеме табелата и да заклучиме дали сме блиску до освојување на скудетото и Лигата на шампионите или не.“ - рече Капело и богами е во право. Оваа година поради Светското првенство во Германија, сите национални првенства се играат со позбиен распоред и со поголем интензитет на натпреварување поради што физички подобро подготвените тимови ќе имаат полесна задача. Последните вести пред утрешниот натпревар против Емполи се дека Недвед и Киелини сигурно не играат и на нивно место се Муту и Балцарети. Дел Пиеро ќе игра на местото на Ибрахимовиќ кој што е суспендиран за овој натпревар. “Ќе треба многу трпеливо и претпазливо да играме против Емполи. Тие ќе дојдат на Деле Алпи за да освојат бод а ние треба да ги спречиме во тоа. Се надевам дека овој натпревар напаѓачите ќе ги искористат своите шанси за разлика од натпреварот против Киево во средата“ - рече Капело.
Forza Juve!
Forza Juve!
1 Comments:
MNOGU DOBRO ZNAE KAPELO STO I KOGA E NAJVAZNO,POSLE SMETAM I DEKA FUDBALERITE KE OSCILIRAAT VO FORMATA I PRIDONESOT SO CEL DA BIDAT POPODGOTVENI ZA MUNDIJALOT A KE SE PLASAT I OD POVREDI TAKA DA MOZE SE DA SE SLUCI.
POZDRAV OD DARIAN -100SPORT
Објави коментар
<< Home