Јувентус – Интер (02.10.2005, 20:30)

По 5 одиграни натпревари во Серија А и исто толку победи, екипата на Јувентус се соочува со првиот поголем предизвик во новата сезона, првото дерби во новото првенство против екипата на Интер.
Натпреварот се игра во недела во 20:30 часот на Деле Алпи во Торино.
Капело на теренот ќе ги извади најдобрите 11 играчи во моментов а тоа се: Ибрахимовиќ и Трезеге во нападот, Каморанези и Недвед на крилните позиции (иако како изненадување може да влета Муту на местото на Недвед), Виеира и Емерсон во средината, Замброта на левата бековска позиција, Канаваро и Турам централно, а единствената дилема е дали Зебина ќе се врати на десната бековска позиција (не е сеуште доволно подготвен за настап). Доколку Зебина не е спремен, една варијанта е неговото место да го завземат Песото или Бласи, а друга варијанта (поверојатно) е Турам да игра десно а во средината да игра Ковач. Абијати е сигурен на голот.
Изненадување може да биде исто така доколку Дел Пиеро се појави во стартниот состав на местото на Ибрахимовиќ. Иако швеѓанецот е далеку подобар фудбалер во моментов, искуството на Дел Пиеро може да биде од голема корист.
Околу составот на Интер не би сакал да “шпекулирам“ зошто не сум многу информиран.

Моја прогноза: Јувентус-Интер 1:1

Ваша?

Juventus FC 2005/2006

Голман: Се надевам дека Абијати ќе продолжи со солидните настапи додека Буфон да се опорави од повредата. Друга е приказната кога Џиџи е меѓу стативите нели? Оценка за голманската позиција: (од 1 до 10) чиста 10ка (кога ќе се врати Џиџи се разбира).

Одбрана: Левата бековска позиција е покриена со (според мене) во моментов најдобриот играч на Јуве – Џанлука Ѕамброта. Центарот од шеснаесетникот е резервиран за Канаваро и Турам, а одлична работа беше доведувањето на Ковач како резерва за овие двајца. Десната страна е резервирана за Зебина, додека во последно време и Бласи покажа дека може да се снајде на таа позиција. Добро е што Турам и Зебина можат да си ги ротираат местата (како на пример сега: Зебина беше повреден, па Турам играше десно а Ковач во средина) Оценка за одбраната: 8-ца (некако ми фали уште еден квалитетен дефанзивец)

Среден ред: Емерсон и Виеира (барем според мене) во моментов се најдобриот тандем во светот на своите позиции. Бласи и Џаникеда се замените за овие двајца (како за резерви се супер). Мислам дека овој дел од теренот е совршено покриен. Каморанези по десната крилна позиција а Недвед по левата сеуште функционираат одлично. Ме радува и фактот што Муту покажа дека може да игра лево на местото на Недвед (а би требало и да се навикне на таа позиција со оглед на тоа што тешко дека ќе добие шанса во нападот) додека и Дел Пиеро знае да игра зад напаѓачите кога е потребно. Сепак мислам дека ни е потребен уште еден добар крилен фудбалер. Оценка за средниот ред: 8,5 (најмногу поради Емерсон и Виеира, иако повторно ќе спомнам: крилните позиции некако ми се “тенки“)

Напад: Најмногу ми се допаѓаше системот на игра во нападот од стартот на минатата сезона: Дел Пиеро, Трезеге и Ибрахимовиќ да ротираат. Значи секој игра два натпревари во серија а еден паузира. Така сите ќе бидат свежи и подготвени во секој момент. Тука е и Залајета (кој во изминативе сезони се покажа како одличен резервист и “џокер“ играч во многу прилики) а на крајот и Муту. Оценка за нападот: 8.5

Тренер: Фабио Капело се покажа како извонредно решение за Јуве по заминувањето на Липи. Успеа од “анемичниот“ тим на Јуве да создаде цврста шампионска екипа и очекувам многу од овој човек. Оценка: 9.9 (оние 0.1 ќе му ги скратам поради тоа што не му дава доволно шанса на “Пинтуричио“ :)

Севкупна оценка за екипата: 9,1 (од 10)

Мои очекувања: Одбрана на титулата во Серија А, финале во Лигата на Шампионите па што биде нека биде.

Кои се вашите очекувања? Што мислите дека му фали на овој состав на Јуве?

Почеток

Значи малку закаснив, веќе почна новата фудбалска сезона и тоа одлично за Јуве. Седум натпревари досега и седум победи. Пет во Серија А со што сме на врвот уште на стартот на сезоната и две очекувани победи во Лигата на Шампионите со што пласманот понатаму скоро е обезбеден и најверојатно двата дуели со Баерн Минхен кои следуваат само ќе одлучат кој ќе биде на врвот на групата. Следува интересен викенд и првото големо дерби оваа сезона. Во недела во 20:30 на Деле Алпи (кој најверојатно за првпат оваа сезона ќе се наполни со повеќе од 50-60 илјади гледачи) ги пречекуваме Интер.

Форца Јуве!!!

Па мислам дека ќе биде интересно...