Колумна
Извадок од најновата колумна на Roberto Gotta, еминентен Италијански спортски новинар (Газета дело Спорт и дописник за ESPN од Италија) која ја посветува на Јувентус. Интересна е, ме мрзеше да ја преведам цела, за тие што сакаат да ја прочитаат цела (англиски), еве линк.
Во последните неколку минути од натпреварот помеѓу Јувентус и Киево две работи ми го привлекоа вниманието. На само 3 минути пред крајот Јувентус изведуваше аут на својата половина. Топката дојде до Емерсон и тој со огромна ангажираност, брзина и желба да се постигне гол веднаш тргна накај противничкиот гол барајќи некој од напаѓачите да им ја додаде топката. Изразот на лицето на Емерсон а и на останатите фудбалери на Јувентус беше како да играат во финалето на Светското првенство и како да мораат да постигнат гол за израмнување на резултатот во последната минута. Неколку секунди подоцна, се слушна свирчето на судијата и сите фудбалери на Киево заедно со тренерот и со навивачите започнаа со своето славење. Доколку некој кој не е запознаен со состојбите во фудбалот го видеше ова, сигурно дека ќе помислеше дека Киево ја освоил титулата во Серија А.
Овои работи само покажуваат колкава е разликата помеѓу Јувентус и останатите тимови во Серија А оваа сезона. Секој друг тим кој има сигурна предност пред најблиските ривали од 8 бодови и во раце има нерешен резултат во последните 3 минути против екипа која е една од изненадувањата во сезоната со своите добри резултати, сигурно дека мирно и задоволно ќе си ја додаваше топката на својата половина чекајќи го последниот свиреж на судијата. Но тоа не беше случај овој пат со Јувентус. Тие до последните секунди притискаа напред како скудетото да зависеше токму од тој натпревар. Тоа е менталитетот кој Фабио Капело им го всадува на своите фудбалери. Можеби има некои кои ќе речат “Да, Јуве победува но исто како и Челзи игра досаден фудбал..“ – но не сте во право. Не можете да кажете дека Јуве игра досаден фудбал бидејќи секогаш кога топката е кај Ибрахимовиќ, Недвед, па и Муту – следува атракција. Оваа сезона дури и Дел Пиеро почна повторно да заличува на големиот фудбалски мајстор каков што беше до пред 5-6 години. Милан можеби има повеќе фудбалери кои знаат да ја забавуваат публиката со топката а Интер дури оваа година почнаа да разбираат всушност колку силни фудбалери имаат на располагање, но сепак, кога станува збор за победување, сигурно сите би се обложиле со вашите пари на Јувентус. Она што се случуваше против Киево доволно зборува за нивниот карактер.
Јувентус не се совршен тим. Оваа сезона добија неколку натпревари без да не импресионираат и без вистински да заслужат победа, но сепак морате да признаете дека тоа е одлика на големите клубови.....
1 Comments:
Toa sto go pisuva vo kolumnate e ona sto go velam celo vreme-NE E JUVENTUS NA IGRACKI KADAR KOJ ZNAE KOLKU POKVALITETEN OD INTER MILAN I NEKOI DRUGI,TUKU POBEDNICKIOT MENTALITET I SEKOGAS ZELBATA ZA POBEDA NE SEKOJ MEC E PRESUDNA ZA JUVE DA IGRA DOBRO A DRUGITE DA SE PLASAT OD NEGO
Објави коментар
<< Home