Конечно средив...

Конечно го средив блогот откако мигрирав на blogger beta... Сезоната почна а за мене во центарот на вниманието е Дел Пјеро. Уште само еден гол му фали на капитенот за да дојде до магичната цифра од 200 гола во дресот на Јуве!!!

Инаку, тоа секако нема да се случи следниот викенд бидејќи Донадони го исфрли Џилардино од репрезентацијата и го повика Дел Пјеро :) па така нашиот капитен ќе биде со репрезентацијата. Поради интернационалните натпревари, натпреварот со Бреша овој викенд е одложен...

Доста ви е како за почеток... Што мислите после 5 кола? Јуве се враќа во Серија А или останува долу? Како ви се чини Серија А без Јувентус? Пишете коментар, одамна не сме продискутирале :)