За време на паузата...

За време на паузата поради пријателските натпревари помеѓу репрезентациите во Европа, еве една интересна фотка за моменталната распореденост на силите во Серија А :)

Шок-терапијата делуваше

Поразот од Вердер кој Капело го нарече “неопходна шок-терапија за да се освестиме“ по се изгледа влијаеше и Јуве со одлична игра во текот на целиот натпревар успеа да дојде до победата против Лече. Работите не тргнаа толку добро бидејќи гостите уште на стартот на натпреварот по еден кикс на крпената одбрана поведоа со 0-1 (гол со глава по нафрлена топка). Оваа грешка беше единствена на нашата одбрана која играше во состав Бласи, Турам, Ковач, Балцарети. Бласи уште на почетокот доби удар во глава и неможеше да продолжи па на негово место влезе Песото. По примениот гол, како да се освестија сите и Јуве почна фуриозно да напаѓа. Уште при првиот шут на голот, Емерсон израмни на 1-1 (прекрасен гол со пета по ударот на Муту). Потоа, Недвед, Ибрахимовиќ и Муту пропуштија одлични шанси, додека Емерсон заработи џумка на главата по еден дуел. Пред крајот на првото полувреме, Ковач ги врати работите на свое место со голот со глава по центар-шутот на Муту. Во второто полувреме, Јувентус ја смири играта а гостите мораа да играат со 10 фудбалери поради будалата Каморани. Ибрахимовиќ со прекрасна финта го помина противникот и откако проба да направи уште еден дриблинг, Каморани одмазнички му влета во нозе и заработи втор жолт картон. До крајот на натпреварот шанси имаа Дел Пиеро и Ибрахимовиќ, додека во финишот Недвед беше соборен во шеснаесетникот и Дел Пиеро од пенал му стави точка на натпреварот. Forza Juve!!!

Извинување...

Изминативе неколку дена сум многу зафатен па немав време да напишам за натпреварот против Вердер, следен пост ќе биде утре по натпреварот со Лече. Краток коментар за Вердер: лавовски се бореа и успеаја да дојдат до предност. Според мене беше многу глупо да дозволиме да примиме два гола во последните три минути токму поради фактот што во текот на целиот натпревар одбраната беше на ниво (освен киксот при првиот гол) и нападот си ја заврши работата. Капело, Турам и Канаваро се согласија дека такво нешто не е дозволиво и ветија дека нема да се повтори на Деле Алпи. За следниот натпревар 99% ќе биде подготвен и Замброта и се надевам дека нема да имаме проблеми да оствариме победа и пласман понатаму. За крај, со оглед на тоа како играше Вердер (навистина имаа своја вечер) мислам дека минимален пораз со 2 гола постигнати на гости е добар резултат. Сакам да ги слушнам и вашите коментари за овој натпревар...поздрав и се читаме утре! Forza Juve!

Нерешено со Месина, Ибра во форма

Јувентус одигра само нерешено на гости против Месина овој викенд со што сега предноста од 12 бода пред Милан се намали на 10 бода, додека Интер кој исто така одигра нерешено сеуште е на иста дистанца од нас. Натпреварот беше интересен и возбудлив. Јуве настапуваше без повеќе првотимци. Во нападот Трезеге одмараше поради ситна повреда а партнер на Ибрахимовиќ беше Дел Пиеро, средниот ред беше комплетен (Виеира, Недвед, Каморанези, Емерсон) додека најмногу проблеми имаше во одбраната и поради повредените Киелини, Зебина и Замброта, покрај Канаваро играа Балцарети, Песото и Ковач (Турам се одмараше). Домаќините дојдоа во водство уште во третата минута откако Флокари добро се снајде помеѓу Канаваро и Балцарети но само неколку минути подоцна Јуве израмни со голот на Ибрахимовиќ (трет гол во последните три натпревари). Убава акција на Јувентус која започна со Дел Пиеро кој го пронајде Каморанези во средината, па потоа топката дојде до Недвед кој му асистираше на Ибрахимовиќ (download видео клип од голот). Во останатиот дел од натпреварот Јуве напаѓаше константно додека Месина со контра-напади се обидуваше да дојде во водство. Овие напади беа многу многу опасни и со комбинација на добра одбрана и малку среќа, успеавме да не примиме гол. Канаваро поради два жолти картони (груби стартови од позади грб) беше исклучен па Турам мораше да го прекине одморот и да влезе во игра. Ибрахимовиќ имаше одлична шанса за втор гол но на очигледниот фаул врз него во шеснаесетникот (Ароника му влета со лизгачки старт) судијата не досуди пенал. Сепак, Ибра кој играше одлично цел натпревар уште еднаш се најде во гол шанса и по грубиот старт на Рафаел судијата покажа на белата точка. Сигурен реализатор беше Муту кој влезе во игра на местото на Каморанези. Кога помислив дека се извадивме и победивме со фудбалер помалку, Флокари успеа да ни тртне гол на 3 минути до крајот. Колку за информација, овие два гола на Флокари се први негови голови во Серија А во неговата кариера воопшто. Иако вториот гол го примивме поради глупава грешка (Капело беше многу нервозен поради конфузијата во одбраната на Јуве), сепак нерешениот резултат е најреален исход од овој натпреавр. Следува натпреварот со Вердер во Лигата на шампионите. Forza Juve!

П.С.
Пишувам дури денеска бидејќи ми беше роденден вчера па немав време да пишам :)

Јувентус Ултрас!

Минатата година се случија значајни измени во структурираноста на навивачките групи на Јувентус што позитивно влијаеше на нивното подобрување. После натпреварот со Парма на гости дојде до судир помеѓу двете навивачки групи а подебелиот крај го извлекоја водачите на Fighters, тогаш водечка група, кои заработија дифидати. Тоа влијаеше за нивното растурање, но и нивната лоша репутација на Curva Sud. Во тие денови после долгогодишна робија од затвор излегува Дино - водачот на Drughi. Тој околу себе за кратко време ги собира поранешните членови од оваа група и ја реактивира истата. Во договор со другите групи, пред се со Arditi и Viking тие го заземаат водечкото место на Curva Sud, додека една од најзначајните групи Nucleo 1985 се преместува на најдолното ниво.
Во тој период се погодија и натпреварите со Ливерпул во лигата на шампиони. Ако на гостувањата во Англија немаа сериозни контакти со домашните навивачи, во Торино имаше еден куп помали инциденти како на стадионот така и во целиот град.
Оваа сезона го продолжија доброто навивање особено на гостувањата што е нивната појака страна. Од изведените акции вреди да се истакни одземањето на главниот транспарент на најстарата група во Италија Fossa Del Leoni од Милан од страна на Viking што доведе до нивно растурање. На гостувањата во Фиренца и Рим против Фиорентина и Рома дојдоја до судир со домашните групи и со италијанската полиција.
Од другите групи треба да се истакнат:Noi Soli, 06 Clan, Legio, Nuove Leve, Gruppo Marche ’93, Oltre Frontiere итн. Во однос на политиката важат за умерени десничари, но ретко истакнуваат политички транспаренти или пораки. Пријатели се со навивачите на Ден Хаг, Легија Варшава и Пјаченца. Главни ривали им се навивачите на Фиорентина, Торино, Милан и Интер, но може да се рече и сите останати бидејќи важат за најомразени во цела Италија.

Еве и неколку слики од дербито на Италија против Интер каде што мислам дека нашите ултраси се претставија многу подобро од домашните (судејќи според сликите кои имав можност да ги погледнам, поправете ме ако грешам).Ова е превземено од блогот Macedonian Ultras. --> супер блог, ви го препорачувам!

Ајде малку download!

Полека стивнуваат реакциите по дербито на Италија. По победата, Јувентус има 12 бода предност пред Интер и Милан но сепак сите во Јуве се претпазливи со изјавите и не велат дека трката по титулата е завршена. Од друга страна, Манчини и Морати рекоа дека ќе се концентрираат на Лигата на шампионите и Купот на Италија, додека пак Галијани од Милан и денеска имаше една оптимистичка најава дека сепак Милан ќе се обиде да дојде до 1-то место но дека ќе им треба многу среќа.

Малку разонода, еден виц: “Зимските Олимписки игри ќе ги префрлаат од Торино во Милано, бидејќи температурата во Торино достигнала високи 12 степени а во Милано се спуштила на -12 степени :)“

За крај, download на две интересни клипчиња: голот на Дел Пиеро против Интер како и едно клипче изненадување кое би требало да го симнат и оние неутралните фанови:
Клик:
Del Piero vs. Inter Изненадување

Победа во Милано, скудетото на дофат!

Јувентус ја оствари можеби најважната победа во борбата за скудетото оваа сезона и тоа на гости против Интер со 2-1!!! Сега предноста пред Интер и Милан на чело на табелата е цели 12 бода со што 29-тата титула ни е на дофат!
Натпреварот започна одлично. Во првите неколку минути се чувствуваше притисокот во играта на Интер бидејќи ова беше must win натпревар за нив. Целото прво полувреме немаше некои поизгледни ситуации за гол. Каморанези беше најактивен кај Јуве и им создаваше доста проблеми на одбранбените фудбалери на Интер додека најсериозната шанса ја имаше Емерсон кој упати добар удар од работ на шеснаесетникот кој Цезар успешно го одбрани. На другата страна, Фиго си поигруваше со младиот Балцарети и создаде неколку добри прилики за Интер но Буфон беше сигурен по нафрлените топки. По прекршокот над Станковиќ, Интер имаше индиректен удар од работ на шеснаесетникот, но Адриано или не забележа дека е индирект или намерно шутираше директно кон голот надевајќи се дека топката ќе чепне некој од фудбалерите на Јуве. Судијата ја имаше кренато раката и уште поглуп беше потегот на Буфон кој се обиде да го одбрани ударот и доколку ја допреше топката, голот ќе беше регуларен. Првото полувреме заврши со резултат 0-0.Во второто полувреме, битката се разгори. Мартинс ја имаше најдобрата своја прилика во 60-тата минута но Турам во последен момент го блокираше неговиот удар. Само неколку минути подоцна, Каморанези нафрли одлично во шеснаесетникот и Ибрахимовиќ меѓу двајца одбранбени фудбалери на Интер прв дојде до топката и ја смести во мрежата на Цезар: 1-0 за Јуве! Неколку минути подоцна Волтер Самуел направи старт за црвен картон над Ибрахимовиќ (коментарите на Goal.com "a very tough challenge by Samuel on Ibrahimovic was only sanctioned with a yellow card" и Channel4.com "Samuel was given a yellow card for a horrible late tackle on Ibrahimovic. The Argentine went in long after the ball had gone and was fortunate to escape a dismissal for this mean-spirited challenge.") но Самуел доби само жолт картон. Ибрахимовиќ не можеше да продолжи да игра и на негово место влезе Дел Пиеро. Интер почна жестоко да напаѓа и по 2-3 големи мешаници во шеснаесетникот на Јуве, корнер за Интер: Фиго нафрла, Самуел го надскока Виеира 1-1! Двата тима продолжија да напаѓаат но без некои конкретни шанси. По еден прекршок на Кордоба над Недвед, Јуве заработи слободен удар и нормално, мајсторот Дел Пиеро мајсторски го претвори во гол за победа на Јувентус од 2-1.Коментарот на Манчини: “After the equaliser we tried to pour forward and get all three points, but Alessandro Del Piero scored a great goal. Having said that, Nedved is a diver. He always throws himself on the ground and the referees fall for it. This is not up for debate, it was a simulation and he must earn about 10 free kicks per game like that. Juve certainly had a brighter start, as our objective was to win and therefore we were a little bit nervous, but we took more control as the game wore on. Veron is an important player and to lose him in the first half created a few more problems, but the team did well anyway. Recently we have been creating opportunities, but it’s the finish that we’re having difficulty with. We aren’t as sharp or cynical as we should be. We are in second place along with Milan right now and these two defeats have been tough to swallow, but we must get back on track next week against Livorno.
Изјавата на Дејан Станковиќ кој по завршувањето на натпреварот направил некој инцидент во тунелот: “There was a bit of an argument,” explained the Serb midfielder. “I know how these things can be misinterpreted, so I shut out the cameras, but it never got more heated than a verbal row. Juventus earned this victory, there’s no doubting it.
Изјавата на Капело: “We played well, were constantly dangerous and were always in the thick of the play. I doubt anyone can question that Juventus deserved the win. This game was open to any result, as these are quality sides who can turn a match at any moment. You can’t come to San Siro and defend, as sooner or later you will concede

За крај мојот коментар: Мислам дека сите ќе се сложите дека Јувентус оваа сезона има тим и игра кои се најдобри во Италија. Победата над Интер докажа дека местото на скудетото оваа година повторно му е во Торино. Заслужена победа на Јуве, мајсторство на Дел Пиеро. Нема што повеќе да коментирам, коментарите на Манчини и Капело кажуваат се.

Forza Juve!!!

Вечерва...

Вечерва е натпреварот кој или допрва ќе ја отвори трката за шампионската титула или пак ќе ја затвори. Како што знаете, Јуве гостува во Милано на Џузепе Меаца против (во моментов) најсериозниот конкурент за титулата: Интер. Интер настапува во полн состав (со исклучок на Фавали, Зе Мариа и Кристијано Занети кои и онака не играат многу) додека и Јувентус со исклучок на повредениот Замброта нема проблеми со други повредени фудбалери. Иако вчера најавив дека Капело можеби ќе истрча само со 3-ца фудбалери во одбрана и со Дел Пиеро како полу-шпиц, сепак последните информации/шпекулации говорат дека во последен момент ќе се одлучи дали во првиот состав ќе биде Дел Пиеро или Ибра. Во одбраната, покрај Канаваро и Турам, на левата и десната позиција настапуваме со млади сили: Балцарети и Киелини. Средниот ред стандарден: Недвед, Каморанези, Виеира, Емерсон. Немам што повеќе да додадам, се спремам за вечер: пиво, кикирики и дербито на Италија. Forza Juve!

Замброта out, со тројца напаѓачи во Милано?

Непријатна е веста за повредата на Џанлука Замброта! По натпреварот со Парма на кој се повреди, докторите утврдија дека тој ќе мора цели 3 недели до 1 месец да отсуствува од терените. Оваа повреда на незаменливиот Замброта доаѓа во најнезгоден момент за Јувентус бидејќи покрај дербито со Интер, Замброта ќе ги пропушти и двата осмина-финални натпревари во Лигата на шампионите против Вердер Бремен. Според најновите информации од Италија, Капело најверојатно ќе се реши за тактика со само 3-ца фудбалери во одбраната и 3-ца напаѓачи. Значи, има шанси во недела Јуве да истрча на Џузепе Меаца во формација 3-4-3 и тоа во состав: Буфон, Зебина Турам Канаваро, Каморанези Недвед Виеира Емерсон, Дел Пиеро Трезеге Ибрахимовиќ. Мене лично ми се допаѓа оваа идеја на Капело но останува да видиме дали ќе ја искористи. Ако не се реши за 3-4-3, во тој случај Дел Пиеро излегува од комбинација а ќе игра Балцарети на левата страна во одбраната а Зебина на десната (во игра е и Роберт Ковач кој се врати од повредата).Меѓу другото, како што веќе знаете започнаа Зимските Олимписки игри во Торино и на последниот ден од патувањето на олимпискиот оган до Олимпискиот стадион во Торино (Комунале), Фабио Капело а подоцна и Алесандро Дел Пиеро ја имаа честа да протрчаат по 400 метри со факелот. Ете ви и слики. Forza Juve!

Златан бричен, нерешено со Парма

Јувентус одигра нерешено 1-1 со Парма во пресрет на големото дерби со Интер овој викенд. Златан Ибрахимовиќ го постигна единствениот гол за Јуве во еден доста изедначен и интересен натпревар. Парма беше тимот што започна подобро и имаше поголем дел од шансите во првото полувреме. Златан Ибрахимовиќ ја избричил главата и во дебито со новата “фризура“ го постигна единствениот гол за Јуве. Парма поведе благодарение на грешката на одбраната на Јувентус - Фабио Канаваро се сопна и падна па неможеше да покрие. Интересното е што Златан го постигна својот 4-ти гол сезонава исто така по грешка на одбраната - и тоа на Паоло Канаваро (лоша вечер за браќата Канаваро). Во продолжение од натпреварот се повреди Замброта (изгледа станува збор за поситна повреда, ќе биде спремен за против Интер викендов) додека слободен удар на Дел Пиеро заврши во пречката. Во последните 3 минути од натпреварот имаше 2 интересни ситуации: најпрво Грела играше со рака во шеснаесетникот и судијата и покрај протестите на фудбалерите на Јуве (играта со рака се гледаше од авион) покажа играта да продолжи за само неколку секунди потоа да досуди пенал за Јувентус од ситуација која беше сомнителна. Патрик Виеира беше допрен од еден од одбранбените играчи на Парма во шеснаесетникот и Французинот театрално падна по што Јуве доби пенал. Сепак, Дел Пиеро повторно ја погоди пречката што значеше и крај на натпреварот со конечен резултат 1-1. И двајцата тренери се сложија дека нерешен резултат е најреален исход на овој израмнет натпревар. Со овој бод сега имаме 9 бода предност пред Интер кој загуби во Фиорентина 2-1. Следува дербито на Италија на Џузепе Меаца викендов: Интер - Јувентус. Forza Juve!

Нова тактика, Дел Пиеро is on fire!

Јувентус успеа да продолжи побенички и да ја задржи предноста од 8 бода пред Интер на чело на табелата (сега веќе 14 пред Милан кои одиграа нерешено со Лацио). На 12-тиот натпревар на Деле Алпи ја забележавме и 12-тата победа и тоа против Удинезе со голот на Дел Пиеро во второто полувреме. Да почнеме: Капело поради отсуството на Виеира и очајните настапи на Џаникеда и Бласи кои вообичаено влегуваат во првиот состав доколку Французинот или Емерсон се отсутни се реши да постави комплетно нова тактика. Муту играше како лево крило на местото на Недвед кој пак се префрли на десната страна, додека Емерсон играше на својата стандардна позиција а Каморанези како полу-шпиц. Одлично функционираше партнерството меѓу Недвед и Замброта по десната страна како и Муту и Балцарети по левата. Каморанези се покажа одлично како полу-шпиц, а таков фудбалер сме немале во Јувентус уште од времето на Зидан кога тој играше како полу-шпиц.
И двата тима имаа свои шанси, Удинезе имаше неколку во првото полувреме но не ги искористи (вклучувајќи и еден поништен гол поради офсајд) додека Мунтари направи два кретенски фаули за неколку минути и беше оправдано исклучен. Во продолжението од натпреварот, Јувентус напаѓаше а играч на натпреварот беше голманот на Удинезе, Масимо Де Санктис - човекот бранеше како да има 100 раце. Ги одбрани ударите на Ибра, Трезеге, Муту, Недвед и Каморанези во неколку наврати. Голот за Јуве го постигна Il Capitano Дел Пиеро по додавањето на Каморанези. Мора да се истакне дека голот всушност беше нерегуларен бидејќи Дел Пиеро се наоѓаше во офсајд позиција но тоа е тоа - голот беше признат како регуларен. Одиме понатаму! Forza Juve!
П.С.
Офсајдот не беше санкциониран бидејќи судијата едноставно закасни и не ја гледаше ситуацијата од добар агол... Можете и да го download-ирате на следниов линк... КЛИК ТУКА.
Од тој агол не можеше да види дека Дел Пиеро е во офсајд.

Победа, но не е доволно...

Јувентус победи на гостувањето во Рома во реванш-четвртфиналето од Купот на Италија но сепак, Рома е тимот кој оди понатаму поради гол повеќе постигнат на гости. Капело на терен исфрли добар состав, на одмарање беа Емерсон, Каморанези, Замброта и Трезеге. Во нападот стартери беа Залајета и Ибрахимовиќ. Рома прва дојде во водство преку Тоти но неговиот гол беше поништен поради офсајд. Малку подоцна, црвени картони добија Ибрахимовиќ и Дакур поради меѓусебен конфликт. Беше направен фаул врз Тоти и додека тој беше на земја Ибра ја шутна топката во него, по што Дакур го турна Швеѓанецот за на крајот двајцата да бидат исклучени што беше престрога одлука на судијата. Јувентус поведе веднаш по стартот на второто полувреме од пенал откако Перота играше со рака во шеснаесетникот. Муту прецизно го изведе пеналот што значеше дека на Јуве му е потребен уште еден гол за да оди понатаму. Во обидите да се постигне голот, во игра влегоа и Дел Пиеро и Емерсон, додека Замброта влезе во игра по повредата на Зебина. Најзрелите шанси за Јуве ги имаа Замброта и Виеира кој ја погоди пречката. Честитки за пласманот понатаму на Рома, за нас, останува да се концентрираме на задржување на предноста во Серија А како и на осмина-финалето од Лигата на шампионите против Вердер Бремен. Forza Juve!