Трезеге - Асколи 3:1
Во стартниот состав конечно имаше место за капитенот Дел Пиеро кој не ја изневери довербата на Капело и беше дел од акциите при постигнување на 2 од 3-те гола и имаше една асистенција. Дел Пиеро имаше и неколку шанси за гол во текот на натпреварот но голманот на домаќините беше поуспешен. Со нерешениот резултат на Милан, сега уште повеќе ја зголемивме предноста пред Милан а останува на Интер вечерва да победи за да се врати на 8 бодови негатива.
Forza Juve!
Пораз, нервоза.
Во насловот на овој пост напишав “нервоза“ бидејќи се изнервирав што не можев да го гледам натпреварот во живо. Најпрво, се појави информација дека натпреварот може да биде одложен поради многу снег, но подоцна се израдував кога видов дека сепак ќе се одигра. Се наместив пред телевизор и пуштив Раи Уно, но само што започна натпреварот, од кабловска го прекинаа каналот (иако проверив на интернет и овој канал е бесплатен за целиот свет)!!!!
Во ред. Да преминам на натпеварот. Бидејќи не го гледав, од она што го прочитав, Јуве имале свои шанси во првото полувреме преку Залајета, Муту и Недвед но не успеале да ги искористаат. На спротивната страна, Рома беше многу ефикасна и резултатот беше 0-3. Очекував лош резултат со оглед на фудбалерите кои настапија за Јуве, но не до толку лош. Сепак, спасител на ситуацијата повторно беше Дел Пиеро. Првиот гол го даде по асистенција на Недвед во петерецот а во самиот финиш постигна убав гол од слободен удар.
Честитки до сите фанови на Рома за победата и посакувам реваншот во Рим да биде исто толку интересен натпревар но тогаш се надевам дека Јуве ќе бидат победници.
За крај, изјавата на Капело: “Не ги искористивме своите шанси за разлика од Рома. Сепак, имавме среќа што Дел Пиеро игра извонредно и откако тој влезе во игра го понесе тимот со својата игра и постигна два гола кои ни даваат надеж дека на Олимпико може да се радуваме на пласман во полу-финалето“.
Составот на Јувентус на вчерашниот натпревар, само двајца првотимци:
JUVENTUS: Abbiati, Pessotto (9’sh Emerson), Thuram, Zebina, Balzaretti, Olivera (9’sh Del Piero), Giannichedda, Blasi, Nedved, Zalayeta, Mutu. Coach: Capello. Substitutes: Buffon, Vieira, Camoranesi, Zambrotta, Cannavaro.
Колумна
Извадок од најновата колумна на Roberto Gotta, еминентен Италијански спортски новинар (Газета дело Спорт и дописник за ESPN од Италија) која ја посветува на Јувентус. Интересна е, ме мрзеше да ја преведам цела, за тие што сакаат да ја прочитаат цела (англиски), еве линк.
Во последните неколку минути од натпреварот помеѓу Јувентус и Киево две работи ми го привлекоа вниманието. На само 3 минути пред крајот Јувентус изведуваше аут на својата половина. Топката дојде до Емерсон и тој со огромна ангажираност, брзина и желба да се постигне гол веднаш тргна накај противничкиот гол барајќи некој од напаѓачите да им ја додаде топката. Изразот на лицето на Емерсон а и на останатите фудбалери на Јувентус беше како да играат во финалето на Светското првенство и како да мораат да постигнат гол за израмнување на резултатот во последната минута. Неколку секунди подоцна, се слушна свирчето на судијата и сите фудбалери на Киево заедно со тренерот и со навивачите започнаа со своето славење. Доколку некој кој не е запознаен со состојбите во фудбалот го видеше ова, сигурно дека ќе помислеше дека Киево ја освоил титулата во Серија А.
Овои работи само покажуваат колкава е разликата помеѓу Јувентус и останатите тимови во Серија А оваа сезона. Секој друг тим кој има сигурна предност пред најблиските ривали од 8 бодови и во раце има нерешен резултат во последните 3 минути против екипа која е една од изненадувањата во сезоната со своите добри резултати, сигурно дека мирно и задоволно ќе си ја додаваше топката на својата половина чекајќи го последниот свиреж на судијата. Но тоа не беше случај овој пат со Јувентус. Тие до последните секунди притискаа напред како скудетото да зависеше токму од тој натпревар. Тоа е менталитетот кој Фабио Капело им го всадува на своите фудбалери. Можеби има некои кои ќе речат “Да, Јуве победува но исто како и Челзи игра досаден фудбал..“ – но не сте во право. Не можете да кажете дека Јуве игра досаден фудбал бидејќи секогаш кога топката е кај Ибрахимовиќ, Недвед, па и Муту – следува атракција. Оваа сезона дури и Дел Пиеро почна повторно да заличува на големиот фудбалски мајстор каков што беше до пред 5-6 години. Милан можеби има повеќе фудбалери кои знаат да ја забавуваат публиката со топката а Интер дури оваа година почнаа да разбираат всушност колку силни фудбалери имаат на располагање, но сепак, кога станува збор за победување, сигурно сите би се обложиле со вашите пари на Јувентус. Она што се случуваше против Киево доволно зборува за нивниот карактер.
Јувентус не се совршен тим. Оваа сезона добија неколку натпревари без да не импресионираат и без вистински да заслужат победа, но сепак морате да признаете дека тоа е одлика на големите клубови.....
Канаваро - Емполи 2:1
Капело: Решавачки натпревари!
Forza Juve!
Јувентус-Емполи, Пинтуричио is back, кој е Балцарети?
Инаку за оние кои не знаат, сакам да го претставам Балцарети.
Тој е млад фудбалер и игра на левата бековска позиција како офанзивен бек. Дојде летово во Јуве и тоа од најлутите ривали, Торино, тим кој банкротираше и мораше да ги распродаде најдобрите фудбалери. Белцерети многумина го споредуваат со Замброта а богами и со Недвед (поради физичкиот изглед). Тој е фудбалер од школата на Торино и беше најдобар во изминатата сезона кај градскиот ривал на Јуве и што е уште поважно стана и капитен на тимот. Мислам дека ова момче ќе се развие во одличен играч за нас.
Надеж
Шевченко беше порезервиран. Милан со победата против Асколи се врати на 10 бода негатива од Јуве па Шева рече: “Добро е за нас што Јувентус не победи но сепак 10 бода се огромна разлика. Ќе мора да се трудиме полека да се доближуваме, но не зависи само од нас, туку и од Јувентус“.
Нерешено во Киево :(
Натпреварот беше брз и жесток и одличен за гледање. Првите две шанси ги имаше Златан Ибрахимовиќ кој дефинитивно беше малерот на вечерта промашувајќи барем 4 одлични шанси за гол. Казната стигна по еден контра-напад откако Лука Семиоли нафрли до Франческини кој со одличен удар го совлада Буфон. По половина час игра, Јувентус се врати со голот на Виеира (5-ти за него оваа сезона) откако со глава ја смести топката во мрежата по слободниот удар на Каморанези. До крајот на натпреварот и двата тима решително напаѓаа. Киево играше со еден напаѓач (Тирибоки а потоа Пелисиер) и најчесто се закануваше од контра-напади додека кај Јуве фалеше Трезеге кој буквално не успеа да мрдне во текот на сите 90 минути и немаше ниту една шанса. Капело се отвори внесувајќи го во игра Дел Пиеро на местото на Каморанези но освен 2-3 опасни нафрлени топки кои напаѓачите на ги искористија, Пинтуричио не направи ништо. На крајот, реален исход беше нерешениот.
По натпреварот Капело не заборави да ги пофали домаќините за одличната и решителна игра и им предвиде одличен пласман на крајот на сезоната. Што се однесува до Јуве, Капело беше задоволен од играта, освен од ефикасноста на напаѓачите кои мораа да постигнат барем еден гол.
Маркиони во Јувентус!
Јувентус конечно дојде до првите две засилувања на тимот во новата година. Во наредниве неколку дена најпрво договор ќе потпише младиот Серџо Коке, напаѓач од тимот на Олимпик Марсеј. Тој има 21 година и е Шпанец а во дресот на Марсеј постигна 5 гола изминатата сезона. Коке, веднаш по пристигнувањето во Торино ќе биде испратен како позајмен фудбалер во Сиена па зависи од неговите настапи летово, управата и Капело ќе одлучат дали да го вратат во Јуве или повторно да го позајмат во друга екипа на “калење“. Покрај Коке, она што е поважно е доаѓањето на Марко Маркиони од Парма. Според сите медиуми во Италија, Маркиони задутре сигурно ќе потпише договор со Јувентус со што без обештетување летово ќе дојде во Торино. Договорот на Маркиони истекува во јуни и тој од почетокот на новата година може слободно да потпише договор со друг тим. Скоро цела Серија А беше заинтересирана за услугите на 25 годишниот крилен фудбалер кој знае да игра и по левата и по десната страна, со што ќе биде одлична поткрепа за Недвед и Каморанези идната година. Маркиони, поранешен младински репрезентативец на Италија своевремено беше еден од најголемите надежи на Италијанскиот фудбал но сепак не ги исполни докрај очекувањата. Во моментов е еден од најдобрите фудбалери на Парма па останува да видиме како ќе се снајде во Јувентус.
Нова победа, Дел Пиеро легенда!
Јуве имаше многу шанси, па така што победата од 1-0 можеше да биде изразена и со многу повеќе голови разлика. 45-тата минута беше ерупција на воодушевување на Деле Алпи. Нормално, сите присутни очекуваа токму Дел Пиеро да постигне гол и тоа се случи на најубав можен начин. На додавање на Трезеге, Дел Пиеро најпрво ја смири на гради топката во левиот дел од шеснаесетникот за потоа неодбранливо да бие во поблискиот агол од голот на Реџина. Во текот на натпреварот уште многу шанси имаа и Трезеге, Ибрахимовиќ, Недвед, Каморанези како и младиот Белцерети кој на изглед е вистинска копија на Недвед. Белцерети остави одличен впечаток (досега главно настапуваше само во Купот на Италија, дојде летово во Јуве од Торино) играјќи по левата бековска позиција. И Реџина имаше пар шанси но Буфон беше на висина на задачата (да, да, како што беше најавено, Буфон конечно се врати!!!) а и со играта која гостите ја прикажаа, не заслужија да си заминат непоразени од Деле Алпи.
За крај, кој сака да го види голот на Дел Пиеро нека повели клик тука:
Del Piero vs. Reggina
П.С.
Од сега па натаму преку блогов ќе можете да ги даунлоудирате сите голови кои Јуве ќе ги постигне. Со тек на време ќе ви давам за симнување и некои други клипчиња.
Forza Juve!!!
Алесандро Дел Пиеро
Алесандро Дел Пиеро пристигнува во Торино на 19 години откако со своите игри импресионира во тимот на Падова. Дел Пиеро веднаш влетува во младинската екипа на Јуве и уште во првата сезона се наметнува како лидер на тимот кој успева да го освои младинското првенство на Италија како и многу ценетиот младински турнир во Вијареџо. Тогашниот тренер на Јуве, Џовани Трапатони го забележува неговиот талент и уште на 19 години му дава шанса да се докаже во првиот состав која Дел Пиеро ја искористува. Постигнува 5 гола на 14 настапи за Јуве. Првиот гол за Дел Пиеро е против Реџиана на 19-ти септември 1993 година во победата на Јуве од 4-0. Тој го постигна четвртиот гол кога натпреварот веќе беше решен, но овој гол е значаен бидејќи го означува почетокот на една нова ера во Јувентус.
Голот против Фиорентина и враќањето на скудетото во Торино
Веќе следната сезона, на чело на Јувентус доаѓа Марчело Липи, тогаш млад тренер со добри резултати во Наполи и Аталанта кој сеуште не се докажал водејќи некој од поголемите клубови во Италија. Напаѓачкиот стил на игра кој Липи го негува потполно му одговара на младиот Дел Пиеро кој се изборува за стандардно место во првиот состав на Јуве веќе на 20-годишна возраст. Во таа сезона, Дел Пиеро постигнува неколку решавачки голови за Јуве. Натпреварот против Фиорентина на гости во Фиренца беше тој кој го крена Дел Пиеро меѓу ѕвездите во Италија. Јуве губеше со 2-0 и само за 5 минути, Пинтуричио успеа два пати да му асистира на Вијали за Јуве да израмни на 2-2. Потоа, Дел Пиеро го постигнува еден од најубавите голови во својата кариера. Добива висока топка на околу 40 метри од голот на Толдо и без размислување со волеј удар бие кон противничкиот гол. Толдо е немоќен а Дел Пиеро му ја носи победата на Јувентус. Неколку недели потоа, Липи се соочува со многу повреди пред еден од решавачките натпревари за скудетото на гости против Лацио. Сепак, Дел Пиеро повторно ги зема работите во свои раце постигнувајќи 2 гола во победата на Јуве која ги носи на чело на табелата каде што и ќе останат до крајот на сезоната и по 9 години, Јувентус го освојува скудетото. Во истата сезона, Јуве го освојува и Купот на Италија а исто така е многу блиску до освојување на Лигата на шампионите.
Веќе следната сезона, Дел Пиеро го предводи Јуве до најпосакуваната цел – титулата во Лигата на Шампионите. Ова има уште поголема вредност ако се знае дека токму таа сезона, Марчело Липи имајќи доверба во младиот Дел Пиеро му дозволува на Роберто Баџо (во своите најдобри години) да замине од Јуве а токму Дел Пиеро да го добие дресот со број 10. Ова е голема одговорност за Алекс кој е на ниво на задачата и ги постигнува најважните голови на патот на Јуве до финалето. Тој е најдобриот фудбалер во Европа и станува препознатлив по спектакуларните голови од слободни удари надвор од шеснаесетникот. Засекогаш ќе останат запаметени неговите голови за пресврт против Борусија Дортмунд и Реал Мадрид. На крајот на сезоната, Јувентус доаѓа и до триумф во Интерконтиненталниот Куп со што и официјално ја заокружува една од најуспешните сезони во историјата на клубот. По само три сезони поминати во Јуве, Дел Пиеро веќе ги има освоено Серија А, Италијанскиот Куп, Италијанскиот Супер Куп, Лигата на шампионите, Интерконтиненталниот Куп и Суперкупот на Европа!!!
Две сезони на радост и разочарување
Во следните две сезони, Јуве успева доминантно да триумфира во Серија А. Дел Пиеро е лидер и капитен на тимот. Сепак, колку што радоста е голема од освојувањето на две нови скудета, толку е и тагата поради двете загубени финалиња во Лигата на шампионите. Јувентус најпрво загуби во финалето против Борусија Дортмнунд а подоцна и против Реал Мадрид. Сепак, 3 последователни финалиња во Лигата на шампионите се нешто со што ретко кој тим може да се пофали.
Најтешкиот момент во кариерата
По четири поминати сезони од партнерството меѓу Липи и Дел Пиеро, овој тандем на чело на Јуве освојува скоро се што може да се освои. Така започнува и петтата сезона. Сепак, во 8-то коло на натпреварот против Удинезе, Дел Пиеро заработува тешка повреда на левата нога која го оддалечува од фудбалот скоро 8 месеци. Тимот без Дел Пиеро веќе не е оној истиот. Шансите за титулата се загубени веќе на полу-сезоната а следува и елиминација од Лигата на шампионите. Марчело Липи поднесува оставка а на негово место доаѓа Карло Анчелоти. Јувентус завршува на место на табелата кое им гарантира само пласман во Интертото Купот и токму на средбите во Интертото, Дел Пиеро успева колку-толку да се врати во форма во текот на летото. Иако во текот на целата сезона постигнува погодоци, сепак Дел Пиеро неможе сам да ги освои трофеите. Овие две сезони се полни со разочарувања и титулите од Серија А заминуваат во Рим (кај Лацио и Рома).
Сезоната 2001/2002 Јувентус е со комплетно реновиран тим. Заминувањето на Зидан значеше доаѓање на многу нови фудбалери (Недвед, Турам, Буфон, Трезеге...) и со Марчело Липи на клупата а Дел Пиеро како капитен и лидер на нападот, Јуве успева да го врати скудетото во Торино. Дел Пиеро постигнува 16 гола и го освојува своето 4-то скудето. Следната сезона, Дел Пиеро повторно постигнува 16 голови во Серија А и го предводи Јуве до 27-та титула во Италија, за него јубилејна 5-та. Дел Пиеро веќе е во историјата на Јувентус со преку 100 голови во дресот на “бјанконерите“. Сепак, истата сезона следува разочарувањето во Лигата на шампионите каде Јувентус загуби во финалето од лутиот ривал Милан на пенали. Ерата на Липи во Јуве заврши откако следната сезона Јуве не успеа да освои ниту еден трофеј и му го препушти скудетото на Милан.
Со доаѓањето на Фабио Капело на чело на Јуве, “бјанконерите“ повторно го враќаат скудетото во Торино. Дел Пиеро е клучниот фудбалер на решавачкиот натпревар таа сезона откако со “ножички“ му асистира на Трезеге кој го постигнува единствениот гол во триумфот во Милано кој значи титула за Јуве. 28-мо скудето за Јуве, 6-то за Дел Пиеро. Веќе оваа сезона, Пинтуричио (име на познат магионичар кое Дел Пиеро го добива поради неговите “магични“ потези со топката) станува најдобриот стрелец на Јуве и тоа во голем стил. Откако најпрво го изедначи рекордот од 182 голови на вечната листа на стрелци, Дел Пиеро на натпреварот против Фиорентина постигнува хет-трик и со вкупно 185 голови станува најдобриот стрелец во историјата на најтрофејниот клуб во Италија.
Дел Пиеро најдобар во историјата!
Вечерва: Јувентус - Фиорентина
Натпреварот се игра во 21:00 часот вечерва. Forza Juve!
Капело: Муту е феноменален!
Сицилија на колена!
Јувентус победнички започна во новата сезона и тоа на жешкиот терен во Сицилија против Палермо. Домаќините беа опасен противник во текот на целиот натпревар и тие први дојдоа во водство уште рано во првото полувреме. Сепак, на сцена стапи Адриан Муту со своите 2 гола за 10-тина минути за пресврт и водство што Јуве го задржа до крајот на натпреварот. Палермо имаше многу шанси но сепак, за наша среќа не успеа да ги искористи. Кај Јуве се чувствуваше (и тоа како) отсуството на двајцата можеби најкреативни играчи Недвед и Замброта и додека Муту достојно го замени Недвед, се чини дека Песото одигра далеку под нивото на Замброта. Емерсон и Виеира беа стандардни, додека Канаваро, Турам, Киелини и Абијати не направија никакви грешки во одбраната. Посебно Абијати имаше своја вечер и одбрани неколку многу опасни удари. Каморанези како и секогаш претрча најмногу и направи многу акции додека напаѓачкиот тандем Златан - Трезеге беше исто така на ниво на задачата. И двајцата имаа свои шанси кои за жал не ги искористија, иако Златан на моменти повторно претеруваше со дриблинзите. Мислам дека на Златан треба да му биде јасно дека мора да ја искористи својата техничка подготвеност за доброто на тимот, бидејќи тоа е поважно отколку тој да приредува атракции... Дел Пиеро влезе во игра на самиот крај на натпреварот и веднаш создаде две шанси - едната беше одлично додавање во срцето на шеснаесетникот до Трезеге (овој шутираше над голот) а вториот пат во самиот финиш успеа да повлече еден контра напад но сакајќи пред се да изнуди пенал ја пропушти шансата да шутира во голот од многу поволна позиција. Како и да е, Јуве ги освои трите бода додека Фиорентина одигра само нерешено на гости против Реџина. Сега притисокот е на Интер и Милан да победат на своите утрешни натпревари за да останат во чекор со шампионот. Се надевам дека и Горан Пандев ќе настапи утре против Асколи и тоа ќе биде убава можност за него да се запише во листата на стрелците.
Нов почеток!
Среќна нова година на сите, малку се заборавив за празнициве но битно се враќам на време пред почетокот на вториот дел од сезоната. Јуве вечерва го очекува тешко гостување на Сицилија против Палермо. Сите фудбалери се едногласни дека мора со победа да се започне новата година. Кај Јуве, од стандардната постава ќе недостигаат Буфон, Недвед и Замброта (како и Зебина веќе подолго време). Се очекува местото на Недвед да го завземе Муту, додека на левата и десната бековска позиција ќе истрчаат Киелини и Бласи (Песото). Повреден е и Ковач а Буфон за прв пат ќе биде на клупата за резерви - што се однесува до него, за два до три натпревари би требало да се врати во првите 11. Ајде Јуве!!!!